Германската политика се враќа на сцената

Откако Ангела Меркел помина 16 години на канцеларската позиција на Германија, на Германците им е многу тешко да замислат влада што ќе ја предводи некој друг. Но двата пораза на сојузните избори на Демохристијанската унија на Меркел ги зголемуваат шансите за нова ера во германската политика, кога конечно ќе треба да се носат одлуки од висок ризик

Завршува 16-годишното владеење на Ангела Меркел како германска канцеларка. Какви и да се чувствата за неа, таа остави својот печат на една цела ера. Но политичките епохи ретко завршуваат тивко, а долгото збогум на „Мути“ не е исклучок.
Германската изборна политика конечно почна да се вжештува. Двата сојузни избори во супер изборната година укажаа на можноста парламентарните избори на 26 септември да дадат нова владина коалиција без Демохристијанската унија на Меркел и нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија.
Во Баден-Виртемберг и во Рајнска област-Пфалц, големите загуби за ЦДУ на сојузните избори на почетокот од оваа година се совпаднаа со еднакво силните добивки за Зелените и стабилниот гласачки удел за Слободните демократи (ФДП). Оттука, сега се зборува за можна „семафорска коалиција“ помеѓу Социјалдемократите (црвено), ФДП (жолта) и Зелените. Одеднаш, промената на власта во Берлин изгледа како реална можност. Покрај тоа, станаа сè погласни критиките кон владата на Меркел за справувањето со пандемијата, вклучувајќи ја и сериозната корупција во набавката на маски. Засега останува неисполнет вакуумот на моќ на врвот на ЦДУ/ЦСУ.
ЦДУ/ЦСУ ги очекува тешка битка, особено по претходните големи порази на сојузните избори каде што ЦДУ со децении претседаваше со квазитрадиционалните феуди. Тие загуби и постојаниот пораст на рејтингот на Зелените, навестуваат потенцијална катастрофа за ЦДУ/ЦСУ. Со секој изминат ден, Германците тешко сфаќаат дека мандатот на Меркел навистина завршува. Нејзиното заминување ќе биде уште поболно со оглед на моќниот вакуум во конзервативниот табор.

Ерата на Меркел во голема мера се совпадна со најславниот период на глобализацијата, односно со отворањето на огромниот кинески пазар за извоз. Внатрешно, сепак, се карактеризираше со отпор кон реформите и ќе се памети повеќе како ера на разговори отколку на политичка динамика. Беа формирани голем број работни групи, полни со вообичаени прочуени експерти за да разговараат за теми како дигитализацијата. Но ништо навистина не произлезе од сето тоа.
Во однос на климатските и енергетските политики, иако Германија ја напушти нуклеарната енергија по катастрофата во Фукушима, Јапонија, во 2011 година, Меркел ја поништи одлуката за постепено откажување од нуклеарната енергија пред да се случи овој немил настан. Покрај тоа што одлуката беше храбра, таа мораше да направи „двоен пресврт“ за да ѝ помогне на својата партија на државните избори во Баден-Виртемберг, но, потегот не успеа. Од 2011 година, со Баден-Виртемберг, кој е главниот германски индустриски регион, управува сојузниот премиер Винфрид Кречман од Зелените.
Уште похрабра беше одлуката на Меркел од 2015 година да ги отвори вратите на Германија за бегалците што бегаат од насилствата во Сирија и другите делови на Блискиот Исток. Но овие достигнувања беа исклучоци што го докажаа правилото. Ерата на Меркел првенствено се карактеризираше со тишина, карактеристика што германските гласачи, откако ја реизбраа трипати, очигледно ја ценеа. Со тоа што економското сонце навидум секогаш ја грееше, зошто да се преземаат ризици за реформите или за стратегиска смелост?

По толку долг период на самозадоволство, не е изненадување што земјата сега се соочува со масовни структурни предизвици. Заедно со Европската комисија и другите земји-членки на Европската Унија (ЕУ), германската влада ќе треба да работи напорно за да ја надмине загубата на доверба по првичната слаба кампања за вакцинација против ковид-19 во Европа. Последиците од пандемијата ќе мора да бидат високо на агендата, без оглед на тоа кој ќе ја формира следната влада.
Иако пандемијата ја забрза дигитализацијата, овој момент сега мора да се искористи за да ѝ се помогне на Европа да го фати чекорот со САД и со Кина. Успехот во оваа сфера и на дигиталната иновација пошироко би бил одлучувачки придонес за суверенитетот на Европа, што ќе им помогне на германската и на европската економија да останат конкурентни во 21 век. Ова ќе бара огромни инвестиции во истражување и развој, како и модернизација на образовните системи. За среќа, планот за обновува на ЕУ од 750 милијарди евра наречен „Следна генерација ЕУ“, нуди историска можност за унапредување на сите овие цели.
Најголемиот предизвик, сепак, лежи во „зазеленување“ на економијата, а истовремено и заштита на работниците и зачувување на социјалната кохезија. Тука, задачата е преголема за да се управува на национално ниво. Тоа ќе треба да се направи колективно, на европско ниво, преку Европската Унија, која сама по себе стана глобална сила.

За среќа, Доналд Трамп ја напушти Белата куќа, а Европејците признаваат дека една трансатлантска алијанса, која добро функционира, ќе биде клучна за заштита на нивните интереси во овој век. Но за да се зајакне тој однос, Европа ќе треба да подели поголем дел од безбедносниот и политичкиот товар и да ја одигра својот улога во справувањето со предизвиците што се создадоа со подемот на Кина.
Ниту една задача нема да биде лесна за Германија. Но сојузните избори на почетокот од годинава во Баден-Виртемберг и во Рајнска област-Пфалц јасно го покажуваат фактот дека заврши ерата на отмени разговори и никакви акции на Меркел. Реалноста силно тропа на вратата на Германија, а во септември на парламентарните избори конечно ќе ја отворат нови чувари.

Авторот е поранешен германски министер за надворешни работи и вицеканцелар од 1998 до 2005 година.