Бескорисни обвинувања и самооправдувања

Глобалистите решиле да ги признаваат грешките, ама само купуваат време. Тоа е замка за замајување голтачи на вести. Почувствувале дека има голем револт од нивните воени кампањи. Демек, сега малку ќе признаеме, ќе преземеме грам вина, дури заборават, па потоа ќе си продолжиме по старо. Тамам непосредно пред хаосот што ѝ го подготвуваат на Венецуела. Така додека не завладеат со целиот свет. За среќа, нештата не се одвиваат баш како што сакаат тие

Хавиер е нервозен. Солана смислува глупави оправдувања. Заедно звучат истрошено и непотребно. Сирија е огромен срам за глобалистите предводени од американската „длабока држава“. Сирија е новиот Виетнам, тоа ќе го заклучи историјата. Што мајка баравте таму, а Хавиер? Тоа е логичното прашање. Ама па живееме во апсурден свет, така што тешко да најдеме одговор, освен нормално, купишта оправдувања и обвинувања. Што баравте и во Либија? А во Ирак? Или во Авганистан? Рушевте диктатура, менувавте режим и воведувате демократија, тоа е одговорот, нели? Идиотски одговор што не може да се поткрепи со ниту еден факт. Приказни за чипувани голтачи на вести, кои, ако им кажете дека сабајлево умреле, веројатно ќе појдат да си купат гробно место. Така го обработија светот, ги направија луѓето духовни зомбија, па лесно ѝ веруваат на нечовечната пропаганда. Но, не сите, така ли е Хавиере? Има луѓе како мене, кај кои не проаѓаат твоиве бесмислени оправдувања.

Го уништивте Ирак, правдајќи се дека Садам Хусеин има хемиско оружје, а вие сакате на Ирачаните да им донесете демократија. Каква мизерна лага. Ниту хемиско оружје најдовте, ниту демократија донесовте, а милион цивили убивте. Отидовте по нафта, тоа е вистината. И со Авганистан е истата приказна. Лажевте дека се тепате со „талибаните“, дека носите демократија. А, всушност, отидовте по авганистанскиот опиум. И убивте стотици илјади цивили. Демократија, секако, не однесовте, зашто и денес авганистанските власти, најталибански каменуваат жени до смрт. А Либија? Зарем не уништивте уште една силна и богата држава? И повторно заради нафта. И како изгледа сега Либија? Пеколот на Хиеронимус Бош изгледа како детска сликовница во споредба со некогашната силна африканска земја. Сè уништивте. А потоа ѝ се навртевте на Сирија. Средена, богата и силна држава, исто како Либија.

Зошто ви требаше и Сирија? Нафта? Опиум? Геостратегиска поставеност? Или едноставно мора да војувате, мора да окупирате, зашто без војна економијата на САД ќе се сруши, а НАТО ќе ја загуби смислата на своето постоење. Сеедно. Тргнавте да ја уништувате Сирија. Повторно ги наоружавте сите оние ваши платеници, ГМО-терористи, кои ги создадовте за времето на Арапската пролет. Паралелно, вашите медиуми, рафално кинеа очи, очи и умови со лаги и манипулации. Човештвото толку многу е оглупавено што сега има меморија на златна рипка, добро ви е познато тоа, зашто на тоа со децении работите. И го започнавте хаосот во Сирија. Колкупати само сме го виделе тоа? Но нешто не одеше по планот, нели? Сирискиот народ не падна толку лесно на манипулациите. Башар ал Асад се покажа како тврд орев. Па, моравте да ги измислите ИСИС. Вие ИСИС, ама и Асад не седеше со скрстени раце. Побара помош од Путин. И додека американската, британската и француската војска глумеа војна со ИСИС, Русите ги разбија ГМО-терористите. И пукна тиквата. Сега остануваат само обвинувања за „лошите Асад и Путин“ и милион самооправдувања.

Ајде да ги искоментираме тие оправдувања! Издвоив неколку поенти од колумната на Хавиер Солана и сега ќе ги протрчаме на сто метри со пречки. „Сирија е уништена, а Асад уште е на власт“, вели некогашниот генерален секретар на НАТО. Како што Ирак, Авганистан, Либија, Јемен, па и Украина се уништени, а демократијата не е на власт. Заедничко, по нападите на „длабоката држава“ и НАТО, им е дека сè е уништено. Така функционираат лажните демократи и реалните глобалистички окупатори. Среќа во несреќа за Сирија е што е уништена, ама и ослободена, па сега ќе може сама да се крене по ужасот на војната.

Понатаму, Солана ни вели дека Сирија имала 21 милион жители, а по војната, осум година подоцна, „речиси половина милион од нив загинаа во насилствата, над 5,5 милиони беа регистрирани како бегалци и над шест милиони се внатрешно раселени“, па заклучува дека ова бил неуспех на „меѓународната заедница, која во Сирија и во многу други држави беше недостојна за нејзиното име“. Човек да си помисли, ете Солана конечно најде сила да признае дека меѓународната заедница (читај, „длабокор држава“, ЕУ и НАТО) не се ништо друго, туку една недостојна заедница што шири нестабилност, кризи, терор и хаос низ светот, а потоа крева раце од сето тоа. Но Солана не мисли така. Под „недостојна за нејзиното име“, тој е убеден дека сегашнава меѓународна заедница треба да личи на онаа стара, кога тој беше на чело на НАТО, кога го окупираа успешно Ирак, кога убија едно чудо цивилно население фрлајќи проектили со осиромашен ураниум врз СР Југославија и целосно го дестабилизираа Балканот за сега да владеат со него преку корумпирани локални шерифи на власт.

„До одреден степен ова се должеше (неуспехот во Сирија) на воената интервенција на НАТО во Либија, која Советот за безбедност ја одобри, но без согласност на Русија и на Кина“. Ете каков свет посакува Хавиер Солана. Тој пеколот во Либија го смета за успех. Затоа што Советот за безбедност дејствувал без одобрение на две негови членки. Така беше и со интервенцијата врз Југославија. Глобалистите што сонуваат една влада, војска и банка под нивна контрола, која владее со светот, човештвото и душите на луѓето, по него е успешна само ако дејствува без да слуша други.

„Интервенцијата во Либија го надмина хуманитарниот карактер“, пишува Солана. Ете, ќе рече човек, тој има доблест да признае. Можеби, но јас одамна ништо не им верувам. За мене, по толку искуство со нивните лаги и манипулации, ова признавање е еден вид обид за добивање време. Замка за замајување голтачи на вести. Почувствувале дека има голем револт од нивните воени кампањи, па дури и меѓу оние чипуваните, зомбифицираните. Сега малку ќе признаеме, ќе преземеме грам вина, дури заборават, па потоа ќе си продолжиме по старо. Тамам си е колумнава, непосредно пред хаосот што ѝ го подготвуваат на Венецуела. И така додека не завладеат сосема со светот.

Фала му на бога, нештата не се одвиваат баш како што сакаат глобалистите. Полека го губат тлото во САД и низ Европа. Можеби е тоа привремено, а можеби ќе им дојде крајот и светот ќе здивне. Не знам, оваа 2019 година многу ќе покаже.