Може ли либералната демократија да го преживее ковид-19?

573

Со одредена мешавина на сурова иронија и извонредна совест, темата на минатогодишното Биенале во Венеција, поточно 58-та инкарнација на уметничкото биенале, беше „Да живееш во интересни времиња“. Изреката, која наводно е превод од старо кинеско проклетство, требаше да ја истакне несигурноста на животот во оваа опасна и неизвесна ера. Со пандемијата на ковид-19 што го опустошува светот и веродостојното глобално лидерство, кое не може во овој момент да се види, таа реалност стана невозможно да се игнорира.
Венеција отсекогаш била споменик на човечката генијалност. Сместена на неверојатно чудна локација, се покажа како важен центар на трговијата, поддржана од институциите, кои, пак, дадоа поддршка на првата ера на глобализацијата. Така, таа стана предвесник на либералниот интернационализам и остана симбол на разумот, хуманите вредности и загадувачкото уметничко достигнување.

Денес, Венеција, како и поголемиот дел од Европа, остана празна. Покрај тоа, вредностите и можностите што таа ги претставуваше сега ги нема никаде на континентот или пошироко. Наместо тоа, светот очигледно е во милост и немилост на САД и на Кина, кои се чини дека се повеќе загрижени за одржување на нивната голема моќ, отколку за решавање на кризата со ковид-19.
Овој натпревар за глобална надмоќ, кој со години ескалира, е исто така судир на различни модели. Кинескиот систем ја претпочита социјалната хармонија што се наоѓа во срцето на конфучијанството. Американскиот, односно западниот систем го нагласува приматот на индивидуата, во традицијата на интелектуалното просветлување.

Одговорот за кризата со ковид-19 само ја олесни оваа разлика. Во Кина, локалните власти првично ја потиснаа информацијата за вирусот, за да го заштитат угледот на Комунистичката партија. За разлика од нив, во САД, кризата се карактеризира со напнатост меѓу индивидуалните права на „живот, слобода и потрага по среќа“, кои се поддржани во Декларацијата за независност, како впрочем што и се наведени. Пандемијата се заканува по животот, но одговорот потребен за заштита на животот би ја поткопал слободата. Потрагата по среќа ќе се поклопи во која било варијанта. Ниту една криза до неодамна не претставуваше таков сеопфатен предизвик за столбовите на западниот либерализам.

Се разбира, и порано имало закани по животот. Ризикот од нуклеарен конфликт за време на Студената војна подразбираше можност за жртви далеку повеќе дури и од најлошите предвидувања за пандемијата на ковид-19. Но ризикот во најголема мера беше само теоретски. И логиката на заемно уништување дека доколку едната страна изврши нуклеарен напад дека и двете страни ќе исчезнат се покажа како нереална. Споредено со случајот на ковид-19, ризикот е опиплив и специфичен.
Но западните демократии, исто така, ја намалија слободата за време на претходните кризи. По терористичките напади од 11 септември 2001 година, Патриотскот акт во САД драстично ги прошири овластувањата за надзор на истражните органи, кои го спроведуваа законот. Неодамнешните терористички напади во Европа доведоа до слични мерки на властите.

Но повторно, заканата што може да се создаде од кризата со ковид -19 е далеку поголема и поочигледна. Прислушувањето е едно, а ограничувањето во слободата на движење е сосема нешто друго. Досега, изолацијата, карантините и граничните контроли беа широко прифатени мерки како неопходни за справување со кризата, но колку подолго ќе бидат во сила, толку повеќе ќе ги еродираат темелите на слободните либерални општества.
Токму овој одговор предизвикува запирање на економиите во светот. Во САД, 6,6 милиони луѓе пред две недели побараа надомест за невработеност, откако долгогодишниот рекорд од 695.000 невработени луѓе поставен уште во 1982 година, беше надминат со 3,3 милиони барања само една недела претходно. Како што покажаа последиците од финансиската криза во 2008 година низ Европа, масовната невработеност и мерките за штедење може да бидат многу деструктивни, бидејќи тие ја поттикнуваат недовербата на постојните институции.

Заедно со заканите по животот и ограничувањата на слободата, претстојната економска криза ќе ги продлабочи сомнежите за западниот либерализам и ќе ја ослабне нејзината позиција во глобалниот натпревар на идеи, кој е во тек. Затоа императив на западните лидери не треба да биде само да го ограничат ширењето на ковид-19, туку и да ја поттикнат социјалната кохезија, да најдат план за нов кредибилен пораст, но и да ги реафирмираат вредностите и институциите, кои ги поддржуваат либералните демократски општества.
За да успеат, ќе треба да го оживеат етосот дека државјанството подразбира и должности и права. Сцените на хероизам, кои го гледаме од медицинските професионалци и членови на општествата против пандемијата, треба да ни помогнат во унапредувањето на оваа цел.

Дури и ако западните лидери успеат да го ограничат ширењето на ковид-19, тоа ќе значи малку без напори да се зајакнат либерално-демократските системи однатре. Ваквиот неуспех би го оставил Западот ранлив на Кина, која во моментот, исправно или не, го претставува својот модел како најдобро решение за предизвиците во овие интересни времиња.

Авторката е поранешна министерка за надворешни работи на Шпанија