Либерален тоталитаризам

577

Слободата и неотуѓивата индивидуалност порано беа аксиоми на либерализмот. Но либералниот индивидуализам се чини беше поразен од тоталитаризмот што произлезе од успешните обиди да се оправда начинот на кој брендирањето и комодификацијата го узурпираа нашиот личен простор

Јанис Варуфакис

Порано аксиомата на либерализмот беше дека слободата значи неотуѓива индивидуална независност. Вие раководите со својата сопственост. Можете да се закупите кај работодавец на одреден ограничен период и заеднички ќе се договорите за цената, но вашите имотни права не можат да се откупат или продадат. Во текот на изминатите два века, ваквата либерална индивидуалистичка перспектива го наметна капитализмот како „природен“ систем населен со слободни агенти.

Капацитетот да оддели дел од нечиј живот и во тие рамки да се биде независен и мотивиран, беше од клучно значење за либералниот концепт за слободниот агент и нејзината или неговата врска со јавната сфера. За да ужива во слободата, на поединецот му е потребно место во кое ќе се развива како вистинска личност пред да се поврзе и да комуницира со другите. Откако ќе се образова, нашата личност ќе се надгради со трговијата и индустријата, поточно мрежите на соработка во нашите лични живеалишта изградени и ревидирани за да ги задоволат нашите материјални и духовни потреби.

Но не може да се зачува линијата што ги дели нашата личност и надворешниот свет врз која либералниот индивидуализам ги изгради своите концепти за автономија, индивидуалната независност и слобода. Првото пречекорување се случи кога индустриските производи излегоа од мода и беа заменети со брендовите што ги крадеа вниманието, восхитот и желбата на јавноста. Неодамна, брендирањето радикално тргна во друга насока со што им се даде „идентитет“ на предметите.

Кога брендовите ќе добијат идентитети (со што нагло расте потрошувачката лојалност и во согласност со тоа се зголемува профитот), поединците се принудени да се гледаат себеси како брендови. Денес со тоа што колегите, работодавците, клиентите, клеветниците и „пријателите“ постојано го следат нашиот живот онлајн, ние сме под постојан притисок да се вклучиме во голем број активности, слики и наклонетости, што придонесуваат за создавање атрактивен бренд што може да се продаде. Личниот простор што е неопходен за автономен развој на автентичната личност, услов што го овозможува неотуѓивата индивидуална независност, речиси и да не постои. Природното живеалиште на либерализмот полека почна да исчезнува.

Јасната демаркација на приватната и јавната сфера во природното живеалиште исто така го оддели слободното време од работата. Не треба да го критикувате капитализмот за да увидите дека повеќе не постои правото на слободно време кога некој не ги нуди своите услуги.

Земете ја предвид денешната младина во светот. Во најголема мера, тие што немаат штедни книшки или голема заштеда дадена на подарок спаѓаат во една од две категории. Повеќето потпишуваат договори за работа во кои не е наведена саатницата, а платата е толку ниска што мораат да работат и прекувремено за да можат да опстанат, така што тие воопшто немаат време за личен живот, простор и слобода.

На другите им е кажано дека секој ден мора да инвестираат во сопствениот бренд за да не паднат во овој несигурен пролетаријат. Исто како да се во некој паноптикум, тие не можат да се скријат од вниманието на оние кои ги следат (или знаат други кои тоа го прават). Пред да објават нешто на Твитер, да гледаат филм, да споделат фотографии или да испраќаат пораки, тие мораат да бидат свесни како ги користат мрежите.

Ако имаат среќа да бидат повикани на интервју за работа и истата таа да ја добијат, оној што го прави интервјуто веднаш алудира на нивниот капацитет и обично вели дека „фирмата сака да бидат свои и да ја следат својата страст дури и во случај да треба да ги отпуштат“. Па, така, тие двојно повеќе се вложуваат за да ги откријат своите „страсти“, кои идните работодавци можеби ќе ги ценат и да го пронајдат тоа митско „свое јас“ што луѓето на моќни позиции им кажуваат дека се крие некаде во нив.

Нивната потрага не подразбира граници и не почитува никакви ограничувања. Џон Мејнард Кејнс добро го искористи примерот со изборот за убавина за да објасни дека никогаш не може да се знае „вистинската“ вредност на акциите. Берзанските шпекуланти не ги интересира да оценат кој е најубавиот кандидат. Наместо тоа, нивниот избор се базира на предвидувањето кој е најубав според просечното мислење и кое е просечното мислење, па така на крајот сè се врти во круг.

Изборот за убавина на Кејнс се фокусира на трагедијата на многу млади денес. Тие се обидуваат да сфатат кое е просечното мислење меѓу оние што го диктираат, што најмногу одговара на нивниот потенцијал за да го остварат „своето јас“ и истовремено се борат да го произведат еднакво на и надвор од социјалните мрежи, дома и на работа, секогаш и секаде. Затоа сега постојат цели индустрии за советување и духовни тренери, како и разни еко-системи на супстанции и самопомош.
Иронијата е што либералниот индивидуализам изгледа беше поразен од тоталитаризмот што ниту е фашистички, ниту комунистички, но го надмина својот успех во оправдувањето дека треба да се присвои брендирањето и да се трансформираат стоките во нашиот личен простор. За да се извојува победа над ова и да се спаси либералната идеја за слободата како индивидуална независност, можеби е потребно да направи сеопфатно реконфигурирање на имотните права врз зголемената дигитализација на инструментите за производство, дистрибуција, соработка и комуникација.

Нели би било парадоксално ако 200 години по раѓањето на Карл Маркс, за да го спасиме либерализмот, треба да донесеме одлука за да се навратиме на идејата дека слободата наложува да се стави крај на неограничената трансформација на стоките и социјализација на имотните права пред капиталните стоки.