Економијата нема да остане имуна на промените во светот

191

Глобалната економија и капитализмот се наоѓаат на крстопат поради пандемијата на ковид-19, климатските промени, подемот на дигиталната технологија и променливата природа на пазарот на трудот. За да го разбереме овој нов свет, потребно е да се направат важни чекори во економското размислување и поблизок преглед на некои од главните претпоставки во оваа дисциплина

Светскиот конгрес на Меѓународната економска асоцијација што се одржува на секои три години долго време важи за еден од најважните глобални собири на економистите, поради неговиот успех во здружувањето на истражувачите и политичарите од најсиромашните до најбогатите краеви на светот. Една тема што се повторува на годинешниот конгрес беше дека глобалната економија и капитализмот се наоѓаат на крстопат. Додека кризата со ковид-19 беше непосреден поттик за ова гледиште, сепак, значајно место имаат и други големи промени, од климатските промени и подемот на дигиталната технологија до променливата природа на пазарот на трудот. Пандемијата само ги забрза овие промени или тогаш испливаа на површина.
Пандемијата на ковид-19 наметна еден вид на „учење преку работа“, идеја што нобеловецот економист Кенет Џ. Ероу одамна ја претстави и смета дека обемното знаење „е производ на искуството“. Ние научивме да држиме предавања и да одржуваме конференции и да донесуваме сложени одлуки на виртуелните состаноци. Луѓето одеднаш сфатија дека поминуваа повеќе време отколку што беше потребно во канцеларија и дека можат поголем дел од своите работни обврски да ги сработат од дома. Научивме да пазаруваме од дома, исто така, преку дигиталните платформи.
Како резултат на тоа, побарувачката за канцелариски и малопродажен простор ќе се намали дури и по крајот на пандемијата. Бидејќи повеќе луѓе ќе имаат слобода да работат на далечина, цените на недвижностите постепено ќе растат онаму каде што претходно беа ниски и ќе паднат таму каде што беа високи, што ќе доведе до поголемо израмнување. Од друга страна, разликите во платите ќе се зголемат, бидејќи пазарот на трудот ќе има тенденција да биде еден заеднички ресурс со зголемена конкуренција за таленти. Што е најважно, ќе се забрза глобализацијата, по некои првични пречки, со тоа што ќе настапи брз раст на аутсорсингот во странство. Ова најверојатно ќе има значаен ефект врз пазарите на трудот, националната политика и природата на конфликтите.

За да го разбереме овој нов свет, потребно е да се направат важни чекори во економското размислување. Економијата нормално ќе продолжи да ги тестира експлицитните претпоставки и аксиоми врз кои се гради теоријата, но сите научни дисциплини исто така имаат скриени претпоставки, кои се толку длабоко вкоренети што ние не ги изразуваме директно и често забораваме дека постојат. И други претпоставки беа земени здраво за готово, кои се дел од структурата на економијата, вклучувајќи ја и симетријата на знаењето меѓу купувачите и продавачите. Едно од најголемите откритија во современата економија беше увидот дека знаењето честопати е асиметрично и дека оваа асиметрија може да го сруши концептот на невидливите сили што ја движат слободната пазарна економија, познат како „невидливата рака“. На овој напредок му должиме многу наши регулативи во врска со контролата на квалитетот и стандардите за производи, кои дефинитивно покажаа дека невидливата рака на пазарот не може да обезбеди стандарди кога информациите се асиметрични.
Останува да видиме каква форма ќе имаат новите интелектуални откритија во економијата и какви прописи ќе ни требаат за да ги примениме. Она што е јасно е дека притисокот што човештвото го наметна на животната средина всушност значи раст, како што во моментов знаеме дека не може да се одржи. Но тоа не значи дека треба да научиме да живееме со помал раст и верувам дека идниот ќе биде побрз отколку што видовме досега. Грешката на таборот што поддржува помал раст произлегува од општото погрешно разбирање на БДП или националниот доход. Повисок БДП често се смета дека укажува на поголема неекономична потрошувачка како онаа што сега е актуелна. Но тоа не треба и не смее да се случи.
Потрошувачката на повеќе уметност, музика и образование, како и подобро здравје и поголема долговечност, се компоненти на БДП и се или може да бидат еколошки. Реформирањето на нашиот регулаторен систем може да поттикне брз раст на БДП, но со драматична промена на содржината на БДП и со непропорционален човечки труд насочен кон креативни активности. Природата на реформите за новиот свет е широка тема, но политичарите ќе треба да се фокусираат на програми што ја негуваат креативноста, бидејќи рутинската работа сè повеќе ќе се автоматизира, потрошувачката ќе се насочи кон поеколошки добра, а богатството радикално ќе треба да се распредели за да се намалат нееднаквостите.

Меѓутоа, моето неодамнешно истражување за групниот морал покажува дека мора да решиме некои предизвици. Кога разговараме за прашања како што се климатските промени и актуелните глобални нееднаквости, апелираме луѓето да не се грижат само за сопствената благосостојба туку и да ја земат предвид благосостојбата на сегашните сиромашни и идните генерации врз кои ќе влијаат нашите одлуки.
Но, како што велат моралните филозофи, групниот морал е проблематичен концепт. Затоа, патот напред нема да биде лесен. Економистите и општеството во целина мора да се соочат со длабоки интелектуални и морални предизвици за да се справат со светот што се менува. Но луѓето успеаја и претходно да го сторат тоа. Може само да се надеваме дека нашата интелигенција и решителност ќе ни овозможат да го направиме тоа повторно.

Автор: Каушик Басу е поранешен главен економист во Светската банка, а актуелно е професор по економски науки на универзитетот „Корнел“ и надворешен соработник на институтот „Брукингс“