Вистината за секуларната стагнација

346

Џозеф Стиглиц ја отфрла важноста на секуларната стагнација за американската економија, а во тој процес ја нападна мојата работа во администрациите на претседателите Бил Клинтон и Барак Обама, иако не ме именуваше лично. Јас не сум незаинтересиран набљудувач, но ова не е првпат да заклучам дека неговите коментари за политиките се слаби исто колку што се силни неговите академска теоретски трудови.

Стиглиц реагира како конзервативците како, на пример Џон Тејлор, сугерирајќи дека секуларната стагнација е фаталистичка доктрина измислена за да обезбеди изговор за лошите економски перформанси за време на Обама. Ова едноставно не е точно. Теоријата на секуларната стагнација, како што беше развиена од Алвин Хансен и поддржана од мене, смета дека приватната економија можеби нема да го најде патот до целосна вработеност по остра контракција, што ја прави јавната политика суштинска. Мислам дека тоа е она во што верува Стиглиц, па затоа не ги разбирам неговите напади.

Во сите мои извештаи за секуларна стагнација, јас истакнав дека тоа е аргумент не за каков било фатализам, туку за политики за промовирање на побарувачката, особено преку фискална експанзија. Во 2012 година, Бред Делонг и јас тврдевме дека фискалната експанзија најверојатно ќе се исплати. Ја истакнав и улогата на зголемената нееднаквост во зголемувањето на штедењето и улогата на структурните промени кон демасификација на економијата во намалувањето на побарувачката.

Што е со ефектите од политиката? Стиглиц ја осудува неуспехот на администрацијата на Обама да спроведе поголема политика за фискален стимул и сугерира дека ова е одраз на неуспехот на економското разбирање. Тој беше потписник на писмото од 19 ноември 2008 година, кое го потпишаа и забележаните прогресивци Џејмс К. Галбрајт, Дин Бејкер и Лари Мишел, повикувајќи на стимулативна програма од 300 до 400 милијарди долари, што е помалку од половина од она што го предложи администрацијата на Обама. Така работите беа помалку јасни во перспектива отколку во ретроспектива.

Ние во економскиот тим на Обама верувавме дека стимулот од најмалку 800 милијарди долари, и најверојатно повеќе, беше попожелен, со оглед на сериозноста на економската ситуација. Ни беше кажано од членовите на политичкиот тим на новиот претседател да генерираме што повеќе аргументи за голем стимул, бидејќи големите броеви што се приближуваат до 1.000 милијарди долари би предизвикале „шок“ во политичкиот систем. Затоа работевме на тоа да поттикнеме разни економисти, вклучувајќи го и Стиглиц, да понудиме поголеми процени за тоа што е соодветно, како што се гледа во белешките подготвени за Обама.

И покрај популарноста на новиот претседател и целиот политички напор, Законот за економско заздравување беше усвоен со најтесните маргини, со сомневања дека неговото конечно усвојување може да заглави до последен миг. Не можам да видам основа за аргументот дека значително поголем фискален стимул е изводлив. И напорите да се бара многу поголем сигурно би значело поголемо одложување во време кога економијата паѓаше – и можеше да доведе до пораз на фискалната експанзија. Иако посакувам политичката клима да биде поинаква, мислам дека Обама направи вистински избор во пристапувањето кон фискалниот стимулус. Се разбира, исто така, е многу жално што по првичниот Закон за економско закрепување, Конгресот одби да поддржи разни предлози на Обама за инфраструктурни и целени даночни олеснувања.

Неповрзано со темата за секуларна стагнација, Стиглиц ме напаѓа, велејќи дека Обама се свртел кон истите лица што биле виновни за недоволно регулирање на економијата во деновите пред кризата и од нив очекуваше до го поправат што помогнале да се скрши. Стиглиц објави труд во 2002 година, тврдејќи дека шансите дека капиталот на институциите што нудат хипотекарни кредити ќе се намалат е помал од еден спрема 500.000, а во 2009 година повика на национализација на американскиот банкарски систем. Затоа сметам дека Стиглиц би требало да знае дека ретроспективата е појасна од прогнозата.

Што е со администрацијата на Клинтон за финансиска регулација? Гледајќи наназад, јасно би било дека ќе беше подобро ако ја предвидовме потребата од закони, како што беа реформите во 2010 година и да имавме начин да го сториме во Конгрес, кој беше под контрола на републиканците. И, секако, не ја предвидовме финансиската криза што дојде осум години по заминувањето од функцијата. Ниту, пак, не ги предвидовме начините на кои промените во кредитна загуби ќе се појават по 2000 година. Сепак, ние се залагавме за реформи и за мерки за зауздување на хипотекарното кредитирање, кое, ако беше донесено од страна на Конгресот, ќе направеше многу за да се спречи акумулацијата на ризици пред 2008 година.

Исто така, другиот напад врз политиките на администрацијата на Клинтон е насочен кон дерегулација на деривати во 2000 година. Од оваа перспектива, посакувам да не ги поддржавме овие законски реформи. Но, ако се има превид екстремниот дерегулациски пристап на администрацијата на претседателот Џорџ Буш, тоа е спротивставено на верувањето дека ќе создадеше големи нови правила за финансиските деривати, па затоа и не сум сигурен колкави ефекти имаа нашите одлуки. Исто така е важно да се потсетиме дека ние го следевме законодавството од 2000 година не затоа што сакавме да дерегулираме сѐ туку зашто сакавме да ги отстраниме правните неизвесности од договорите за финансиски деривати, на кои сугерираа долгогодишните правници од американското министерство за финансии, Федералните резерви и Комисијата за хартии од вредност.

Од обвинувањата за минатото се поважни размислувањата за иднината. Дури и ако не се согласуваме со минатите политички одлуки и употребата на терминот „секуларна стагнација“, драго ми е што еден еминентен теоретичар како Стиглиц се согласува со она што сакав да го нагласам во воскреснувањето на таа теорија: не можеме да се потпреме на политиките за каматни стапки за да обезбедиме целосна вработеност. Мораме да размислуваме за фискалните политики и за структурните мерки за поддршка на одржлива и соодветна агрегатна побарувачка.

Авторот е поранешен секретар за финансии на САД и е професор на „Харвард“