(Повод: Советот на општината Маврово-Ростуше го преименува основното училиште во тоа реканско село од „Ѓорѓија Пулевски“ во „Хајан Селмани“. Како што објаснуваат оттаму, одлуката е донесена по предлог и иницијатива од советот на родители и на училишниот одбор.)

Македонски манифест го крева својот глас против ова вандалство, кое (а тоа не е прв пример од Албанците) ги преименува училиштата, улиците и топонимите во Македонија со подмолен план за остварување на своите болни големоалбански амбиции за создавање Илирида на ова мало парче македонска земја, одбрането од волчешките челусти на балканските хиени потпомагани во злосторството кон Македонците од Европа, а сега и од Американците, кои ги избраа Албанците за свои слуги на Балканот. Тоа е факт пред кој не треба да се миже. Оттука тие, осилени сега и со тиранската платформа изготвена во демонските канцеларии на Пентагон и на ЦИА, ги потиснуваат на секој план Македонците, кои иако се мнозинство се ставени од агресивното малцинство во улога на онеправдано и фрустрирано малцинство, кое треба енергично да ја почне демократската битка за остварување на своите права.

Се разбира, пак, за таквата трауматична ситуација на Македонците се виновни и самите тие, нивната заплашеност уште од терористичкиот налет на ОНА во 2001 година, спонзориран од НАТО, и доведувањето на албанските терористи од страна на Европа и на САД директно во Владата и парламентот на Република Македонија. Тие сѐ уште ја диктираат нејзината политика, а со тоа во голема мера, како што гледаме и од оваа реакција на Македонски манифест, и судбината на мнозинскиот народ. А тие треба нему да му се извинат за злосторствата во 2001 г., кои, шокантно, дојдоа по она македонско гостопримство на околу 400.000 Албанци по бомбардирањето на нивното омилено НАТО на Србија за да им создаде нова држава, а потоа божем со „помеки“ методи да ја вклопи и Македонија во пентагонскиот концепт за голема Албанија, првин Западна, но сега со тиранската платформа, за жал, на лакомите Бугари, и целата. И така ли се враќа со тероризам за гостопримство, е клучното прашање што сега и по повод вандалскиот чин во Ростуше ги прашува Македонски манифест албанските политички челници, кои перманентно ја трујат со антимакедонизам душата на чесните Албанци, на албанскиот народ.

Но Македонски манифест упатува прашање и кон македонската сегашна политичка елита (иако и таа пред неа не беше саглам) зошто е толку аморфна и незаинтересирана за битни прашања не само за понижување на мнозинскиот народ, туку со тоа и за меѓуетничката хармонија и соживот, кои не се постигнуваат со отстапки за вандалските чинови, како што е овој во Ростуше, туку со закон што ќе ги постави граничните, црвени линии на таа хармонија и соживот. Па зарем не е лудо по свој ќеф советот на училиштето, составен само од Албанци, да го преименува него како што сака: од големиот македонски преродбеник, борец и визионер Ѓорѓија Пулевски, еден од централните столбови на македонската реканска ренесанса во името на некојси бизнисмен Албанец. Па, ги прашуваме сега Албанците, зарем не е тоа понижување и за нив. Сега и повеќе за нив отколку за потиснатите до ѕидот на издржливоста Македонци. Оти каква замена, дури и законска да е, а не дива и варварска, вршат тие: сменуваат име на еден раскошен ренесансен дух со име на еден бизнисмен само затоа што е Албанец! Зарем не е тоа културно-цивилизациско понижување за самите Албанци? Зарем немаат тие духовни личности за оваа замена, макар направена и на „софистициран“ вандалски начин, туку во недостиг од такви личности училиштето го преименуваат со некој локален бизнисмен? Зарем тоа не е срам за албанската духовност и култура прашува Македонски манифест?
Македонски манифест остро протестира против вандалскиот чин со преименувањето на училиштето во Ростуше, кој не е прв од тој вид, и вели СТОП на таквите чинови, кои се вклопуваат перфидно во целосната идентитетска ликвидација на Македонците и на македонизмот, на која сега со Преспанскиот договор, бугарскиот и тиранската платформа турбо работат Грците, Бугарите и Албанците, под менторство на Вашингтон и на Брисел. Но, се разбира, и на нашата квислиншка влада на чело со премиерот Зоран Заев и министерот Никола Димитров, како и на оние одродени македонски изроди во парламентот.

Македонската ситуација е катастрофална и екстремно трагична. Вандалскиот чин со преименувањето на училиштето во Ростуше е само едно црно камче во крајно депресивниот историски мозаик на таа и на таквата де профундис ситуација. Чесните и неодредени, како сегашната квислиншка власт, Македонци треба да го знаат тоа, треба да се разбудат од апатијата што ги налегнала и конечно да го кренат силно гласот против идентитетската ликвидација што продолжува и понатаму со жестоко варварско темпо. Тоа. Сега е за Македонците од кога било поактуелна формулата: „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“

Македонски манифест