За приоритетите на Русија во Украина

Во последните денови прочитав огромен број изјави на лидерите на сите гранки на власта во Република Северна Македонија со оцени на дејствата на Руската Федерација. Во голем број искази претставници на јавноста и медиумите активно го коментираат тоа што се случува.
Пред сè, би сакал да изразам благодарност до македонските граѓани, кои чесно се обидуваат да сфатат што се случува, се залагаат за брзо прекинување на борбените дејства, изнаоѓање решение преку дипломатијата, на преговарачка маса.
Верувајте ми, темата е многу важна за Русите. Во потсвеста на нашиот народ има болно искуство на дехуманизација од страна на нацистите за време на Големата татковинска војна од 1941 до 1945 година. Во фазата на подготовка, на прв поглед сè беше невино, во рамките на идеолошките разлики: наводно руските комунисти – се туѓ елемент на Европа, кој ја загрозува нејзината благосостојба. Во практика тоа доведе до убиство на над 27 милиони наши граѓани.
Кога надворешните сили почнуваат да зборуваат за наводната „руска закана“ и за некои „други вредности“, кои им дозволуваат да повлечат линија меѓу другите Европејци и Русите, во нашата свест се вклучува инстинктот на самозаштита и себезачувување.
Приказната со Украина – е токму таков случај.
Вовлекувањето на Украина во НАТО, кое се случува пред нашите очи, и напумпувањето на оваа земја со оружје (од 2014 година САД испратија во Киев оружје во вредност од 2,7 милијарди долари – нели е тоа астрономска бројка? Само во минатиот месец Украина доби 2.000 тони оружје и муниција) во заднина на изразениот антируски курс на нејзините власти се неприфатливи за Русија. Особено во контекст на изјавата на претседателот на Украина за можно добивање од Киев на нуклеарното оружје. Развојот на настаните кон крајот на 2021 година – почетокот на 2022 година и анализата на информациите што ги добиваме ни покажаа дека судирот со украинските национални радикали, кои чекаа само погоден час за удар, беше неизбежен. Русија не остана без друга можност да се заштити себеси и своите граѓани, освен онаа што ние бевме принудени да ја искористиме.
Сега Амбасадата добива многу писма од нерамнодушни Македонци. Авторот на еден од нив беше збунет – прашањето, пак, лесно се решава: на руското население во Донбас треба да му се дадат автономија и основни права. Нема потреба да војува, тоа може да се постигне со преговори – нека разговараат претставниците на Донецк и Луганск со украинските власти.
Токму ова го баравме седум години. Сето ова време, Киев ги игнорираше своите обврски од договорите од Минск од 2015 година, категорично одбивајќи да преговара со раководството на ДНР и ЛНР, истовремено развивајќи го митот за „руската окупација“.
Патем кажано, што се договорите од Минск? Ова е токму план за етапно политичко решавање на конфликтот, кој содржи збир чекори во нивниот редослед за страните – Киев и Донечката и Луганската народна република. Тој план беше потпишан од лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија, а потоа одобрен од Советот за безбедност на ОН. Киев не исполни практично ништо. Како што сега разбираме, и немаше намера да исполни. Сметајќи, по сѐ изгледа, на воено решение.

Размислете за тоа: се објавува огромна количина од материјалите на тема настани во Украина. Се анализираат геополитичките потенцијали, се предвидуваат чекорите на страните на конфликтот. А жителите на Донечката и Луганската република како да се заборавени, како да не постојат. Колку често среќававте написи и репортажи за нивната катастрофална, без претерување, нечовечка состојба, за непрестајно масовно гранатирање на населбите во Донбас од страна на украинската армија? Дали слушнавте од прва рака зошто жителите на Крим и Севастопол во 2014 година едногласно одлучија да се вратат во Руската Федерација?
За подобро разбирање – според СММ ОБСЕ, за година и пол – од јули 2020 година до средината на јануари 2022 година – бројот на цивилни жртви во Донбас е 93 лица. Ова е три пати повеќе од истиот на територијата контролирана од Киев – 35. Вкупно, од почетокот на конфликтот, според УНХЦР, загинаа повеќе од 14 илјади луѓе, повеќе од 37 илјади беа повредени. Зарем овие податоци не покажуваат дека борбените дејства се водат долго време, веќе осум години – од страна на режимот во Киев?
Ќе додадам дека од вкупниот број жители на ДНР и ЛНР, 800 илјади се руски државјани. Уште 1,2 милион луѓе поднесоа барање за државјанство на Руската Федерација. Станува збор за заштита на руските граѓани и нашите сонародници.
Важно е да се разбере дека во повеќето региони на Украина, особено во нејзиниот источен дел и во главниот град – Киев – јазикот на секојдневната комуникација е рускиот. Тоа се формира историски, природно. Можеби ова ќе биде откритие за македонската јавност – во кругот на семејството актуелниот претседател на Украина зборува токму руски. Исто како и неговиот претходник. Како и речиси целата украинска елита, која од причини што ѝ пркосат на елементарната логика на разбирање, им забранува на десетици милиони граѓани на Украина да го користат својот мајчин јазик – а не само во официјалната сфера.

Луѓето се соочуваат со манифестации на непријателство од агресивни националисти во секојдневниот живот, при посета на продавници, кафулиња, банки. Ги повикувам новинарите и сите оние што се заинтересирани да го проучат ова прашање: има многу видеа направени од самите жртви на јазична дискриминација во Украина. Во земјите на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја Северна Македонија, и, се разбира, Русија, ваквата систематска практика, секако, е незамислива.
За каква „европска“ Украина може да станува збор во такви услови? Атмосферата на омраза вештачки ја создаваат нејзините актуелни власти буквално „затрупани“ со зборови на поддршка од раководството на земјите на ЕУ и на НАТО.
Излезот од ситуацијата лежи во радикалната промена на ситуацијата во Украина, нејзината демилитаризација и денацификација. За таа цел, на 24 февруари Вооружените сили на Русија започнаа специјална воена операција за заштита на народните републики на Донбас, чие раководство побара помош од Москва – немаат на кој друг да се потпрат. Одлуката ја донесе претседателот Владимир Путин во согласност со членот 51 од Поглавјето VII од Повелбата на ОН, со санкција на Советот на Федерацијата на Русија и во исполнување на ратификуваните договори за пријателство и заемна помош со ДНР и ЛНР.
Повторувам уште еднаш – ова е изнудена мерка: едноставно нѐ ни оставија никакви шанси да постапиме поинаку. Безбедносните ризици се зголемија толку многу што беше невозможно да се одговори со други средства. Згора на тоа, за нас би можеле да се создадат такви ризици, со кои би било доведено во прашање постоењето на Русија. Претседателот Владимир Путин отворено зборуваше за ова.
Државниот удар во Украина во февруари 2014 година стана почетна точка за издигнување на русофобијата на ниво на националната идеологија во украинската држава. Постарите генерации на Руси и Украинци, кои живееле во една држава, имаат искуство на нормален соживот и интеракција. Младите родени по 1991 година веќе пораснаа во атмосфера на растечки антагонизам меѓу Русите и Украинците. Деновиве децата во украинските училишта се учат дека Русите се заколнати непријатели.

Жителите на Русија го гледаат сето ова и, убеден сум, донесуваат заклучоци.
Така настанал маѓепсан круг. Време е да се тој прекине, и што побрзо, тоа подобро – и за нашите братски народи и за Европа, која стана заложник на желбата на САД да ја задржи улогата на хегемон во меѓународните односи по секоја цена и ги употреба киевските власти како алатка за вовлекување на Русија во војна, нејзина изолација и елиминација како една од водечките држави во светот.
Се надеваме дека здравиот разум ќе надвладее и во Украина, и во Вашингтон, и во европските метрополи. Итно откажување од конфронтација со Русија ќе им овозможи на страните да се вратат на исклучиво дипломатските средства за решавање на проблемот. Во основата на сите идни одлуки, се разбира, е неопходноста да се гарантираат безбедност, легитимни права и интереси на Русија и нејзините граѓани.

Авторот е амбасадор на Руската Федерација во Македонија