АФОРИЗМИ – Македонизми

  • За успешен брак треба да ги сакате и најгрдите роднините на вашата поубава половина!
  • И оној што никој не го шиша на крајот останува без коса, но од мака!
  • Кога глувците оро водат, мачките го избираат највкусниот игроорец!
  • Кирил и Методиј во манастирите не правеле само обично сирење, туку ги просветувале Словените и нивната писменост ја ширеле!
  • Не беше слаб само од неучење, туку и од нејадење!
  • Му потонаа сите работи на дно, па затоа се вработи како главен готвач во подморница!
  • Обично најмногу им симнуваме капа на оние што ни ја кројат!
  • Колку е поголем бројот на вистините, толку е поголема лагата!
  • Перењето пари преку незавршените објекти за преработка на отпадот води кон поголема нечистотија!
  • Писменоста е секогаш поголема кога е во малиот прст, отколку кога е во палецот!
  • По сѐ судејќи најмасовна вистина во светот е лагата!
  • Сѐ тече само оние што му го кажуваат тоа на народот не се менуваат!
  • Тој се заљуби во нејзините сини очи, а таа во неговата со иста боја платежна картичка!
  • Денешните големи волови не ораат во село, туку во град со помош на големите коњските сили на своите автомобили!
  • Најтешко може да го скријат адутот во ракавите оние што остануваат со куси ракави!
  • Ниту најотпорниот вирус не е појак од заразувањето на луѓето со парите!
  • Нормално е дека во секоја татковина терањето во мајчина е на мајчиниот јазик!
  • Од толку многу телевизиски и интернет-програми за приготвување на храната, во денешно време домаќинките немаат време за готвење!
  • Како може отпадната потковица од некој несреќен коњ да му носи среќа на оној што ја нашол?!
  • Во неуспешната метеоролошка служба единствено точно може да се предвиди грмењето на шефот!
  • Двогрбата камила е најдобар пример за вистинското полтронство!
  • Најтешко е при различните субјективни толкувања на вестите да се докаже вистинската објективност на информирањето!
  • Дека времето е пари најдобар доказ се оние што се платени според времето на седење на работа!
  • Што дека стално сонуваше за подобро утре кога мораше да се разбуди во оваа сегашност!
  • Кој рано рани, има барем два проблема збрани!

Андреј Русјаков