Нашите ПМ-честици се аеросоли. Затоа зимно време кога отвораме врата или прозорец од становите во кои живееме, а надвор е загаден воздухот, свежиот воздух што влегол внатре мириса на димни гасови (органски испарливи материи, дим и сл.) нема честици, ледените честици се истопуваат внатре, а другите гасови (сулфурни, азотни, димните) доминираат

При влажност на воздухот од 90 до 98 проценти многу тешко сфатливо e да мислиме на честица, како што ние луѓето знаеме за честица (прашинки во воздухот). Не можеме да размислуваме дека таа е сува прашинска честичка, која се наоѓа во воздухот при постоење на водена пареа од 90 до 98 проценти. Скоро секогаш нашите станици за мерењето ја прикажуваат таквата состојба што ни прави забуна и просто не знаеме од што да се чуваме и така целата таа појава ни е мистична. Сигурно е дека сувите прашински честици не може да ги има во воздухот кога врне дожд или снег, ама ние често имаме такви податоци од мерните станици.

Мораме да размислуваме на друг начин, а тоа е дека се создаваат честици, кои се резултат на составот на гасовите што ги има во воздухот поради нашите активности на земјата и се добиени заедно со атмосферските појави (магла, водена пареа, гасови, ситни капки вода, снег и сл). Сите овие гасови заедно со: сулфатите, азотните оксиди, испарливите органски супстанции и некои молекули од гасовите можат да конгломерираат (да се здружат) и да создадат заеднички производ аерочестици, како резултат на составот на присутните гасови, како и на атмосферските водени производи.

Зимно време немаме прашина, но имаме прашина од честици од водата, која се смрзнува и дава разни големини на честици: магла, снег, леден дожд и сл. Овие честици ги има во различни големини (2,5-10 микрометри). Овие честици се ситни, поради нискиот парцијален притисок на водата при ниски температури. Поради тоа тие се ситни и не растат (не можат) и нема водена пареа. Поради нискиот парцијален притисок на водата на многу ниски температури можат само да се создаваат ситни кристалчиња, нови и нови, но не растат (може да се слепат повеќе заедно).

Остануваат како мали кристали и ја сочинуваат воздушната прашина.

Тие мали кристалчиња заедно со гасовите од колите, фабричките оџаци, од куќните оџаци ни прават зимски конгломератни аеросоли. Тоа е таа зимска прашина или ПМ-честици. Таквите аеросоли се кристали што можат да влијаат врз дишните патишта ако не се стопат пред да влезат преку носот, и да предизвикаат кашлање, кивање и сл. Но зачинети со гасовите (сулфатни, азотни оксиди, органски испарливи компоненти…) реагираат и со влажната слузокожата и дават агресивни кисели и сл., кои сериозно ја разоруваат слузокожата.

Ете тоа го имаме во зима како десерт, и таа е зимската прашина, која е малку поразлична од летната. Според тоа, нашите ПМ-честици се аеросоли. Затоа зимно време кога отвораме врата или прозорец од становите во кои живееме, а надвор е загаден воздухот, свежиот воздух што влегол внатре мириса на димни гасови (органски испарливи материи, дим и сл.) нема честици, ледените честици се истопуваат внатре, а другите гасови (сулфурни, азотни, димните) доминираат.
Дали гасната централа ТЕТО загадува со испуштањето огромни количества пареа зимно време? Зошто ПМ-честиците кај мерната станица кај Ректорат се зголемени? Тие ја испуштат пареата сабајле кога температурата на воздухот е и најниска? Во таков случај доаѓа до кондензација и веднаш до кристализација? Многу прашања за одговор?

проф. Стефан Поцев