Откога знам за себе, а сум во поодминати години, постои проблем со признавањето т.е. непризнавањето на Македонската православна црква. Секој разбран човек е свесен дека тоа е политичка одлука и дека нема никаква врска со некоиси канони, затоа што Охридската архиепископија е апостолска црква и еднаш црква, засекогаш црква, а сѐ друго е обична манипулација. Најверојатно укинувањето на Охридската архиепископија од страна на Турската Империја е платено со пари од страна на Цариградската патријаршија, а општо е познато дека зад тоа стојат неколкуте грчки цркви, додека резултатите од тие заткулисни игри кулминираа со Преспанскиот договор и другите договори и платформи.

Со сигурност можам да тврдам дека таа постапка не му текнала на султанот. Има една изрека што вели: „Она што не може да се купи со пари, може да се купи со многу пари“. Во секој случај тоа е минато време и сите цркви што биле укинати тогаш, а по формирањето на националните држави тоа право си го повратиле, секако повторно со пари на контото на Цариградската патријаршија. Тоа право им е одземено на МПЦ, ЦПЦ, УПЦ и на уште некои. Се поставува просто прашање: ако по сите канони, т.е. држава – народ – црква, во случајов не важи, тогаш за едни е мајка, а за други маќеа. И кој го прави тоа? Оние од кои се очекува да бидат најморални, најдоблесни, божем тие се пратеници на бога, а во стварноста се црни ѓаволи.

Сега би сакал малку да шпекулирам и да поставам дилема зошто го прават тоа. Мојот заклучок е дека тие во стварноста се петта колона – тројански коњи во православието, а во практиката тоа значи раздор и неединство. И сега најважното? Кому му е во корист неединството во православието? И уште поважно, кој ги води црквите што се противат на единството, домицилните или увезените, т.е. петтолоконаши или тројански коњи? Јас лично сум доста необразован и лаик по ова прашање и до скоро мислев дека проблемот е исклучиво во СПЦ, ама по дебатата на ТВ АЛФА, каде што протојереј Ивица Тодоров кажа дека не е канонски Цариградската патријаршија да ја признае УПЦ, ми стана јасно во која грмушка лежи зајакот. Мене лично ми е јасно дека и внатре во Синодот на МПЦ нема единство по тоа прашање т.е. и таму има петта колона. А ако навистина сакале признавање, сигурен сум дека тоа можело да се постигне, секогаш постои начин.

Благоја Филиповски-Бојанче