Земјо мајчина

Во црнила се облече одора долга земја допре на камен ко да седна кога до земја се испуште. Колена сви во клопче од лилјани, онака неразвиени во цут, зелени, лик ти стана бели облаци на грб ти натежнале солзи. Уши лелеци слушаат во ум мисли поразувачки, за небиднини мрежи плетат лулки за челад копнеат. О земјо, земјо блиска далечна мајка ли си уште на тие што те оставија. Ум им се преуми од светот се уплашија, оној свет кој во ноќ се роди и за мајчини гради не поима. Исправи се мајко стара, во коса ветре да стави цут од врба и штркови цвеќиња плетенка од полски глуварчиња. Исправи се, име да ти се проговори, во меѓа неорана од уста на челад штотуку родена. Земјо родилка, земјо мајчина, не запреа срца да треперат, не замреа усти со име твое да се китат.

Една Македонка