• Штом малку во туѓото зајде, веднаш за себе сѐ си најде!
  • Почна да работи како робот, па затоа му порасна цената како на секоја стока!
  • Дајте им затворени гласачки кутии за да видите колку се демократски отворени!
  • Кога оние што се горе ќе заглават во проблемите од долу, тогаш најмногу се плашат од привлечната сила на Земјината тежа!
  • Дури и земјата почна да не се врти еднакво за сите нејзини жители ниту околу себе ниту окулу сонцето!
  • Носеше толку убаво боди, што секого го предизвикуваше грдо да ја убоде!
  • Кога околу решението на некој проблем ќе се крене голема прашина, тогаш не се гледа ниту проблемот, а камоли неговото решение!
  • Во која грмушка лежи зајакот најдобро знаат гладниот волк и гладната за љубов зајачица!
  • Не барајте правда само во лавиринтот за законски дупки!
  • За жал, сѐ уште главата најлесно може да се оттргне од некој голем проблем само со поглед кон некое уште поголемо мито!
  • За да биде некој главен не мора да има само во главата!
  • Пчелата помалку се памти од осата затоа што медот помалку се чувствува од осилото!
  • Што дека стално ни земаат мерка кога секогаш ни го кројат тесно!
  • Во почетокот грмеше и беше брз како молња, сѐ додека на крајот не го погоди гром од ведро небо!
  • Сѐ е помал бројот на оние што може да се пофалат дека имаат многу пари, зашто скоро сите се префрлија на полупразни кредитни пластични картички!
  • Најбогатите земји имаат најмногу по глава на жител, додека во сиромашните тие глави најмногу страдаат!
  • Оние што работат со лопата ги има толку многу што можеш со лопата да ги ринеш!
  • Не му беа сите овци на број, зашто и него го молзеа и стрижеа како да е овца!
    Работата го создала човекот, а короната го создаде човекот што работи онлајн од дома!
  • Неодговарањето на прашањата е најдобра одбрана од неодговорноста!
  • Најдобар совет е да не се бараат премногу скапи совети!
  • На луѓето никогаш не може да му се погоди времето, зашто зиме бара топло сонце, а во лето замрзнат чај!
  • И покрај сличноста на зборот, не очекувајте од Владата да ви повладува!
  • Кој многу работи си ја знае работата, а кој тоа го прави помалку си ја знае заработувачката!
  • Најдобра комбинација е мачкината кашлица да ѝ се врзе на мачката за опашката!
  • Лепа реч и гвоздена врата отвара, нарочито ако је у виду безбедносне шифре!
  • Убавиот збор и челична врата отвара, особено кога е во форма на безбедносна шифра!

    Андреј Русјаков