Јане Сандански: Сите жители на Македонија се чисти Македонци

7783

Повеќе извори посочуваат дека левицата на ВМРО предводена од Јане Сандански ја негувала македонска национална свест. 

Јане Сандански

Елефтериос Ставридис во својота книга „Зад кулисите на КПГ“, истканува дека – Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар… Сандански, заедно со Делчев, и двајцата пионери на Илинденското востание од 1903… стана опасен за Бугарија. Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. И неговото ликвидирање, преку подмолно убиство, всушност, беше извршено од страна на Бугарите… – 

Весникот „Дневник“ во својата статија „Сандански и Грците“, пренесува фрагменти од грчкиот весник „Кери“, во кој од грчки поглед се истакнати повеќе ставови на Јане Сандански. Во бројот од 1 август 1908 година, пишува дека Сандански е носител на голема идеја која требало да го привлече вниманието на Грците. Тој секогаш се борел за слободата на Македонија, а никогаш не настојувал да работи за Сан-стефанскиот договор.

Грчкиот публицист Тасос Костопулос во своето дело „Забранетиот јазик“ забележува дека  Јане Сандански и Димитар Влахов барале одделување на словенските училишта од контролата на бугарскатата црква и нивно ставање под државна контрола, а истовремено се работело кон воведување на – славомакедонскиот како наставен јазик -. Д.Ст.