Скопје напуштен град

1636
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ако по уреденоста на центарот на главниот град на една држава се гледа среденоста на државата, тогаш нашата држава е напуштена држава. Нови штотуку почнати објекти на центарот на градот, покриени со веќе распарталени (текстилни) платна, се веат и го „красат“ нaшиот центар на градот. Веќе сме во почетокот на туристичката сезона и, како што е нашиот стар обичај, треба да си ја средиш куќата пред да ти дојдат гости. Арно ама, заради политички расправии граѓаните, па и нивните гости треба да ја разберат ситуацијата?

Oваа слика на градот е резултат на незаинтересираност, неспособност. Тоа способен човек не може да толерира, барем според нашите македонски обичаи, па каков и да е политички реваншизам и несогласување во прашање. Задните 5-10 години Скопје бележеше зголемување на туризмот во градот за 10-15 проценти, дури и повеќе од Охрид, веројатно и оваа година ќе дојдат по инерција од претходните години. Но следната и годините што доаѓаат не може да се очекува, заради сето ова што се случува: незаинтересираност, распуштеност, ништо не се одржува и поправа, сѐ е пуштено да пропаѓа. Повеќе од плочките по тротоарите се размрдани и нестабилни, а многу од граѓаните се чудат и место да шетаат најслободно по центарот на градот гледаат на која плочка да згазнат. Расчистиле со паролата „живот за граѓаните“ само гледај да не настрадаш.

Градоначалникот на Центар беше директор на „Паркинзи на Центар“, во претходните години. Арно ама тоа не е доволно, за ефикасно да се реагира во уредувањето, барем на јавните места: улици, плоштади и сл. Улиците и тротоарите што ги издаваше за паркирање во претходниот период додека беше директор на паркинзи, се несредени и со дупки од зимскиот период, но тоа е нешто што не се гледа. Дрвјата по улиците Максим Горки, Никола Кљусев, се сушат. И така центарот на нашата држава Македонија, градот Скопје, влегува во летната туристичката сезона. Ваквиот однос многу ќе се одрази на туризмот на градот и секако ќе влијае на туристичките позитивни резултати во идните години.

Стефан Поцев