Мал народ – космос

288

Ова обраќање го почнувам со поезија, имено, со песна од современиот црногорски поет Ранко Павловиќ.

МАЛ НАРОД

Мал народ е како мало дете,
пуштено меѓу диви ѕверови,
заштитено само од желбата да опстои
до мигот кога ќе го остави потомството.

Мал народ наликува на прерано
процутен цут кој заштитен
од дабот скршен во луњата,
се спротивставува на мразот
што не ѝ дава на пролетта
да ги зазелени ливадите и да ни ги згрее душите.

Мал народ се прехранува со земја
наследена од предците, и се напојува
од приказната што му ја оставиле татковците.

Мал народ сака што е голем
во желбата да не дозволи коровта
да се размножи по неговите градини.

Ранко Павловиќ е само еден од редицата поети (меѓу кои и македонски) што ја мерат душата на еден народ во бесконечноста на просторот.
Таму „малите народи“ обитуваат, нахранети од историјата, зашто без неа би ја загубиле својата сенка. Дали може да ја загубиме неа -сенката? Судбината на „малите народи“ е во непресушната верба на нивниот опстој.

(Гордана Михаилова Бошнакоска)