Кога историјата е политика

392

Еден мој пријател има навика да кажува дека нашите интелектуалци се на продолжен годишен одмор, особено историчарите, кои се најповикани да ја кажат вистината. Ако не се следат фактите тогаш вистини има колку сакаш. И секој злонамерен си има своја вистина, а бидејќи сега сме демократско друштво секој има можност да ја каже својата вистина. Таквите вистини се поттикнати што од непријателски побуди, што за пари, што од незнаење итн. А онаа народната вели дека пред фактите и боговите молчат, а фактите треба да ги искажат најповиканите кога ќе се вратат од одмор. А фактите кажуваат сосема нешто друго, т.е. кажуваат дека ние Македонците не сме најнова нација туку напротив најстара.

Ќе почнам од времето пред Христа каде што античките учени, Херодот и Демостен, запишале дека постојат Македонци и Елини, кои немаат ништо заедничко. Да не ги повторувам филипиките на Демостен, кои се секому познати. Постојат безброј пишани документи што го потврдуваат тој факт. Ќе ги спомнам трите Македонско-римски војни, кои траеле долги години и завршиле со поразот на последниот македонски крал Персеј и пропаста на македонската држава. И денес стои нацртаната карта во мермерна плоча во Рим, која јасно кажува дека во тоа време постоеле Македонија и Рим. А небулозите дека тие биле впрочем Елини, а не Македонци, се за дневна политика и еден ден сите што го тврдат тоа ќе се срамат. Тезите дека Елините и Македонците биле ист народ, а зборувале различни јазици, се смешни.Во Библијата постојат Евреи, Елини и Македонци. Во поновите преводи на Библијата се исфрла оној дел каде што стои „му се јави човек Македонец“, се става „му се јави човек од Македонија“. А секој кој прочитал некоја од библиите без разлика од кое време ќе види дека Македонија и македонскиот народ се спомнати над дваесет пати, а за чудо големо овие што нѐ негираат и присвојуваат, кој преку црквата, кој преку јазикот, а и преку територијата во библиите ги нема, колку и да се преправани.

Едните кажуваат дека ние во стварност сме биле некоиси Срби, а Македонија била стара Србија, а другите дека сме стари Бугари, а најголемата небулоза е дека сме дојденци. А штом си дојденец немаш право на територија и така сите согласни во хор си ја пеат својата вистина и, за жал, имаат успех. А нашите хибридни историчари и интелектуалци одамна се откажаа од античкиот период, а еве сега со декрет се откажуваат и од 6 век од т.н. славјанско доселување па до денешни дни и сега сме дрво без корен, односно вејки на ветрот. И сега додека ги читаме историите пишувани во 18 век од САНУ, БАНУ, а и МАНУ, така ќе си биде, а можеби најинтересна би била историјата на грчката академија. Да видиме од кога тие станаа ем Грци ем Елини ем Македонци. Една стара изрека вели „сѐ е релативно само глупоста е неограничена“. По сѐ изгледа дека грчките Македонци ќе испаднат како најмлада нација бидејќи ние датираме од 1949 г., а тие се од поново време.

За крај ќе наведам само еден од фактите од кој може да се види дали сме најмлада или најстара нација. Цитат од Јозеф Павел Шафариќ 1795-1861, чешки славист (славјанске старожитности Праха 1875): ВЕНЕДИ, ВЕНДИ, ВЕНЕТИ, најстар познат назив на старите Словени се споменуваат кај античките писатели Плиниј Постариот, Тацит и Птоломеј, и сега што би рекол Дројзен на ова, каде сме биле пред 6 век, овде или зад Карпатите или на двете места. Ајде историчари, интелектуалци од сите бранши, земете ги книгите, читајте и почнете да го дигате гласот оти дојден е часот 5 до 12. Станува збор за иднината на вашите деца и внуци оти после нема оправдување, јас не знаев и јас не сум од тука. Од мене толку, од Господ повеќе.

Благоја Филиповски-Бојанче