Иран наспроти поплавите и меѓународното беззаконие

314

ДИПЛОМАТСКО ПИСМО

Овие денови Иран се соочува со лоши временски услови. Повеќе од еден месец Иран е зафатен од катастрофални поплави. Со денови и недели веќе има обилни врнежи низ целата земја, кои изгледа дека немаат намера да престанат. Околу 25 од 31 провинција се опфатени од деструктивни врнежи и поплави. Провинциите како Лорестан, Кхузестан, Голестан, Керман и Систан-Балучестан имаат претрпено најголеми штети. Во овие региони, десетина града и стотина села се целосно или делумно под вода, додека јавните услуги како вода за пиење, струја, природен гас, телефон и интернет се во целосен прекин. Голем број универзитети и училишта се поплавени и не се во можност да продолжат со активности.
Иако во последните поплави не се регистрирани голем број човечки жртви, сепак домовите на стотина илјади луѓе се целосно уништени и тие имаат потреба од итна помош.

Толку обилни врнежи во толкав краток временски период со опфат на 80 отсто на територијата Иран со поплави, е редок феномен не само во Иран туку и во која било друга држава низ светот. Последиците на овие поплави сѐ уште ги чувствуваат луѓето во поплавените подрачја. Но иранскиот народ не седи со скрстени раце во вакви ситуации. Луѓето веднаш се солидаризираа со поплавеното население и се кренаа да помогнат. Десетина илјади доброволци заедно со вработените во „Црвената полумесечина“, Министерството за внатрешни работи, општините, префектурите па дури и воените сили како армијата, доброволните сили „Басиџ“ и Иранската револуционерна гарда (корпусот на бранители „Сепах Пасдаран“) ги ставија на располагање сите свои капацитети за справување со поплавите и настанатата хуманитарна и природна штета. Овој незамислив настан разбуди многу човечки емоции и реакции низ целиот свет. Иако телеграмите за солидарност и материјалната помош беа многу ограничени, што буди важни прашања во главата на народот, сепак некои земји како Франција, Германија, Азербејџан, Турција, Русија, Ерменија, Швајцарија и некои светски организации како ОН и СЗО и др., испратија помош и донации.

Испраќањето парични средства досега не е овозможено. Многу земји па дури и Иранците надвор од земјата не успеале да префрлат средства во Иран. Организацијата „Црвена полумесечина“ до денеска нема примено ниту еден долар парична помош однадвор, а причина за тоа се блокираната сметка и блокираниот СВИФТ на оваа организација како дел од нечовечките санкции на една земја.

Меѓународното беззаконие сѐ повеќе и во разни форми го покажува своето лице. Истовремено со поплавите во Иран, револуционерната гарда е соочена со неосновани обвиненија и е ставена на специјалната листа. Иранската револуционерна гарда е важен дел од Армијата на Исламска Република Иран и е одговорна за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на земјата и граѓаните. Ставањето на воени сили на оваа или онаа листа е без преседан, нелегално и неприфатливо.

Одредувањето на составот на една специјална листа и додавањето на една група, организација или лице во истата листа е работа на меѓународните организации, особено на ОН. Мешањето на „една држава“ во овие работи е повреда и нарушување на меѓународното право и Повелбата на ОН, вклучувајќи го и принципот на еднаквоста на суверените држави. Ваквиот чин е поттикнување на „меѓународно беззаконие“ и станува основа во иднина која било земја со каков било изговор да го повтори истото. Многу е јасно дека вака светот навлегува во невиден хаос и „глобалните превирања“ може да ги опфатат сите земји, а себичноста, егоизмот и агресијата можат да ги заменат редот, законот и почитта.

Иранската револуционерна гарда е народна сила, која потекнува од народот и нејзините членови се избрани од разните групите и слоеви на иранското општество. Преку оваа основа, револуционерната гарда успеа до созрее до највисок степен и да придонесе за мирот и стабилноста на Иран и на регионот. Оваа институција, по победата на Исламската револуција во Иран почна да се спротивставува на екстремисти и агресори, кои под плаштот на политички партии и потпирајќи се на странски сили и со вршење нечовечки злосторства ја следеа стратегијата на дестабилизација и окупација на Иран и на други територии во околината. Овој корпус, по успехот во оваа фаза, веднаш премина во борба против агресорските и окупаторски сили на Садам Хусеин.

Диктаторската и експанзионистичката природа на Садам Хусеин подоцна се одразија уште појасно со окупацијата на Кувајт, со што светот се запозна со опасноста со која Садам Хусеин му се закануваше на регионот. Да не беше пожртвуваноста на револуционерната гарда и другите воени сили на Иран во борбата против Садам Хусеин, не можеше да се замисли какви ќе беа сликата и распоредувањето на силите во регионот и со каква опасност ќе се соочеа и другите региони. Светот сѐ уште ги памти злосторствата на терористите на ИСИС и другите терористички групации, кои како резултат на погрешното и опасно толкување на исламот и со поддршка на странски сили ги окупираа Ирак и Сирија, со намера да ги прошират своите територии кон други држави во регионот. И во оваа фаза Иранската револуционерна гарда по барање од Ирак и Сирија заедно со другите сили започна искрени борби против терористите и со уништувањето на ИСИС го спаси светот од една од најопасните закани во модерното време. Овие не се суви зборови и реченици на хартија, туку историски и реални факти.

Една непристрасна анализа десетина пати подлабоко и почисто ќе ја обелодени вистината. Со политички игри и пропаганда не може да се прикрие вистината. Врз оваа основа, со етикетирање и употреба на сила нема да се менува идентитетот на овие народни воени сили. Во 21 век, светот има потреба од мир и ред засновани на закон. Беззаконието и тензиите не се во корист на светот и никој не придобива ништо од тоа. Треба да ги измиеме очите и светот да го гледаме посветол, почист и пореален.

Амбасада на Исламска Република Иран