Из­град­ба­та на ФЕНИ бе­ше го­лем ап­сурд!

376

(По­вод: Два­та на­пи­си на по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ, г-дин Цве­тко Сто­ја­нов)

Со вни­ма­ние ги про­чи­тав два­та на­пи­си на по­чи­ту­ва­ни­от по­ра­не­шен ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ, г. Цве­тко Сто­ја­нов, кои не­о­дам­на беа об­ја­ве­ни во вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. Мно­гу е до­бро и по­уч­но тоа што авто­рот на два­та на­пи­си се освр­ну­ва на „го­ле­ма­та исто­ри­ја на ФЕНИ“, за ко­ја ве­ли де­ка нај­че­сто е кон­тро­верз­на и апе­ли­ра иста­та да не се по­вто­ри!

Од по­че­то­кот на 1968 до август 1970 го­ди­на ра­бо­тев во Ре­пуб­лич­ки­от за­вод за оп­штес­тве­но пла­ни­ра­ње на СРМ. Ток­му во тоа вре­ме се од­лу­чу­ва­ше за из­град­ба­та на ФЕНИ. Со вни­ма­ние ги сле­дев на­ста­ни­те око­лу из­град­ба­та на овој ме­га­про­ект. Во тоа вре­ме се ши­ре­ше при­каз­на­та за ела­бо­ра­ти­те на два ру­дар­ски ин­сти­ту­ти од Ср­би­ја (Бел­град и Бор) за еко­ном­ска­та (не)оправ­да­ност на из­град­ба­та на ФЕНИ. Се збо­ру­ва­ше де­ка ед­ни­от ин­сти­тут до­шол до зак­лу­чок де­ка по­ра­ди ма­ла­та со­др­жи­на на фе­ро­ни­кел во ру­да­та, ФЕНИ не мо­же рен­та­бил­но да ра­бо­ти! Дру­ги­от ин­сти­тут, пак, дал спро­тив­но мис­ле­ње и та­ка се „ро­ди“ ФЕНИ!

Глав­ни­от про­та­го­нист за из­град­ба­та на ФЕНИ, кој во тоа вре­ме бе­ше мош­не мо­ќен по­ли­ти­чар, ус­пеа да ја на­ту­ри из­град­ба­та на овој ме­га­про­ект. Се ци­ти­раа не­го­ви­те из­ја­ви: „Ко­га ќе про­ра­бо­ти ФЕНИ, Ма­ке­до­ни­ја не тре­ба да из­ве­зу­ва ни­што дру­го!“ За из­град­ба­та на ФЕНИ беа по­тро­ше­ни 650 ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри, кои беа обез­бе­де­ни од стран­ски кре­ди­ти! Во тоа вре­ме тоа бе­ше бас­нос­лов­на су­ма! За транс­порт на ру­да­та од руд­ни­кот „’Ржа­но­во“ до Ка­ва­дар­ци бе­ше по­ста­ве­на гу­ме­на лен­та дол­га око­лу 30 км! Да­ли оваа лен­та во­оп­што про­функ­ци­о­ни­ра и кол­ку дол­го? Во сог­лас­ност со соз­на­ни­ја­та, во пос­лед­но вре­ме, ру­да за по­тре­би­те на ФЕНИ се уве­зу­ва­ла од Ин­до­не­зи­ја, Ал­ба­ни­ја и Гва­те­ма­ла!? Се уве­зу­ва ру­да, се уве­зу­ва стру­ја, се тру­па­ат дол­го­ви, енорм­но се за­га­ду­ва око­ли­на­та, а се­то тоа за­ра­ди вра­бо­ту­ва­ње­то на 700-800 лу­ѓе и биз­нис-ин­те­ре­си­те на не­кои ма­ке­дон­ски про­фи­те­ри!?

Во вре­ме­то ко­га се гра­де­ше ФЕНИ се твр­де­ше де­ка ком­би­на­тот мо­же да ра­бо­ти са­мо до­кол­ку ми­ни­мал­на­та це­на на ни­ке­лот би­де 7.000 до­ла­ри/тон. Ме­ѓу­тоа, це­ни­те на ни­ке­лот на бер­зи­те по­сто­ја­но ва­ри­раа и се дви­жеа од 5.000, па до 20.000 до­ла­ри, та­ка што ком­би­на­тот, но и СРМ беа из­ло­же­ни на по­сто­ја­ни не­из­вес­но­сти и се со­о­чу­ваа со се­ри­оз­ни проб­ле­ми око­лу по­кри­ва­ње­то на че­сти­те за­гу­би во ра­бо­те­ње­то на ФЕНИ, снаб­ду­ва­ње­то на ком­би­на­тот со стру­ја и со ру­да и слич­ни проб­ле­ми!

По по­дол­го­то не­ра­бо­те­ње, во про­лет­та 1991 го­ди­на ме­ди­у­ми­те об­ја­ви­ја де­ка ФЕНИ ќе би­де ре­стар­ти­ран. Тоа бе­ше по­вод да на­пи­шам мош­не оп­ши­рен на­пис во кој ка­те­го­рич­но се спро­тив­ста­вив на од­лу­ка­та за ре­стар­ти­ра­ње на ФЕНИ и исти­от го пра­тив до „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. На­пи­сот бе­ше об­ја­вен во сре­да, да­та­та не ја пом­нам, и по те­ле­фон од Бел­град изра­зив не­го­ду­ва­ње по­ра­ди тоа што од на­пи­сот беа изо­ста­ве­ни нај­важ­ни­те де­ло­ви. На­ред­ни­от ден до­па­ту­вав во Скоп­је и оти­дов во ре­дак­ци­ја­та на вес­ни­кот. До­де­ка раз­го­ва­рав­ме со уред­ни­кот на ру­бри­ка­та Пис­ма, по те­ле­фон се ја­ви ше­фот на ка­би­не­тот на пре­ми­е­рот Кљу­сев, г. Ду­шко Сто­ја­нов, со кој се зна­ев­ме од прет­ход­но. Спом­на­ти­от уред­ник му ка­жа де­ка сум кај не­го и ми го да­де те­ле­фо­нот да се слуш­нам со не­го. Г. Сто­ја­нов ми ре­че де­ка пре­ми­е­рот са­ка да раз­го­ва­ра со ме­не и вед­наш ми за­ка­жа тер­мин за оваа сред­ба. Од „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ оти­дов на сред­ба со пре­ми­е­рот. Отка­ко се поз­дра­вив­ме, го пра­шав пре­ми­е­рот кој до­не­се од­лу­ка за ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ и зо­што? На мо­и­те пра­ша­ња пре­ми­е­рот Кљу­сев са­мо­у­ве­ре­но ре­че де­ка „лич­но тој ја до­нел од­лу­ка­та за да им по­ка­же на Ср­би­те де­ка Ма­ке­дон­ци­те мо­жат са­ми да од­лу­чу­ва­ат!“ Ме за­мо­ли да му го до­ста­вам тек­стот на ин­те­грал­ни­от на­пис што го ис­пра­тив до „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ и да му до­ста­вам но­ви ар­гу­мен­ти про­тив ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ. По не­кол­ку де­на, на г. Сто­ја­нов му пре­да­дов ко­пи­ја од мо­јот ин­те­гра­лен на­пис за­ед­но со до­пол­ни­тел­ни ар­гу­мен­ти про­тив ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ. Се­пак, ФЕНИ бе­ше ре­стар­ти­ран, а „ре­зул­та­ти­те“ од ва­ква­та од­лу­ка се оп­што­поз­на­ти!

Во по­ве­ќе на­вра­ти пи­шу­вав де­ка во вре­ме­то на со­ци­ја­лиз­мот, по­ли­ти­ка­та, на­у­ка­та и обра­зо­ва­ни­е­то во СРМ ши­реа фа­ма де­ка Ма­ке­до­ни­ја е мош­не бо­га­та со при­род­ни, ми­не­рал­ни и енер­гет­ски ре­сур­си и на ос­но­ва на ва­кви­те заб­лу­ди бе­ше за­цр­та­на и спро­ве­ду­ва­на це­лос­но по­греш­на раз­вој­на стра­те­ги­ја, ко­ја бе­ше на­со­че­на на из­град­ба на ме­га­про­е­кти! За жал, ва­ква фа­ма се ши­ри и се­га со „руд­ни­ко­ма­ни­ја­та“, од­нос­но со фор­си­ра­ње­то да се отво­рат не­кол­ку руд­ни­ци во ју­го­и­сточ­на Ма­ке­до­ни­ја, ре­ги­он кој е поз­нат ка­ко нај­а­гра­рен во др­жа­ва­та! Фор­си­ра­ње­то за отво­ра­ње на овие руд­ни­ци, без ка­кви би­ло из­др­жа­ни ела­бо­ра­ти, во 21 век и по искус­тво­то со ва­кви слич­ни ме­га­про­е­кти е го­лем ди­ле­тан­ти­зам на ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри!

Од раз­го­во­рот што го имав во 1984 го­ди­на со по­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор на Фа­бри­ка­та за авто­мо­би­ли (ТАМ) од Ма­ри­бор, г-ди­нот Ја­нез Стер­ни­ша, кој во тоа вре­ме бе­ше по­сто­јан прет­став­ник (ам­ба­са­дор) на СФРЈ при Со­ве­тот за за­ем­на еко­ном­ска по­мош (СЕВ) во Мос­ква, доз­нав за ус­пеш­на­та „при­каз­на“ за Сло­ве­ни­ја, ко­ја при­до­не­се оваа се­га са­мо­стој­на др­жа­ва од ООН да би­де прог­ла­се­на за нај­о­држ­ли­ва зем­ја во све­тот! Со­го­вор­ни­кот ќе го ци­ти­рам по се­ќа­ва­ње: „Ние, Сло­вен­ци­те на­пра­вив­ме го­лем гаф со ме­га­про­е­ктот „Га­си­фи­ка­ци­ја на јаг­лен од Ве­ле­ње“. За­луд­но по­тро­шив­ме мно­гу па­ри, и на со­ста­нок на над­леж­ни­те др­жав­ни ор­га­ни, Сто­пан­ска­та ко­мо­ра, оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки­те ор­га­ни­за­ции и Ака­де­ми­ја­та на на­у­ки­те, до­не­сов­ме од­лу­ка по­ве­ќе во Сло­ве­ни­ја да не се гра­дат ме­га­про­е­кти, а раз­во­јот да се на­со­чи на из­град­ба на фа­бри­ки во се­кое на­се­ле­но ме­сто, кои ќе про­из­ве­ду­ва­ат сто­ки за 22 ми­ли­о­ни жи­те­ли на Ју­гос­ла­ви­ја и за из­воз во стран­ски зем­ји. На­сел­би­те тре­ба да се уре­дат со си­те по­треб­ни ин­фра­стру­ктур­ни об­је­кти (ам­бу­лан­ти, па­ти­шта, ка­на­ли­за­ции, шко­ли и слич­но) и на тој на­чин соз­да­дов­ме ус­ло­ви за ус­пе­шен ре­ги­о­на­лен раз­вој и ја спре­чив­ме мож­но­ста за пре­на­се­лу­ва­ње на Љуб­ља­на, ко­ја се­га има ист број жи­те­ли кол­ку што има­ше по Вто­ра­та свет­ска вој­на“.

Тоа по­ка­жу­ва де­ка Сло­вен­ци­те се­ко­гаш има­ле др­жав­ни­ци на кои ин­те­ре­сот на др­жа­ва­та им е на пр­во ме­сто! Ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри не мо­раа да из­мис­лу­ва­ат „топ­ла во­да“, ту­ку ед­но­став­но тре­ба­ше да сле­дат што пра­ват Сло­вен­ци­те, да учат од нив и да го при­ме­нат нив­ни­от раз­во­ен мо­дел! Во сре­ди­на­та на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, за ам­ба­са­дор на СФРЈ во Ки­на бе­ше име­ну­ван Сло­ве­не­цот, Зво­не Дра­ган, кој во скло­пот на под­го­то­вки­те за вр­ше­ње на оваа долж­ност ја по­се­ти и Ма­ке­до­ни­ја. Во ме­ди­у­ми­те бе­ше об­ја­ве­на ин­фор­ма­ци­ја де­ка ам­ба­са­до­рот Дра­ган бил за­мо­лен од ма­ке­дон­ски­те вла­сти да се оби­де да нај­де парт­нер во Ки­на кој би ја ку­пил опре­ма­та на ФЕНИ. До­кол­ку ус­пе­е­ше да го про­да­де ФЕНИ на Ки­не­зи­те, Ма­ке­до­ни­ја де­фи­ни­тив­но ќе се ос­ло­бо­де­ше од проб­ле­ми­те и ма­ки­те, што по­ве­ќе од по­ло­ви­на век ги има со овој ап­сур­ден ме­га­про­ект! Ме­ѓу­тоа, се­кој пат ко­га ФЕНИ ќе за­пад­не во криз­ни си­ту­а­ции, се на­о­ѓа­ат по­ли­ти­ча­ри кои, во­деј­ќи сме­тка за сво­и­те лич­ни и/или биз­нис-ин­те­ре­си, на­сто­ју­ва­ат по се­ко­ја це­на да го спа­су­ва­ат овој ме­га­про­ект! Ја ко­ри­стам оваа при­го­да да упа­там апел до ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и еко­но­ми­сти ед­наш за­се­ко­гаш да раз­бе­рат де­ка од бер­зан­ски­те сто­ки, со ма­ни­пу­ла­ции со нив­ни­те це­ни, „кај­ма­кот“ го со­би­ра­ат ме­ѓу­на­род­ни­те кор­по­ра­ции, а проб­ле­ми­те ги оста­ва­ат на зем­ји­те-про­из­во­ди­те­ли на бер­зан­ски­те сто­ки! Кој и зо­што доз­во­ли оној ма­ни­пу­ла­тор од Ка­зах­стан или од Азер­беј­џан да на­тру­па дол­го­ви на ФЕНИ од 65 ми­ли­о­ни евра и да из­бе­га од Ма­ке­до­ни­ја? Во ид­ни­на, Ма­ке­до­ни­ја не би сме­е­ла да си доз­во­ли та­кви ап­сур­ди ка­ко што е слу­ча­јот со ФЕНИ! Впро­чем, ва­ков апел упа­ту­ва и по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ!

Во по­ткре­па на овие апе­ли ќе на­пра­вам спо­ред­ба на зем­ји­те од Афри­ка и од Ју­го­и­сточ­на Ази­ја. Поз­на­то е де­ка Афри­ка е кон­ти­нент кој е нај­бо­гат со ми­не­рал­ни ре­сур­си, но и тоа де­ка ток­му афри­кан­ски­те зем­ји се нај­не­раз­ви­е­ни, а нив­ни­те гра­ѓа­ни то­нат во бе­да и си­ро­ма­шти­ја! Од експ­ло­а­та­ци­ја­та на бо­гат­ства­та од Афри­ка са­мо ме­ѓу­на­род­ни­те кор­по­ра­ции ос­тва­ру­ва­ат бас­нос­лов­ни про­фи­ти! Зем­ји­те од Ју­го­и­сточ­на Ази­ја, пак, се мош­не си­ро­маш­ни со ми­не­рал­ни и енер­гет­ски ре­сур­си, но бла­го­да­ре­ние на нив­ни­те па­мет­ни еко­ном­ски стра­те­гии и по­ли­ти­ки, иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но­то обра­зо­ва­ние и по­све­те­на­та и на­пор­на ра­бо­та на ра­бот­ни­ци­те овие зем­ји бе­ле­жат мош­не ди­на­ми­чен раз­вој, што при­до­не­се да се здо­би­јат со епи­те­тот „ази­ски еко­ном­ски ти­гри“. Овие зем­ји, за­ед­но со Ки­на, се­га се ли­де­ри на че­твр­та­та ин­ду­стри­ска ре­во­лу­ци­ја, по­точ­но на ин­фор­ма­тич­ка­та тех­но­ло­ги­ја!

Ко­ста Сто­и­ме­нов­ски, м-р по ме­ѓу­на­род­ни еко­ном­ски од­но­си