Европски морал и хуманост!?

782

Господа и дами од европското такво семејство, зарем не гледате дека сте прочитани речиси од сите мирољубиви народи и држави од целиот свет? Зарем не гледате и слушате дека во вас малкумина гледаат вистински демократи, а уште помалку вистински праведници во секоја смисла на зборот?

Зошто се однесувате кон малите така, послабите и посиромашните, но духовно побогати држави и народи? Зошто, господа и дами, нешто што е добро и што оди кон подобро настојувате да го расипете и срушите, а потоа се јавувате како олеснувачи, спасители и помагатели? Зарем уште мислите дека луѓето ви веруваат? Зарем уште очекувате да ве сакаат и почитуваат?

Сите знаеме дека парите се во вас, но исто така знаеме дека тие пари се од искористувањето на нашите работници по европските фабрики, а уште повеќе од искористувањето на мозоците од нашата интелигенција.

Како ќе им кажете и одговорите на нашите млади луѓе, нашите работници, доктори, професори, свештеници, нашите живи и закопани патриоти, зошто по секоја цена настојувате да уривате една, со илјадници факти докажана цивилизација, која на овие простори постоела и постои повеќе од две и пол илјади години!?

Зошто ги уривате и негирате сите ископани гробови, сите археолошки наоди за тогашната цивилизација уште од пред времето на Филип и Александар Македонски па до денес? Зошто тие војсководци ги изучувате во сите воени истории, па дури и некои делови од нивното уредување на државата ги применувате? Од друга страна, со сите сили настојувате да го негирате постоењето на Македонците, па дури и некои ваши историчари, со помош на парите, пишуваат дека нашето потекло е само од некоиси Словени? Кои се тие Словени, со која територија, цивилизација и материјални докази се потврдува нивното постоење? Во секој и никој случај, нема смисла ова што ни го правите!

Зарем сте заборавиле дека уште на почетокот на 20 век сте учествувале во уривање на една држава и на раселување на една нација и народ што постои од искона? Зарем сте се уплашиле од таквата голема држава и народ каков што е македонскиот? Ние како голем народ ќе останеме горди сѐ до последниот, но тоа ќе го направиме со нашата остроумност и бистрина во нашите глави, со нашата гостопримливост, со нашата добрина, топлина, блискост и пред сѐ хуманост. Овој народ со сите свои кралеви и цареви и нивните војски, никогаш не поробувал други народи, туку ширел цивилизација, не го уривал постојното, туку градел нови градови и патишта, за подобро живеење и работење на домородните народи и нации на сите простори до каде што пристигнувал.

За жал, вие не смеете да ја признаете вистината за холокаустот над Македонците, кој е направен со помош на тогашните европски сили, кога се протерани стари и млади, мажи и жени, синови и ќерки. За жал, уште еднаш, ова се случува во два наврати од минатиот век. Вам ви беше поважно да заземете подобри позиции на географскиот простор на Балканот, за подобра контрола и експлоатација на вредностите и благодатите на природата и народот наш македонски.

Вие, господа и дами, малку можете да зборувате за морални вредности, за хуманост, за гостопримливост, па дури и за демократија. Кај вас демократијата се одржува и спроведува со физичка сила во буквална смисла на зборот. Вие сте во недостиг од многу човечки вредности, немате чувство за хуманост! Зарем не гледате дека сте во недостиг од висококвалификуван кадар, па затоа нашите умни и технички способни луѓе ги ловите за добри пари. Примери за тоа има многу, па дури и во целиот свет.
Господа, од досега само „вашата“ Европа, вашите народи се во длабока криза дури и со здравјето. Вие сѐ повеќе живеете вештачки, со помош на седативи. Кај вас се појавија најлошите работи за човечкиот живот и опстанок, употреба на дрога од сите видови, хомосексуално однесување и др. Вие по вештачки пат ја произведовте најголемата чума на светот – сидата, но, за жал, и понатаму правите такви работи, за некои развојни процеси да ги спречите и контролирате. За жал по вас, сега и самите вие не можете без тие вештачки медикаменти и секојдневно морате да ги користите за да можете колку-толку да се движите, па дури и вештачки да се смеете пред медиумите.

За вас Македонија е вечно оптегнато јаже, врз кое со векови ги обесувате да се сушат телата на македонските патриоти што се смели и повикани да не мислат како вас. Вие делите демократија и рецепти за иднината, да се приграбуваат туѓи територии, древни држави, да се прекрстуваат луѓе, села, градови и цели народи, да не ги пуштаат да си ги видат своите домови и гробови. Вие, господа, секогаш имате дволична, но смислена политика кон едни и кон други, а тие што не владеат сакате и да не постојат. Еднаш народ и јазик, другпат вера и црква, а можеби другпат и земјата, водата, па дури и небото и воздухот нема целосно да ни ги признавате. Зошто е тоа така, само вам ви е познато!?

Тоа што ни го направивте не го заслуживме со ништо, не дадовме никаква причина за тоа, ниту едно камче не фрливме врз куќите и автомобилите на гостите од странство, а да не зборуваме за некакви форми на тероризам. За жал, вие најголемите терористи што се појавуваа во Македонија ги нарековте бунтовници и востаници за човекови права.

Вие немате чувство за хуманост, за морални и човечки вредности! Вие сте прочитани од сите народи и држави што се материјално посиромашни, но со огромно духовно богатство и сакаат да живеат заемно во сосема други околности и на поинаков начин од вас самите. Тие сакаат еднаквост во секој поглед и на рамноправна основа во сите сфери на животот да ги споделуваат сите основни принципи на живеење, а не на владеење, поробување, прогонување, погубување и распарчување.
Кои и зошто ја убиваат – бришат Македонија?

За мене и за многумина, прашањата ќе останат отворени, до кога – не знаеме!

Благој Дглев, пензионер аналитичар