Барам „грејс период“ за спомениците

427

Човечката цивилизација зад себе остава траги поради кои наредните генерации им се восхитуваат на креативноста, умешноста, убавината на безброј споменици и фигури, кои се расфрлени низ свет. Човек би се зачудил и ќе се праша како биле изградени кога ќе застане пред париската опера, Ајфеловата кула, Версај, Ермитраж, Кинескиот ѕид, египетските пирамиди, Акропол, Венеција, Колосеум и многу, многу други прекрасни убавини од кои на човека му застанува здивот.

Конечно, во претходниот период, претходната влада се досети и забележа дека на Република Македонија и недостигаат слични споменици што можат да се направат и постават на соодветни места во главниот град на Република Македонија, за да се збогати туристичката понуда и да добие градот барем малку нов лик.
Веројатно е направена анализа од стручни лица кои објекти се направени во годините меѓу 1920 и 1940 г. (Офицерскиот дом, Старата железничка станица, Театарот, Собранието, Ристиќева палата и др.) и на основа на таа анализа се поставени повеќе споменици, кои го разубавуваат градот и на крајот е поставен „Воинот на коњ“.

Најверојатно претпоставувам дека тие лица се повикувале и на одлуката од Хаг, која гласи дека и ние може да го користиме името „Александар Македонски“ бидејќи ние сме Македонци и државата веќе 70 години и се вика Република Македонија.
Поради таквата состојба потребно е главниот архитект на комисијата без многу емоции и заблуди да даде еден „грејс период“ од три години, за да се утврди вистината на основа на која комисијата ќе реши дали ќе се урива споменикот или ќе се почитуваат меѓународните закони. И што ќе пишува на тој споменик по постигнувањето на договорот за името со Грција.

(Томе Секуловски)