Ин мемориам на (не)правната држава

И откога дури и најголемите оптимисти ја изгубија вербата дека СЈО ќе ги врати правдата и правдината во државата, главните политички партии, наспроти упорните демонстрации на неброени непремостиви разлики, исто како и што ја создадоа, сложно се обидуваа и да ја одржат во живот својата гламурозна дивоградба. Мотивите сега веќе се и повеќе од јасни – нештата не ни требало да се расчистуваат, туку дополнително да се замаглуваат, со повремени навестувања на краткотрајни разведрувања колку да се подгреат надежите на наивните полначи на државниот буџет и на уште понаивните странски дипломати, чии влади издвојуваа значителни средства за финансирање на СЈО. И, се разбира, на дел од оние против кои се водеа истрагите, а кои беа подготвени дебело да си ги искупат гревовите, но не по судски пат

Откога пред некој ден стапи во сила новиот Закон за јавно обвинителство и формално престана да постои таканареченото специјално јавно обвинителство, кое официјално несреќно се нарекуваше Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или, пак, сосема скратено и неформално, СЈО. Кај голем дел од јавноста прифатено како симбол на борба за правда и правна држава, против злоупотреби на системот, за интегритет на носителите на државните функции и против културата на неказнивост, СЈО за помалку од пет години или за нешто повеќе од еден законски предвиден мандат на неговиот прв човек, кој во случајов, беше жена, меѓу другото, се претвори во можеби најголемото колективно разочарување во поновата историја на Македонија. А самата таа, наместо да ја донесе долго очекуваната правда, заврши на обвинителната клупа. Приказна и премногу позната, со сите нејзини бројки и статистики.

Сепак, вреди да се потсети оти во еден момент многумина поверуваа дека формирањето на СЈО е почеток на враќањето на владеењето на правото и директна закана за корумпираните политички елити, поради што и се толерираа неговото вонинституционално дејствување, ситните, но често и малку покрупните гафови на неговите експоненти, неговите несразмерно високи трошоци во однос на редовните обвинителства… Заради тоа постојано се спушташе прагот на толеранцијата кон, на изглед, незрелото однесување на неговите репрезенти што доведуваше до апсурдни ситуации во кои јавноста повеќе се забавуваше со модниот имиџ на обвинителките отколку со суштината на нивното работење, а културата на неказнивоста и на селективната правда не сaмо што не беа зауздени туку продолжија да опстојуваат со упорност на коронавирусот.
И откога дури и најголемите оптимисти ја изгубија вербата дека СЈО ќе ги врати правдата и правдината во државата, главните политички партии, наспроти упорните демонстрации на неброени непремостиви разлики, исто како и што ја создадоа, сложно се обидуваа и да ја одржат во живот својата гламурозна дивоградба.

Мотивите сега веќе се и повеќе од јасни – нештата не ни требало да се расчистуваат, туку дополнително да се замаглуваат, со повремени навестувања на краткотрајни разведрувања колку да се подгреат надежите на наивните полначи на државниот буџет и на уште понаивните странски дипломати, чии влади издвојуваа значителни средства за финансирање на СЈО. И, се разбира, на дел од оние против кои се водеа истрагите, а кои беа подготвени дебело да си ги искупат гревовите, но не по судски пат.

Ако некој навистина сакал да го врати владеењето на правото во државава, требало и да се погрижи редовното правосудство да се оттргне од влијанието на политичките партии и на разни други центри на моќта и да профункционира според словото на законот и на Уставот, а не да се маргинализира и да биде оставено, онакво какво што е, со сите негови девијации, да ги гони и суди само обичните смртници, додека за припадниците на политичките и на бизнис-елитите мораше да се осмисли „специјален“ правосуден третман, можеби како многу поскапа замена за добро познатите некогашни посебни анкетни комисии, кои беа формирани во слични ситуации, што само ја потврди тажната вистина дека државата никако не може да се оттргне од заложништвото на културата на неказнивоста и на селективната правда

Иако надлежните и ненадлежните категорично тврдат дека ниту еден предмет што СЈО го отвори нема да биде оставен да пропадне, ниту пак некој ќе биде амнестиран, останува уверувањето дека задоцнетата правда, сепак, е една од најголемите неправди, а по сето ова што во изминатиов период се случуваше, се поставува и прашањето дали и колку воопшто и било оправдано нивното отворање.
Но она што на крајот најмногу иритира, се уверувањата во оправданоста на целата претстава наречена СЈО.

Ако некој навистина сакал да го врати владеењето на правото во државава, требало и да се погрижи редовното правосудство да се оттргне од влијанието на политичките партии и на разни други центри на моќта и да профункционира според словото на законот и на Уставот, а не да се маргинализира и да биде оставено, онакво какво што е, со сите негови девијации, да ги гони и суди само обичните смртници, додека за припадниците на политичките и на бизнис-елитите мораше да се осмисли „специјален“ правосуден третман, можеби како многу поскапа замена за добро познатите некогашни посебни анкетни комисии, кои беа формирани во слични ситуации, што само ја потврди тажната вистина дека државата никако не може да се оттргне од заложништвото на културата на неказнивоста и на селективната правда.
Истите политички актери, кои консензуално ја создадоа таквата ситуација, сега, во пресрет на изборите, повторно ветуваат некакви прочистувања и реформи на правосудството и враќањето на правната држава, но кој уште може да им поверува.

[email protected]