Загрижувачки нецелисходно

Повеќе или помалку свесни за своите способности и силно оптоварени со хипотеките под кои го ставија она што, условно речено, би можело да се дефинира како нивен интегритет, поекспонираните играчи и лидери на овдешните политички партии никогаш не се ни обидоа да покажат оти во нив има материјал за создавање државник, па дури ни за солиден политичар. Беа и останаа посветени на сопствената и на благосостојбата на ограничен број свои верни следбеници и, се разбира, на оние што ги финансираат, со единствена цел да се дограбат до државните и до јавните добра или, барем, што повеќе да профитираат од изборите

Дали некогаш сте се запрашале колку политички партии, во моментов, има во Македонија? Наједноставен, но и единствен точен одговор би бил – многу. За малку попрецизен одговор е неопходна многу поголема ажурност на органите и на институциите надлежни за контрола на условите за нивното основање и регистрација, дејствување, финансирање и, конечно, за нивната забрана и бришење од регистарот доколку тоа се покаже за оправдано.
А дека се многу се покажа и пред некој ден, кога Државната изборна комисија потврди дури 303 листи на кандидати за градоначалници и 567 листи на кандидати за советници во 80-те општини и во Град Скопје. Се разбира, некои од нив, во поголема или помала мера, се независни, но, сепак, премногу за просечниот гласач, оптоварен со голем број егзистенцијални проблеми, дури и да ги исчита, а камоли да ги запамети нивните имиња. Можеби во Државната изборна комисија би требало да размислат, по успешната набавка на фингерпринт-апаратите, да обезбедат и столчиња и топол оброк за гласачите.
Но да не се шегуваме со сериозни работи, постоењето на голем број политички партии е доказ за плурализам и една од главните карактеристики на демократијата, што би требало да биде позитивно. Но само во теорија, бидејќи во практика, особено во Македонија, инфлацијата на политичките партии не подразбира и поголема демократија, исто како што ни инфлацијата во економската смисла не носи ништо добро за богатството на поединецот и на државата.

Тоа особено кога се знае дека изборните правила се поставени така што повеќето од нив никогаш не освоиле ниту по еден мандат на изборите. Зошто тогаш се формираат? Е, тоа е прашање што отвора една, за многумина, сосема непозната димензија на партиското дејствување – пазарџиска, лукративна, која на доминантните партии им овозможува, со минимални отстапки, поголемиот дел од времето мирно да владеат со државата или со нивните локални царства. Вистина, има и турбулентни времиња, кога отстапките треба да се зголемат, но и тоа лесно се решава, бидејќи не се плаќа од приватните и од партиските каси, туку со државните и со јавните добра. Демократијата, нели, претпоставува неограничени можности, па, така, и можност вештачки да се зголемува квантитетот на политичката понуда и да се создава еден привид на плурализам, кој не продуцира никаков квалитет туку, напротив, само ги збунува и ги дефокусира граѓаните од вистинските проблеми и од решенијата што партиите се подготвени или не се подготвени да ги понудат.
Повеќе или помалку свесни за своите способности и силно оптоварени со хипотеките под кои го ставија она што, условно речено, би можело да се дефинира како нивен интегритет, поекспонираните играчи и лидери на овдешните политички партии никогаш не се ни обидоа да покажат оти во нив има материјал за создавање државник, па дури ни за солиден политичар.

Вистина, има и турбулентни времиња, кога отстапките треба да се зголемат, но и тоа лесно се решава, бидејќи не се плаќа од приватните и од партиските каси, туку со државните и јавните добра. Демократијата, нели, претпоставува неограничени можности, па, така, и можност вештачки да се зголемува квантитетот на политичката понуда и да се создава еден привид на плурализам, кој не продуцира никаков квалитет туку, напротив, само ги збунува и ги дефокусира граѓаните од вистинските проблеми и од решенијата што партиите се подготвени или не се подготвени
да ги понудат

Беа и останаа посветени на сопствената и на благосостојбата на ограничен број свои верни следбеници и, се разбира, на оние што ги финансираат, со единствена цел да се дограбат до државните и до јавните добра или, барем, што повеќе да профитираат од изборите.
Одговорите на суштинските и на стратегиските прашања, кои се од егзистенцијално значење за граѓаните и за државата, тие ги одбегнуваат или ги заобиколуваат, додека нивните ПР-служби невешто ја убедуваат јавноста дека во нив има потенцијал за државници. Дел од јавноста, од разни причини, ја прифаќа таа илузија и, повеќе или помалку убедливо, ја продолжува играта за која однапред е јасно дека е загубена, барем кога станува збор за општиот интерес.
Сето тоа ја обесмислува демократијата и резултира со уривањето на квалитетот на политичката понуда и затоа наизглед вжештената атмосфера во телевизиското студио во текот на последната дебата помеѓу лидерите на двете најголеми партии во земјава не внесе ниту топлина ниту светлина во срцата на гледачите, а онаа што, според модерната терминологија, се нарекува политички спектакл помина загрижувачки нецелисходно.

[email protected]