Заведена земја

Можеби креаторите на концептот на техничката влада имале добра намера кога процениле оти во предизборието и најголемата опозициска партија треба да партиципира во власта заради поделба на одговорноста за организирање фер избори и спречување на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Можеби не ни сонувале дека договорот ќе биде злоупотребен и ќе продуцира сосема спротивни ефекти, што веројатно лесно би можело да се утврди веќе и со површен увид во предизборните активности на политичките партии, кои иако изборите сѐ уште не се ни распишани, се во полн ек. Но кој ќе го утврди тоа?

Само еден наслов деновиве во медиумите до срцевината го разголи концептот на таканаречената техничка влада според пржинскиот договор. По неброените обиди за опсежни согледувања и анализи на овој, под помалку или повеќе познати околности, изнуден концепт на предизборна поделба на власта, можеби најточната негова дефиниција може да се изведе од насловот „Двајцата министри во МВР се договорија за возилата и за систематизацијата“. Имено, станува збор за, како што е пренесено, договор што техничкиот министер за внатрешни работи, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев, и дополнителната министерка, предложена од СДСМ, Славјанка Петровска, го постигнаа по повеќедневната вербална војна, потпомогната од нивните партиски штабови и проследена со закани за кривични пријави, што предизвикаа вистински хаос, а на моменти и целосна парализа на некои битни функции во ресорот. Иако доскорашниот прв човек на ова министерство и актуелен шеф на техничката влада, па според тоа, барем формално, и на Чулев и на Петровска, Оливер Спасовски се обиде да ја релативизира поразителната вистина со изјавата дека за МВР клучна треба да биде безбедноста на граѓаните, а не да ги заморува со тоа кој какви возила има, и на најнаивните по ова би требало да им е јасно на што се сведува техничката влада.

Можеби креаторите на концептот на техничката влада имале добра намера кога процениле оти во предизборието и најголемата опозициска партија треба да партиципира во власта заради поделба на одговорноста за организирање фер избори и спречување на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели. Можеби не ни сонувале дека договорот ќе биде злоупотребен и ќе продуцира сосема спротивни ефекти, што веројатно лесно би можело да се утврди веќе и со површен увид во предизборните активности на политичките партии, кои иако изборите сѐ уште не се ни распишани, се во полн ек. Но кој ќе го утврди тоа? Институциите што се под контрола токму на двете партии? Меѓународните посредници што учествуваа во креирањето на овој концепт? Или граѓаните, кои не располагаат со никакви механизми за прецизно лоцирање и санкционирање на злоупотребите, освен, во својство на гласачи, да ги казнат партиите на изборите?

Ако двете најголеми партии сепак се договорија како да ги поделат службените возила и функционерските позиции, зошто не би можеле да се договорат и за поделба на неважечките или неискористените гласачки ливчиња, на пример? И тука се разбива секоја илузијата за некаков политички плурализам и борба на идеи и сосема јасно се согледува амбиентот, кој е само нагрдена верзија на еден од најзначајните столбови на демократското уредување. Плурализмот стана чист провизориум, а изборите гола потера по добро платените и влијателни функции и работни места, имунитети, непречен пристап до државните ресурси…

Но ако двете најголеми партии сепак се договорија како да ги поделат службените возила и функционерските позиции, зошто не би можеле да се договорат и за поделба на неважечките или неискористените гласачки ливчиња, на пример? И тука се разбива секоја илузија за некаков политички плурализам и борба на идеи и сосема јасно се согледува амбиентот, кој е само нагрдена верзија на еден од најзначајните столбови на демократското уредување. Плурализмот станаа чист провизориум, а изборите гола потера по добро платените и влијателни функции и работни места, имунитети, непречен пристап до државните ресурси… Се разбира, само за привилегираните членови на политичките партии. За другите и за нивните поддржувачи, главно вработени во државниот и јавниот сектор и пензионери – на очекување за некакви бедни унапредувања, покачувања на платите и на пензиите за неколку стотини денари, кои претходно повеќепати им беа ускратени, што ќе рече на просто подмитување и заведување со нови ветувања.

Згора на тоа, не треба да се биде којзнае колку длабокоумен за да се види оти политичкиот живот, не само што со години е лишен од секоја идеологија туку и од некакво елементарно почитување на принципи. И како што е поприсутно отсуството на принципи во партиите, така се зголемува нивниот коалициски капацитет. Сите можат со сите. За многумина ова веројатно ќе звучи претерано и дрско, но меѓупартиските и коалициските релации, не само во исклучителни случаи туку генерално, се сведени на политички оргии.

И сега, кога вмровците станаа министри во Владата на Република Северна Македонија и кога во ваков амбиент се подготвуваат изборите, навистина е тешко да се поверува оти кој и да дојде на власт ќе ги решава проблемите што ги имаат граѓаните и државата, наместо да измислува нови, утврдувајќи го ортачкиот двопартизам.
Сепак, мора да се каже оти тоа не е производ само на пржинскиот договор. Тенденцијата на лизгањето на политичкиот живот во Македонија кон своевидна негација на повеќепартизмот или кон привиден двопартизам можеше да се забележи и многу порано откога, и покрај констатираните слабости во изборниот систем, двете најголеми политички партии наизменично, како по некаков премолчен договор, упорно се спротивставуваат на какви било негови измени, агресивно штитејќи го својот комфор и цврсто затворајќи ги вратите за вистински плурализам, натпревар на идеи и конструктивна критика.

[email protected]