Алчноста е еден од смртните гревови, но не е кривично дело

Алчноста, лакомоста, ламтежот, дрчноста, среброљубјето, ненаситноста и како сѐ уште не е дефинирана оваа карактерна особина во психологијата, или еден од смртните гревови во теологијата, не е и не може да биде предмет на гонење од страна на обвинителката Русковска. Но оваа нејзина амбиција, секако, би требало да биде предмет на размислување и дебата на креаторите на најавените реформи и проветрувања во правосудството. Правосудството кое, според општиот впечаток, во меѓувреме, како остарена проститутка, се разголува пред јавноста грчевито обидувајќи се да докаже оти сѐ уште е употребливо

Сладострастието, зависта, себичноста, мрзеливоста, алчноста, гневот и горделивоста се седумте смртни грева, кои иако ги нема во Библијата, во христијанската теологија, се дефинирани како корен на сите зла во општеството. Со развојот на цивилизацијата, тие станаа универзални одредници, иако предизвиците на современото живеење отворија некои нови димензии податливи за генерирање модерни гревови што замрените хуманистички науки некако тешко успеваат да ги лоцираат и дефинираат, така што во свеста на луѓето сѐ уште е доминантен овој традиционален попис на гревовите. Тоа особено и поради фактот што сѐ позасилените конфронтации и судирите на големите интереси по разни основи на глобално, но и на пониските нивоа, го оневозможуваат прифаќањето на последниот обид на Ватикан за дефинирање на листата на „седумте модерни смртни гревови“: загадувањето на животната средина, генетскиот инженеринг, неумереното богатење, уживањето во опијатите, абортусот, педофилијата и социјалната неправда. Патем, за овој попис на гревовите нема согласност ниту во самиот Ватикан. Но сето тоа се нештата за кои, на крајот, е компетентна совеста на поединецот, иако, да не се залажуваме, токму тие најчесто имаат подеструктивен ефект врз околината отколку врз самиот „сторител“.

Непримерните квалификации, како „една госпоѓа што влезе во филмот Чарлиевите ангели“ и „една самопрогласена естрадна ѕвезда“, немаат никакво упориште во правните науки. Уште помалку може да предизвикаат симпатии на јавноста кон обвинителката Русковска, без оглед на антипатиите создадени кон Јанева и кон првообвинетиот Бојан Јовановски и без оглед на тежината на делата за кои се товарат. А имаат голем потенцијал да го насочат целиот процес во, барем за многумина, непосакуваната насока – релативизирање на одговорноста и етикетирање на целиот случај како обид за политичка или за лична пресметка со обвинетите

И со последниот термин, кој не случајно е ставен во наводници, веќе се излегува од просторот на теолошкото, моралното и личното и се влегува во доменот на правото, според кое, за да има „сторител“ мора да има и „дело“, а алчноста не е кривично дело, како што има намера да докажува шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска, доколку известувачите од завчерашното прво рочиште во случајот „Рекет“ веродостојно ги пренесоа нејзините зборови од судницата. Алчноста, лакомоста, ламтежот, дрчноста, среброљубјето, ненаситноста и како сѐ уште не е дефинирана оваа карактерна особина во психологијата, или еден од смртните гревови во теологијата, не е и не може да биде предмет на гонење од страна на обвинителката Русковска. Но оваа нејзина амбиција, секако, би требало да биде предмет на размислување и дебата на креаторите на најавените реформи и проветрувања во правосудството. Правосудството кое, според општиот впечаток, во меѓувреме, како остарена проститутка, се разголува пред јавноста грчевито обидувајќи се да докаже оти сѐ уште е употребливо.

И не само алчноста, за која Русковска ја обвинува доскорашната специјална обвинителка Катица Јанева, туку и сите други квалификации што беа изнесени во судницата повеќе личеа на сублимат од коментари во јавните гласила и на социјалните мрежи во изминативе неколку месеци отколку на воведно обраќање, и тоа не на која било обвинителка, туку на една од самиот врв на моменталната обвинителска хиерархија во државата. Непримерните квалификации, како „една госпоѓа што влезе во филмот Чарлиевите ангели“ и „една самопрогласена естрадна ѕвезда“, немаат никакво упориште во правните науки. Уште помалку може да предизвикаат симпатии на јавноста кон обвинителката Русковска, без оглед на антипатиите создадени кон Јанева и кон првообвинетиот Бојан Јовановски и без оглед на тежината на делата за кои се товарат. А имаат голем потенцијал да го насочат целиот процес во, барем за многумина, непосакуваната насока – релативизирање на одговорноста и етикетирање на целиот случај како обид за политичка или за лична пресметка со обвинетите. Таквото компромитирање на постапките со неиздржаните обвинителски акти и излагања, нестручното, непрофесионалното и некултурното однесување во текот на истрагите и во судниците, впрочем, и резултира со мал број правни завршници на големите афери во изминативе години, со многу избегани осомничени, обвинети и осудени по разни основи, но и со не малку трагични епилози за дел од инволвираните. А во Палатата на правдата, како во „Божествената комедија“ на Данте, ги вдоми не само алчноста, за која е „обвинета“ дури и доскорашната шефица на ексклузивниот дел од правосудниот систем, туку и сите други смртни гревови.

[email protected]