Школа за велемајстори и во животот

Шахот развива креативност, гради самодоверба, развива вештини за решавање проблеми (во секој шаховски меч се соочувате со предизвици што треба да ги решите за да го одиграте вашиот најдобар натпревар, а шахот може да помогне во размислувањата неколку чекори напред, да не се избрзува со одлуки и да ги мерите предностите и слабостите на вашиот избор, сето тоа во корелација со предизвиците со кои се соочуваме во секојдневниот живот, каде што, како и во шахот, се обидуваме да ги донесеме најдобрите одлуки)

Шахот е една од најстарите игри во светот, од пред повеќе од 1.000 години, а со страста за играта, тој ги зближи луѓето од различни култури, возрасти и потекла. Но шахот е повеќе од само игра. Повеќе од само забава. Неодамна, Шаховската федерација на Македонија иницира воведување на шахот во основното образование, што, според најавите, би требало да почне од септември годинава, во прво, второ, четврто и во петто одделение, како задолжителен изборен предмет. Иницијативата е за поздравување, оти, според многу експерти, играњето шах од најмала возраст, покрај можноста да се стане квалитетен и успешен шахист, носи повеќекратни бенефиции за секојдневниот живот. На долги патеки.
Според познавачите, како некои од придобивките, шахот учи како да победите и како да примите пораз. Се разбира, секој сака да победува, но важно е да се научи и како да се прифати пораз и како да се однесува во победата, да се научи од неуспесите и да се вратите како подобар играч, како и во животот, кога ќе се соочиме со неуспех, треба да се вратиме посилни и помудри. Шахот може да помогне во концентрацијата (овој интензивен фокус е корисен и кога се соочуваме со училишни задачи, дневни обврски, рокови…), шахот е одлична едукативна алатка за училиштата (резултати од научни истражувања покажале дека со редовно практикување учениците ги подобруваат своите перформанси на тестови што бараат когнитивни вештини на внимание и отпорност на пречки, перцептивна организација, брзина, планирање и предвидување…).
Шахот развива креативност, гради самодоверба, развива вештини за решавање проблеми (во секој шаховски меч се соочувате со предизвици што треба да ги решите за да го одиграте вашиот најдобар натпревар, а шахот може да помогне во размислувањата неколку чекори напред, да не се избрзува со одлуки и да ги мерите предностите и слабостите на вашиот избор, сето тоа во корелација со предизвиците со кои се соочуваме во секојдневниот живот, каде што, како и во шахот, се обидуваме да ги донесеме најдобрите одлуки). Шахот го вежба мозокот (експерти посочуваат дека при играње шах мозокот е предизвикан да вежба логика, да развие препознавање модели, да донесува одлуки и да ја тестира меморијата).

Помага да се остане смирен под притисок. Во интензивен меч во шах мора да бидете интензивно фокусирани, во исто време да останете смирени за да може вашиот мозок да работи до максимум, па како и во животот, кога сме соочени со цајтнот (ете, и шаховска терминологија е влезена во секојдневието, а значи временски теснец, а тука се и мат, рокада, пат, гамбит…), презентации, тестови, задачи…, но, како и во шаховски меч, мораме да останеме самоуверени и смирени, за да се покажеме во најдобро светло.
Според други, пак, шахот помага да се развијат и логично размислување, комбинаторика, имагинација, интуиција, упорност, истрајност, самодоверба, емоционална стабилност, вештини за планирање и одлучување, го поттикнува тимскиот дух и ја зајакнува индивидуалноста, развива визуализација, анализа, концентрација, трпение, умереност. Тоа влијае на развојот на самодовербата и на емоционалната стабилност, развива способност за планирање и за донесување одлуки. Една студија, пак, заклучила дека играњето шах може да ги зајакне вештините за решавање проблеми, да ја подобри меморијата, да го поттикне креативното размислување…
Очигледно, шахот е повеќе од само игра, повеќе од само забава на 64 полиња. Многу повеќе. И, кога сето тоа е така, според експертите, тогаш правилна одлука би била шахот да им се доближи на најмладите.
Но секојдневието како да е испреплетено со шахот, според ситуациите и потребата за решавање на животните, општествените и други предизвици. Како и во шахот, за секоја ситуација и исход да оди на вашата воденица, потребно е стратегиско размислување, со кое ќе се предвидат идните потези, свои и на ривалот (според експертите, шахот ве учи и да предвидите што размислува ривалот). И кога сево ова ќе го пренесеме во светот на возрасните, ќе дојдеме до тоа дека шахот и неговите вештини, принципи, правила… се неопходни и за целосен напредок, развој… на многу полиња.

Секојдневието како да е испреплетено со шахот, според ситуациите и потребата за решавање на животните, општествените и други предизвици. Како и во шахот, за секоја ситуација и исход да оди на вашата воденица, потребно е стратегиско размислување, со кое ќе се предвидат идните потези, свои и на ривалот, а според експертите, шахот ве учи и да предвидите што размислува ривалот. Шахот и неговите вештини, принципи, правила… се неопходни за целосен напредок, развој

Ако издвоиме само некои од клучните зборови од погоре (креативност, самодоверба, вештини за решавање проблеми, стратегиско планирање и за одлучување, неизбрзување со одлуки, мерење предности и слабости на вашиот избор, да се остане смирен под притисок, комбинаторика, имагинација, интуиција, истрајност, тимски дух, умереност…) ќе видиме што ни треба и како треба да се функционира во микро и во макроопкружувањето, приватно, службено, локално, државно, глобално, за работите да се придвижуваат напред, за нештата да не нѐ изненадуваат, за состојбите да се решаваат…
Во многу области најуспешните се два или повеќе чекори понапред, организирани, ги предвидуваат проблемите и имаат идеја пред да се појават. Шахот учи да се има стратегија, но и план Б и план Ц, да се види големата слика, да размислувате однапред, да бидете креативни, да размислувате како вашиот ривал, да бидете одлучни, да го направите вистинскиот потег од самиот почеток, да не дозволите вашите емоции да ги водат вашите постапки, да преземете акција… И многу повеќе.
Само три букви, но моќни. Шах.

[email protected]