Фудбалот најавува континуитет

Успехот не е инцидент. Така и ова достигнување. Оваа генерација проби неколку бариери пред да дојде воопшто во можност да игра решавачки дуел за пласман на Европското првенство в година. Македонската репрезентација првпат има селектор што ја води репрезентацијата повеќе од еден циклус, избраниците на селекторот Игор Ангеловски се првите што на едни квалификации се пласираа на третото место во својата група (претходно највисок пласман беше четвртото место), а оваа генерација е и првата што заигра во бараж на Европската фудбалска унија за пласман на европско или на светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација по 27 години од дебито на меѓународната сцена е на прагот на остварување на соништата на многу генерации фудбалери од Македонија, за пласман на едно големо меѓународно натпреварување.
Црвено-жолтите на 12 ноември на гости кај Грузија го играат мечот од кој победникот првпат ќе заигра на едно европско првенство, во случајов на јубилејното, роденденско на континенталните шампионати, в година во 12 земји на Стариот Континент.
Успехот не е инцидент. Така и ова достигнување. Оваа генерација проби неколку бариери пред да дојде воопшто во можност да игра решавачки дуел за пласман на Европското првенство в година.
Македонската репрезентација првпат има селектор што ја води репрезентацијата повеќе од еден циклус, избраниците на селекторот Игор Ангеловски се првите што на едни квалификации се пласираа на третото место во својата група (претходно највисок пласман беше четвртото место), а оваа генерација е и првата што заигра во бараж на Европската фудбалска унија (УЕФА) за пласман на европско или на светско првенство.
Македонија одлично го ползува новиот систем натпревари со новоформираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, како втор начин за пласман на континенталниот шампионат, освојувајќи го првото место во својата група во лигата Д и обезбедувајќи си играње во плејофот. Пласманот во финалето е голем успех, но, секако, далеку од тоа дека работата е завршена. Тоа го истакнуваат и од репрезентацијата.

Фудбалска Македонија има еден значаен момент во досегашната своја историја, а тоа е настапот на репрезентацијата за играчи до 21 година на Европското првенство во 2017 година во Полска. И тоа досега е единствен пласман на големо натпреварување на која било возрасна категорија на фудбалска репрезентација на Македонија. Токму од таа генерација неколкумина се членови на сегашниот сениорски тим, а таа млада селекција, колку за потсетување, во квалификациите за Европското младинско првенство во 2017 година беше прва во квалификациската група во која играше и Франција, за која настапуваа сегашни сениорски репрезентативци (некои од нив во 2018 година станаа светски прваци).
Овој успех на сениорската селекција е важен, но генерално за македонскиот фудбал на подолг рок е важен и уште еден момент, а тоа е новата генерација младинци, кои, исто така, имаат шанси за играње на европско првенство. И овој пат селектор е Благоја Милевски, а неговите избраници зависат главно од своите резултати (секако и од резултатите во другите групи) за да се најдат на шампионатот в година во Словенија и во Унгарија.
Така, Македонија првпат одеднаш има две возрасни категории репрезентации што имаат можност во ист месец да обезбедат настап на големо натпреварување. Со тоа, вака конкурентната сениорска репрезентација уште сега има конкурентни млади што ќе ја дополнуваат во следниот период, со што фудбалот ќе може да се надева дека подолго време, во континуитет, ќе има вакви сениорски квалификациски циклуси во кои ќе зависи само од своите резултати.

Пласманот во финалето е голем успех, но, секако, далеку од тоа дека работата е завршена. Тоа го истакнуваат и од репрезентацијата. Но, генерално, за македонскиот фудбал на подолг рок е важен и уште еден момент, а тоа е новата генерација младинци, кои, исто така, имаат шанси за играње на европско првенство, со што се обезбедува континуитет

Секако, сега, кога фокусот е свртен кон фудбалот, јасно е дека е важно да се искористи моментот за уште поголем подем, за уште поголема популаризација на оваа игра, најпопуларната во светот. Секогаш потрагата по таленти, како и воопшто во сите спортови, поединечни или екипни, е од суштинско значење за развојот на спортот, со што секогаш ќе има нови таленти, кои потоа ќе бидат надградувани за секогаш да има младинци што ќе им создаваат позитивен спортски притисок на малку постарите колеги. Накратко – конкуренција.
Со тоа се обезбедува континуитет, кој, пак, е многу важен за секој спорт (ракометарите, на пример, го ползуваат повеќе години во низа и не отсуствуваат од големите натпреварувања). Така, еднакво е важно да се вложува и во тие што знаат да препознаат талент и во стручњаците што ќе создадат резултат. На големите спортски производители секогаш им треба уште поголема поддршка, секаква.

[email protected]