Трубачите од раштиманиот балкански оркестар

Воените балкански оркестри ги вежбаат акордите на новите воени маршеви, чиј крај завршува со многу жртви и страдања на новите генерации, кои ќе ја пропуштат сегашноста, но ќе ја изгубат и иднината. Всушност, звуците на војната никогаш и не престанале на Балканот. Секогаш се преповторуваат, но разликата е во националните изведувачи и силината со која се „репродуцираат“ како некој лош евергрин

На Балканот повторно се слушаат воените труби што повикуваат на мобилизација на народните маси за да се спротивстават на новите „закани“, кои по правило доаѓаат од нивните соседи. Сѐ уште не се залечени раните од последната крвава војна на балканскиот простор, што се случи по распадот на југословенската „братска“ заедница, а воените балкански оркестри ги вежбаат акордите на новите воени маршеви, чиј крај завршува со многу жртви и страдања на луѓето, кои ќе ја пропуштат сегашноста. Всушност, звуците на војната никогаш и не престанале на Балканот. Секогаш се преповторуваат, но разликата е во националните изведувачи и силината со која се „репродуцираат“ како некој лош евергрин. Трубачите од пропаднатите балкански оркестри повторно се обидуваат да го продолжат своето опстојување, иако се свесни дека има сѐ помалку приврзаници на нивната „музика“.

Од минатата недела, медиумите редовно ги следат движењата на воените бродови на Турција и на Грција во водите на источен Медитеран. Последните извештаи се дека турската морнарица започна нови воени маневри во источниот Медитеран, кои треба да траат две недели, што укажува дека тензиите меѓу Анкара и Атина ќе продолжат во регионот за поделбата на изворите на гас. Состојбата на Средоземно Море е уште подраматична ако се знае дека двете земји се сојузнички во НАТО, што придонесе за поделеноста меѓу другите земји-членки, кои имаат различни ставови за искористување на резервите на природниот гас во близината на Кипар, а исто така имаат различни ставови и за големината на нивните крајбрежни појаси.

Двете земји ги вклучија и Европската Унија и соседните земји во нивните спорови. Последната вест се однесува на тоа дека турската морнарица најави „вежби во стрелање“ од 29 август до 11 септември во област во близината на градот Анамура, северно од Кипар. Од ЕУ се заканија дека ќе воведат нови санкции против Турција доколку Анкара и Атина не постигнат напредок преку дијалог.
Додека продолжуваат игрите за тестирање на издржливоста на трпеливоста од двете страни, конфликтот на море се префрли и во воздушниот простор над Средоземно Море. Турското министерство за одбрана објави дека со пресретнување се отстранети шест грчки воени авиони „Ф-16“, кои се приближиле кон зоната во источен Медитеран. Во тој дел, Анкара започна со истражување на природни ресурси.
„Можното грчко проширување на територијалните води по морската граница со Турција ќе се смета за причина за војна“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Турско предупредување дојде откако грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис минатата недела објави дека грчките територијални води на западната страна, во Јонско Море, со кои се граничи Италија, ќе се прошират од шест на 12 милји. Мицотакис исто така рече дека Грција може да ги прошири своите територијални води и во други области.

 

Во раштиманиот балкански оркестар свој придонес дава и Македонија, која подолго време се соочува со емитување на различни етнички тонови што дојдоа до израз и при последното конституирање на власта, во која се инсистираше на етничкиот клуч во поделбата на власта.
Секако, неизбежни се и патриотски „делници“, а тие ќе бидат дополнети со масовни антивладини демонстрации што ги најави опозицијата, од почетокот на есенва Засега, напнатоста се држи под контрола, но не е исклучена и можноста на поголема ескалација на судирот меѓу Грција и Турција, предупредуваат познавачите на глобалните политики во светот. 

Во нашето поблиско балканско опкружување подолго време тлее конфликтот меѓу Србија и Косово, а тој во секој момент може да се разгори и да се прошири и во соседството. Постојаното одолжување за наоѓање трајно и прифатливо решение за двете страни за косовското прашање ја зголемува напнатоста, особено меѓу структурите од поранешната ОВК, кои се изложени на „вкрстен оган“ од домашните политички конкуренти, поради евентуалните компромиси што би се направиле во преговорите со Србија, а за возврат да добијат признавање на Косово. Од друга страна е непопустливиот став на српскиот претседател Александар Вучиќ да разговара за заедничко признавање, со што ризикува да влезе во судир со администрацијата на САД, која не отстапува од намерата за прогласување на „независно Косово“. На ова се надоврзуваат и сѐ погласните најави од претставниците на српската заедница во Босна и Херцеговина за вклучување и на прашањето на Република Српска, во случај меѓународната заедница да продолжи со притисоците врз Србија во дијалогот со Приштина.

Иако верско-политичката криза што трае со месеци во Црна Гора има повеќе локално влијание, не е исклучена опцијата за поголема ескалација. Особено по вчерашното одржување на парламентарните избори во ЦГ и можноста да се продолжи со дводецениското владеење на Мило Ѓукановиќ. Неисполнувањето на очекувањата за победа и конечна смена на власта во Подгорица ќе предизвика ново незадоволство кај опозициските партии, кои би ги засилиле притисоците со протести на улица. Во раштиманиот балкански оркестар свој придонес дава и Македонија, која подолго време се соочува со емитување на различни етнички тонови што дојдоа до израз и при последното конституирање на власта, во која се инсистираше на поделба на власта по етнички клуч. Секако, неизбежни се и патриотски „делници“, а тие ќе бидат дополнети со масовни антивладини демонстрации што ги најави опозицијата, од почетокот на есенва.