Триумфот на лагата

А кога општеството ќе го загуби своето длабоко, древно упориште, она невидливо, но есенцијално што му ги дава силата и смислата, кога ќе се заматат чистите извори на исконот, тогаш аномалијата станува нормална. Последната ситуација, за жал, како да покажува оти веќе е доцна, дека поголемиот дел од верното стадо веќе тргнало по своите пастири и дека лагата веќе триумфирала, дека е видлива на секој чекор. Злобните, грдите, морално наказените се прикажуваат како единствени арбитри на јавната естетика, култура, политика и на јавниот живот воопшто, наметнувајќи ја деструктивноста како општествен концепт

Влијанието на овдешните политичари и други јавни личности речиси и да не ги преминува границите на Македонија, така што кога тие лажат, или не ја зборуваат вистината, тоа не се одразува на никој друг освен на македонските граѓани. Токму затоа шокира фактот што демократското општество: интелектуалната елита, медиумите, невладиниот сектор…, речиси никогаш, или сосема ретко, укажуваат на оваа општествена аномалија. Напротив, најчесто врз веќе изречените лаги градат тези, анализи, коментари… И така настануваат сите оние калакурници, каква што е последнава со специјалното јавно обвинителство. За некакво почитување на законските процедури и обврски при лоцирање и евентуално санкционирање на нечија одговорност, одамна веќе не може ниту да се зборува.

А токму специјалното обвинителство, можеби, најилустративно ја одразува оваа состојба на општ неред и констернација. Изнуденото квазизаконско решение на политичарите претставено како желба на претставниците на меѓународната заедница, ѝ беше наметнато на јавноста безмалку како божји суд, врвна и незаменлива институција без која државата не ќе може да се извлече од мочуриштето на криминалот и корупцијата, што е лага. За сето време на неговото функционирање, со разни лаги и полувистини, дури и од страна на највисоките државни функционери, беа растегнувани првично утврдените граници на дејствување на овој орган без притоа да се почувствуваат какви било ефекти за општеството и за државата, никаква материјална или морална сатисфакција. Културата на неказнивоста и на селективната правда само ги зацврстуваа своите корени. На сето тоа, целиот пакет на измами, наречен СЈО на јавноста ѝ се презентираше како многу важен услов за зачленување на Македонија во Европската Унија, што не само што е далеку од вистината, туку е и дрска лага, бидејќи од Брисел јасно се бараше државата конечно да воспостави ефикасни механизми за борбата против криминалот и корупцијата и за владеење на правната држава, а во каква форма, преку редовното правосудство, со или без СЈО, или преку нешто трето, ниту еден сериозен европски функционер или бирократ, никогаш не прецизираше. Најповиканите, министрите за надворешни работи и за правда, притоа, ниту еднаш не се ни обидоа да ја разјаснат ситуацијата. Напротив, со свои директни изјави, се обидуваа да ја претстават лагата како вистина.

И откога почна да се случува заплетот во целата претстава за која теоретичарите сѐ уште не смислија назив, а која веќе не може да се подведе под ниту еден од утврдените жанрови, никој од создавачите на оваа правна наказа, која патем, во секоја смисла прескапо ја чини државата, не почувствува обврска да излезе со некакво објаснување. Напротив, како ништо да не случило, продолжуваат со претставата така што имаме апсурдна ситуација органот, кој треба да се справува со криминалот и корупцијата, сѐ уште да го раководи личност што, по повеќе основи, е компромитирана. И тука работава не запира. Продолжуваат и да нѐ убедуваат оти сето тоа ќе се реши со некакви меѓупартиски договарања и лидерски средби. Зарем не се гледа со какви наказени решенија сето тоа резултира. Со спиралата на лаги и измами, со башибозук, кој уште поскапо ќе го платиме

И откога почна да се случува заплетот во целата претстава за која теоретичарите сѐ уште не смислија назив, а која веќе не може да се подведе под ниту еден од утврдените жанрови, никој од создавачите на оваа правна наказа, која патем, во секоја смисла прескапо ја чини државата, не почувствува обврска да излезе со некакво објаснување.

Напротив, како ништо да не случило, продолжуваат со претставата така што имаме апсурдна ситуација органот, кој треба да се справува со криминалот и корупцијата, сѐ уште да го раководи личност што, по повеќе основи, е компромитирана. И тука работава не запира. Продолжуваат и да нѐ убедуваат оти сето тоа ќе се реши со некакви меѓупартиски договарања и лидерски средби. Зарем не се гледа со какви наказени решенија сето тоа резултира. Со спиралата на лаги и измами, со башибозук, кој уште поскапо ќе го платиме. Веќе нема да знаеме што е, а што не е, што е горе, а што е долу, што е машко, а што женско, што е човечно, а што нечовечно, што е стварно, а што нестварно, што е содржина, а што празнина, ништожност, лебдење во сферата на бескорисното знаење и на суштинското незнаење…

Како, притоа, човек да се одржи во психичка рамнотежа, да го задржи внатрешниот баланс помеѓу цинизмот на политичарите и површноста на јавноста. Ќе остане ли некој што ќе успее да оди по таа сѐ потенка линија помеѓу двата паралелни света или, едноставно, ќе се впушти во нејзиното преиспитување, ќе ризикува да направи чекор надвор од неа.

А кога општеството ќе го загуби своето длабоко, древно упориште, она невидливо, но есенцијално што му ги дава силата и смислата, кога ќе се заматат чистите извори на исконот, тогаш аномалијата станува нормална. Последната ситуација, за жал, како да покажува оти веќе е доцна, дека поголемиот дел од верното стадо веќе тргнало по своите пастири и дека лагата веќе триумфирала, дека е видлива на секој чекор. Злобните, грдите, морално наказените се прикажуваат како единствени арбитри на јавната естетика, култура, политика и на јавниот живот воопшто, наметнувајќи ја деструктивноста како општествен концепт. Тврдењата дека некој им подметнува лажни вести и дезинформации и дека против нив се водат специјални војни се смешни кога се има предвид дека токму тие упорно, со лаги, манипулации и измами, се обидуваат да креираат некаква паралелна реалност и да нѐ принудат да живееме во неа.