Тестирај масовно, носи заштита масовно!

Македонското општество, или дел од него, уште еднаш покажа дека нема висока свест за колективната и општествена одговорност. Индивидуалниот егоизам повторно е многу поголем од заедничката грижа за колективното здравје. Македонија како да беше држава што го најави вториот посериозен бран на заразата од ковид-19. Состојбата, во која изминатиов месец имаше драматичен пораст и трицифрена бројка на новозаразени на ден што во голема мера беше и резултат на зголемувањето на бројот на тестирања, ја вброи Македонија во листата на СЗО меѓу 11 држави од Европа со загрижувачки размери во кои вирусот се шири

„Тестирај, тестирај, тестирај!“ Оваа максима на Светската здравствена организација уште од почетокот на пандемијата со ковид-19 се покажа, веројатно, како најисправна стратегија во борбата со коронавирусот. Целта беше да се откријат што повеќе позитивни случаи, особено оние со асимптоматска слика и да бидат ставени во изолација, како основна превентива во прекин на синџирот на ширење на заразата.
Од денешна дистанца, четири месеци подоцна Македонија почна да применува модел, кој опфаќа тестирања на што повеќе контакти на лица што имале допир со вирусот. Наспроти периодот кога дневно беа тестирани по околу 300 лица, сега дневниот просек е над 1.200 теста. Тоа откри многу повеќе лица што го имаат вирусот во себе, а се асимптоматски преносители. Така и се случи да порасне бројката на новозаразени. Разликата од првичната стратегија и оваа што сега се применува е во алгоритамот на тестирањето. На почетокот од пандемијата првично беа тестирани лица што ќе пројават симптоми, а за разлика од тогаш, сега низ тест поминуваат сите лица што имале контакт со некој што е носител на вирусот, без разлика дали ќе развијат или нема да развијат симптоми.

Анализите покажуваат дека масовното тестирање на населението е вистинскиот пат до откривање на што поголем број лица, кои се позитивни на вирусот. Тоа, пак, овозможува полесен начин на третман, односно навремено превенирње и ако е потребно и болничко лекување кај оние лица што имаат потешка клиничка слика. Таквиот процес може да доведе и до помала смртност, ако навремено болнички се третираат дел од пациентите.
Македонските здравствени авторитети ќе мора да го зајакнат капацитетот и да го продолжат процесот на масовни тестирања, кој се прави веќе речиси еден месец. Тој процес на масовни тестирања ќе го зголеми бројот на активни случаи во државата, но ќе овозможи и рано откривање на што повеќе носители на вирусот.

Ако на концептот на масовни тестирања се додаде и методот на превенција, односно почитување на препораките за заштита, изолација на позитивните случаи, носење заштитна маска и држење физичка дистанца од два метри, заедно со развиена свест за сопствен придонес кон борбата против коронавирусот, тогаш многу полесно ќе се стигне до крајната цел, а и општеството ќе може да функционира во нормала. Рестриктивните мерки не би биле потребни, ако сево ова се преточи во една одговорна здравствена, а пред сѐ и општествена политика во борбата против вирусот.
Дали општеството може да одговори на предизвикот? Можеме ли сопствената одговорност да ја издигнеме над нашата самобендисаност? Дали одговорноста е наша слаба страна?

Анализите покажуваат дека масовното тестирање на населението е вистинскиот пат до откривање на што поголем број лица, кои се позитивни на вирусот. Тоа, пак, овозможува полесен начин на третман, односно навремено превенирање и ако е потребно и болничко лекување кај оние лица што имаат потешка клиничка слика. Таквиот процес може да доведе и до помала смртност, ако навремено болнички се третираат дел од пациентите. Македонските здравствени авторитети ќе мора да го зајакнат капацитетот и да го продолжат процесот на масовни тестирања, кој се прави веќе речиси еден месец. Тој процес на масовни тестирања ќе го зголеми бројот на активни случаи во државата, но ќе овозможи и рано откривање на што повеќе носители на вирусот

Изминатиот период имаше случаи во кои луѓе за кои постоело сомнение дека имаат симптоми на коронавирус избегнуваа да бидат тестирани, иако надлежните здравствени власти истакнуваа дека тестот е единствениот начин да се потврди или да се елиминира присуството на вирусот кај еден човек. Имаше и такви што и покрај позитивниот тест, ги криеја луѓето со кои контактирале, спречувајќи на тој начин тие да бидат во самоизолација и потоа тестирани. Поради тие причини, во јавноста имаше апели за масовно тестирање на населението. Инаку, од МВР постојано соопштуваа и дека имале случаи на прекршување на почитувањето на мерката изолација и на почитувањето на мерката носење маска.
Македонското општество, или дел од него, уште еднаш покажа дека нема висока свест за колективната и општествена одговорност. Индивидуалниот егоизам повторно е многу поголем од заедничката грижа за колективното здравје.
Македонија како да беше држава што го најави вториот посериозен бран на заразата од ковид-19. Состојбата, во која изминатиов месец имаше драматичен пораст и трицифрена бројка на новозаразени на ден што во голема мера беше и резултат на зголемувањето на бројот на тестирања, ја вброи Македонија во листата на СЗО меѓу 11 држави од Европа со загрижувачки размери во кои вирусот се шири.

Но она што последната недела се случува во земјите од регионот покажува дека оваа листа на СЗО може многу лесно да се дополни со уште многу држави. Она што сега се случува во Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Црна Гора, па и во Словенија е речиси идентичен процес, кој во Македонија се појави некаде кон крајот на мај, за да доживее потоа драматични размери последните денови.
Факт е дека голем дел од новите кластери што се појавија во државата се резултат и на непочитување на мерките за заштита, особено по олабавувањето на рестриктивните мерки за движење. Но токму тоа е и суштината.

Општествата, па и македонското, ќе мораат да се научат да живеат со вирусот, но паралелно со тоа ќе мора да водат одговорна грижа за колективното здравје на сите.
Поминавме еден месец тест, покажавме доста несериозност, време е да научиме од грешките. За да влеземе во период на функционално општество, кое може само да се грижи за себе.
Моделот е едноставен. Тестирај масовно, носи заштита масовно.

[email protected]