Тероризам со име и презиме

Но она што од овдешна перспектива најмногу иритира е поврзувањето на виенските момчиња со земјава и потенцирањето на нивното „албанско потекло“ и „државјанство на Северна Македонија“. А Македонија, не само поради својата геостратегиска положба и мултиетничноста, туку и поради, најблаго речено, специфичните проблеми што ѝ беа наметнати и сѐ уште ѝ се наметнуваат во процесот на евроатлантските интеграции, не може а да не биде исклучително чувствителна на овие прозивки. Освен тоа, поистоветувањето или какво било поврзување на припадниците на разни терористички групи со одредена религија, нација или држава, во принцип, се смета за штетно и неприфатливо, а во случајот и за исклучително опасно

Општо е познато дека зад секое злосторство стои извршител со име, презиме и со својот личен идентитет. Начелата на современото кривично право ја нагласуваат токму одговорноста на поединецот, а не на некаков колективитет и затоа обидите за дефинирање каква било колективна одговорност, во теоријата, се сметаат за надминати и правно неприфатливи. Во практиката, многу често, сѐ излегува поинаку.
Последните терористички напади во Виена, меѓу другото, покажаа колку лесно тероризмот, како пред сѐ криминален чин од највисок ранг, може да се употребува и злоупотребува за пропагандни и политички цели и за уривање на угледот на верски, расни, етнички и други групи, па дури и на цели држави. Покрај апострофирањето на верската припадност на напаѓачите, што, во случајов, сепак беше и неизбежно, бидејќи по вообичаената инерција веднаш се огласија од самопрогласената Исламска држава преземајќи ја одговорноста, уште и пред да бидат објавени нивните имиња, се разнесе веста дека некои од нив се Албанци од Северна Македонија. Тоа дека некој со таков опис бил и меѓу директните жртви на нападот остана секундарна информација. За индиректните жртви, по сѐ изгледа, уште не се ни размислува. А треба. Особено во овој контекст.

Иако зборот тероризам веќе одамна е навлезен во секојдневната употреба, не постои универзална, општоприфатена дефиниција за она што некаде се нарекува токму со тоа име, а некаде борба за слобода и за некакви права. Сепак, ововековните случувања на глобално ниво дефинитивно го искристализираа исламскиот тероризам како најрепрезентативен пример на оваа појава, иако тој модел на деструкција, барем според оние што го читале Куранот, воопшто немал допирни точки со вредностите што ги промовира исламот, така што и тука е создадена голема противречност.
Но она што од овдешна перспектива најмногу иритира е поврзувањето на виенските момчиња со земјава и потенцирањето на нивното „албанско потекло“ и „државјанство на Северна Македонија“. А Македонија, не само поради својата геостратегиска положба и мултиетничноста, туку и поради, најблаго речено, специфичните проблеми што ѝ беа наметнати и сѐ уште ѝ се наметнуваат во процесот на евроатлантските интеграции, не може а да не биде исклучително чувствителна на овие прозивки. Освен тоа, поистоветувањето или какво било поврзување на припадниците на разни терористички групи со одредена религија, нација или држава, во принцип, се смета за штетно и неприфатливо, а во случајот и за исклучително опасно, кога се имаат предвид историјата на меѓуетничките односи во земјава и нејзиното опкружување.

Значи, не постои ниту една, а особено не оправдана причина или издржано објаснување Албанците во Македонија или македонската држава да се посочуваат или да се доведуваат во каква било врска со она што, за жал, се случи во Виена. Тоа особено кога се знае дека дел од напаѓачите од тамошните служби веќе биле таргетирани како сомнителни, па дури и осудувани за дела поврзани со тероризмот. Јасно дека тероризмот е едно од најголемите зла на денешнината, кое не познава принципи и граници, но исто така треба да биде јасно и дека извршителите се поединци и групи кои никако не би смееле да бидат предмет на генерализации поради кои некој друг би требало да се правда за нивните злодела или, не дај боже, поради нив да страда

Значи, не постои ниту една, а особено не оправдана причина или издржано објаснување Албанците во Македонија или македонската држава да се посочуваат или да се доведуваат во каква било врска со она што, за жал, се случи во Виена. Тоа особено кога се знае дека некои од напаѓачите од тамошните служби веќе биле таргетирани како сомнителни, па дури и осудувани за дела поврзани со тероризмот.
Јасно дека тероризмот е едно од најголемите зла на денешнината, кое не познава принципи и граници, но исто така треба да биде јасно и дека извршителите се поединци и групи што никако не би смееле да бидат предмет на генерализации поради кои некој друг би требало да се правда за нивните злодела или, не дај боже, поради нив да страда.
Како колективната фрустрација од гореспоменатите наметнати проблеми, стравот од актуелнава пандемија и изобилството други хронични тешкотии со кои се соочуваат луѓето на оваа скудно парче земја да не им се и повеќе од доволни, па сега некој треба да им ја набива и вината за постапките на несоцијализираните и неинтегрираните поединци во многу поуредени и побогати држави. Зарем и тоа не е тероризам, пропаганден или информативен, сеедно, но секако неоправдан и неприфатлив и тоа јасно треба да им се стави на знаење на тие што, свесно или несвесно и не за првпат, го практикуваат мотивирани од разни, само ним познати причини.

Патем, време би било и авторите на тезите, според кои Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, е некакво жариште на исламскиот радикализам и тероризам, да ги преиспитаат своите поставки, зашто информациите за местото на раѓање, образование и живеење на инволвираните во терористичките активности и напади низ светот сѐ почесто ги демантираат.

[email protected]