Тајните патишта на јавните финансии

Економистите сигурно подобро би ги објасниле сите досега користени механизми на узурпација на јавните финансии од што сигурно би можело да се заклучи оти кај тие што ги управуваат, воопшто, не недостигаат знаења. Напротив, голем дел од луѓето од сите досегашни владејачки структури покажаа завидни познавања и вештини при пренасочување на јавните пари за приватни интереси, само што обвинителите и судиите „не беа доволно едуцирани“ за тоа и да го докажуваат. Таквата политика на неказнивост резултира со ширењето на „вирусот“ низ системот во таа мера што злоупотребата на јавните, со нејзините различно мутирани форми, не само што поприми епидемиски размери туку, безмалку, стана и општествено прифатлива појава

Додека се одвива вакциналната офанзива од досега невидени размери, а двете најголеми политички партии се занимаваат со внатрепартиски избори, власта се труди да ја држи јавноста во убедување оти во земјава забрзано се одвиваат и цела низа реформски процеси, меѓу кои, еве, како што можеше да се разбере, се подготвува и предлог-закон за основање академија за јавни финансии. Целта на најавениот закон, според образложението во предлогот, е „да се обезбеди континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии во насока на создавање на модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти“. Ни повеќе ни помалку, туку академија за јавна администрација, каква што, и покрај поразителните резултати, веќе со години постои за судиите и за обвинителите. Е па, кога на работа ги примаат недоучени, тогаш државата мора да им обезбеди доучување. Како на пример, кога во Фондот за здравство, како една од клучните установи не само во времево на пандемија туку и без неа, на местото советник за административна поддршка се вработува ликовен уметник. Ајде што државата губи еден изучен ликовен уметник во чие образование вложувала, ајде што добива несоодветно образован советник за административна поддршка во Фондот, туку веројатно ќе треба да плаќа уште еден несреќник, кој, ако има среќа да има соодветни квалификации и мотивација, ќе работи и за двајцата.
Сосема непотребно е сега да се навлегува во расправата дали огласот за вработување во Фондот за здравство е наместен и дали ќе биде повлечен или поништен поради најавената нова систематизација, од проста причина што овој случај не е исклучок, туку е речиси правило при вработувањата во јавниот сектор. Роднински, партиски и пријателски врски до толку се разгранети низ институциите што таму и не може да процути ништо друго освен слепата послушност, внимателно спакувана во милозвучниот термин лојалност, но не кон државата и кон јавниот интерес, туку кон тој што му ја обезбедил позицијата. И кога тој некој ќе посака да ги „пренасочи“ јавните пари, тешко дека подолу во хиерархијата ќе се најде јунак што ќе се обиде да му објасни оти тоа можеби и не е најдобра одлука. Особено во ситуацијата кога и тој некој најчесто е само фигура што треба да ги канализира буџетските трансфери до разни „клиенти“.

Ни повеќе ни помалку, туку академија за јавна администрација каква што, и покрај поразителните резултати, веќе со години постои за судиите и за обвинителите. Е па, кога на работа ги примаат недоучени, тогаш државата мора да им обезбеди доучување. Како на пример, кога во Фондот за здравство, како една од клучните установи не само во времево на пандемија туку и без неа, на местото советник за административна поддршка се вработува ликовен уметник. Ајде што државата губи еден изучен ликовен уметник во чие образование вложувала, ајде што добива несоодветно образован советник за административна поддршка во Фондот, туку веројатно ќе треба да плаќа уште еден несреќник, кој, ако има среќа да има соодветни квалификации и мотивација, ќе работи и за двајцата

И така веќе прашањето за мотивацијата го потиснува прашањето за едукацијата, односно, го наметнува прашањето што го мотивира еден ликовен уметник, на пример, наеднаш да почне да се занимава за јавните финансии, конкретно за парите на здравствените осигуреници, освен, се разбира, редовната плата и уредно намирените придонеси, што воопшто не е мотив за потценување. Судејќи според сите досегашни оцени на релевантните домашни и меѓународни организации и институции, тој мотив, сепак, најчесто, не бил доволен за ефикасно управување со јавните пари, поради што во приказните за јавните набавки постојано се споменуваат некакви анекси, отстапки, провизии… Самиот директор на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, пред некој ден потврди дека државниот буџет се оштетува за десетици, па и стотици милиони евра годишно, преку злоупотреба на службените позиции и функции. Економистите сигурно подобро би ги објасниле сите досега користени механизми на узурпација на јавните финансии од што сигурно би можело да се заклучи оти кај тие што ги управуваат, воопшто, не недостигаат знаења. Напротив, голем дел од луѓето од сите досегашни владејачки структури покажаа завидни познавања и вештини при пренасочување на јавните пари за приватни интереси, само што обвинителите и судиите „не беа доволно едуцирани“ за тоа и да го докажуваат.

Таквата политика на неказнивост резултира со ширењето на „вирусот“ низ системот во таа мера што злоупотребата на јавните финансии, со нејзините различно мутирани форми, не само што поприми епидемиски размери туку, безмалку, стана и општествено прифатлива појава. Вистина, не се сите тие „соеви на вирусот“ автохтони, има и увезени иако и едните и другите на државата ѝ причинуваат огромна штета, што е уште една потврда дека нивното познавање на вештините за претворање на јавните пари во приватни е огромно, од наместените јавни набавки, преку создавањето разни добро платени посреднички структури и предимензионираните инвестиции, до измислените работни места. Сето тоа не можат да го прават поединци, потребни се структури, често и мошне комплексни и меѓусебно поврзани, на кои очигледно не им недостига едукација, а мотивација имаат онолку колку што имаат на располагање простор за злоупотреба на јавните добра и пари. Кога тој простор ќе им се ограничи, тие сами ќе почнат да се повлекуваат. Но прашањето за милион долари е кој е тој што ќе им го ограничи просторот.

[email protected]