Тан­дем­ска на­ста­ва во при­ро­да за вре­ме на рас­пу­стот

Пи­лот-про­е­ктот по­ка­жал де­ка де­ца­та на­у­чи­ле пра­вил­но да пра­ват ко­лут на­пред, пра­вил­но да тр­ча­ат и да ско­ка­ат, пра­вил­но да ги пра­ват си­те при­род­ни фор­ми на дви­же­ње. Ова зна­чи де­ка е по­ста­ве­на ос­но­ва. А ко­га има ос­но­ва, по­тоа по­лес­но се учат дру­ги­те спор­то­ви – ра­ко­мет, фуд­бал, ко­шар­ка. Ако во пер­и­о­дот на раст и раз­вој на де­те­то се ут­не ра­бо­та­та, по­тоа сле­ду­ва­ат искри­ву­ва­ња на `рбет, рам­ни ста­па­ла и дру­ги ди­јаг­но­зи на кои тре­ба до­пол­ни­тел­но да се ра­бо­ти за да се от­стра­нат

Во вре­ме ко­га де­ца­та го­лем дел од де­нот, осо­бе­но се­га за лет­ни­от рас­пуст, са­ка­ат да ми­ну­ва­ат пред комп­ју­тер, те­ле­ви­зор, таб­лет, те­ле­фон или лап­топ, не­оп­ход­но е, освен ро­ди­те­ли­те, и др­жа­ва­та пре­ку ин­сти­ту­ци­и­те да по­ка­же гри­жа за нив­но­то здрав­је. Де­ка има слух за ра­бо­ти­те што вре­дат, ви­дов­ме ток­му со но­се­ње­то на но­ви­от За­кон за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, ко­га бе­ше нај­а­ве­но оза­ко­ну­ва­ње на иде­ја­та на де­кан­ка­та на Фа­кул­те­тот за фи­зич­ка кул­ту­ра школ­ски­те де­ца од пр­во до пет­то од­де­ле­ние да има­ат двај­ца на­став­ни­ци на ча­со­ви­те по фи­зич­ко обра­зо­ва­ние – по­крај од­де­лен­ски­от, и пред­мет­ни­от. Под­др­шка за оваа ре­во­лу­ци­о­нер­на но­ви­на да­де и вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, кој има­ше се­ри­ја на­пи­си за при­до­би­вки­те од ва­кви­от нов на­чин на ра­бо­та во учи­ли­шта­та.

Ре­ал­но, еден од проб­ле­ми­те со овие ча­со­ви е тоа што тие не се одр­жу­ва­ат во пот­пол­ност, осо­бе­но во од­де­лен­ска на­ста­ва. Тоа е та­ка за­тоа што на на­став­ни­ци­те, осо­бе­но оние по­во­зрас­ни­те (не си­те, се раз­би­ра), по­лес­но им е да ги кон­тро­ли­ра­ат де­ца­та ко­га се во учил­ни­ца­та, да­вај­ќи им да ре­ша­ва­ат за­да­чи по ма­те­ма­ти­ка или да обра­бо­ту­ва­ат тек­сто­ви по ма­ке­дон­ски ја­зик, а тоа по­те­шко им оди од ра­ка ко­га де­ца­та се во спорт­ска са­ла, рас­тр­ча­ни и среќ­ни што има­ат мож­ност да „по­бег­нат“ од учи­лиш­но­то стол­че. Це­лод­нев­на­та на­ста­ва трае це­ли осум ча­са, а во пер­и­о­дот на раст и раз­вој не­за­мис­ли­во е де­ца­та да не­ма­ат фи­зич­ка актив­ност во те­кот на де­нот. Оваа но­ви­на се оче­ку­ва да ја про­ме­ни ва­ква­та пра­кти­ка, би­деј­ќи отсе­га од­де­лен­ски­от на­став­ник ќе би­де тој што ќе тре­ба да умее да вос­по­ста­ви ред во са­ла­та, а на­став­ни­кот по фи­зич­ко обра­зо­ва­ние пра­вил­но да им ги де­мон­стри­ра веж­би­те на де­ца­та.

Пред да ста­не дел од но­ви­от за­кон за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, де­лот што пред­ви­ду­ва тан­дем на­став­ни­ци на ча­со­ви­те по фи­зич­ко обра­зо­ва­ние, во пет учи­ли­шта бе­ше спро­ве­ден пи­лот-про­е­ктот. Тоа тра­е­ше де­вет ме­се­ци, од­нос­но ед­на учеб­на го­ди­на. За ед­на учеб­на го­ди­на де­ца­та на­пред­на­ле со си­стем­ска и план­ска ра­бо­та, од­нос­но кај нив би­ле за­бе­ле­жа­ни по­до­бар мо­то­рич­ки раз­вој и по­до­бри мо­то­рич­ки ве­шти­ни. Би­ле сле­де­ни две гру­пи уче­ни­ци, ед­ни­те има­ле фи­зич­ко са­мо со од­де­лен­ски­от на­став­ник, а дру­ги­те ра­бо­те­ле во тан­дем. Тој пи­лот-про­ект на кра­јот во пра­кти­ка­та по­ка­жал де­ка тан­дем­ски­те ча­со­ви по­ве­ќе при­до­не­ле во раз­во­јот на му­скул­но-ске­лет­ни­от фит­нес, што е и ста­ти­стич­ки до­ка­жа­но. 

Та­ка, на фи­нал­но­то ме­ре­ње, во спо­ред­ба со ини­ци­јал­но­то ме­ре­ње, уче­ни­ци­те од екс­пе­ри­мен­тал­на­та гру­па про­сеч­но на­пра­ви­ле че­ти­ри по­ди­га­ња на тру­пот по­ве­ќе (39 от­сто), нас­про­ти две по­ди­га­ња на тру­пот во кон­трол­на­та гру­па (22 от­сто), скок­на­ле по­ве­ќе во да­ле­чи­на 18 сан­ти­ме­три (17 от­сто), нас­про­ти 10 сан­ти­ме­три во кон­трол­на­та гру­па (10 от­сто) и ја по­до­бри­ле си­ла­та во те­стот за ди­на­мо­ме­три­ја­та на длан­ка­та за три ки­ло­гра­ми (21 от­сто), нас­про­ти два ки­ло­гра­ми во кон­трол­на­та гру­па (18 от­сто).

Тан­дем­ска­та на­ста­ва зна­чи­тел­но при­до­не­ла во раз­во­јот на ко­ор­ди­на­ци­ја­та, агил­но­ста и бр­зи­на­та на уче­ни­ци­те. Де­ца­та на­у­чи­ле пра­вил­но да пра­ват ко­лут на­пред, пра­вил­но да тр­ча­ат и да ско­ка­ат, пра­вил­но да ги пра­ват си­те при­род­ни фор­ми на дви­же­ње. Ова зна­чи де­ка е по­ста­ве­на ос­но­ва. А ко­га има ос­но­ва, по­тоа по­лес­но се учат дру­ги­те спор­то­ви – ра­ко­мет, фуд­бал, ко­шар­ка. Ако во пер­и­о­дот на раст и раз­вој на де­те­то се про­пу­шти гра­де­ње­то на ос­но­ва­та, сле­ду­ва­ат искри­ву­ва­ња на `рбе­тот, рам­ни ста­па­ла и дру­ги ди­јаг­но­зи на кои тре­ба до­пол­ни­тел­но да се ра­бо­ти за да се из­ле­чат. От­ту­ка, на­ста­ва­та со двај­ца на­став­ни­ци е од­лич­на за­тоа што ќе соз­да­ва здра­ви ге­не­ра­ции. Низ тој про­цес уче­ни­ци­те ќе учат да ко­му­ни­ци­ра­ат, а со се­ко­ја пра­вил­но на­пра­ве­на веж­ба ќе ста­ну­ва­ат по­си­гур­ни во се­бе, тоа ќе вли­јае на зго­ле­му­ва­ње на нив­на­та са­мо­до­вер­ба.

Оваа исто­ри­ска но­ви­на е тренд на ви­со­ко­раз­ви­е­ни­те зем­ји, кои одам­на раз­ви­ва­ат спорт­ска кул­ту­ра и со­ци­ја­ли­за­ци­ја кај де­ца­та. Ко­га кај нив во пр­ви­те ни­воа на обра­зо­ва­ние ќе би­де из­гра­де­на ос­но­ва­та, по­тоа во пер­и­о­дот на пу­бер­те­тот ќе им би­де мно­гу по­лес­но да ра­бо­тат пра­вил­но на ча­со­ви­те по фи­зич­ко, за­тоа што ве­ќе ќе има­ат спорт­ска на­ви­ка.

Ко­га се во­ве­ду­ва ре­фор­ма за здра­ви де­ца, тоа не тр­пи им­про­ви­за­ци­ја во пра­кти­ка­та. Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка мо­ра да вра­бо­ти на­став­ни­ци по фи­зич­ко обра­зо­ва­ние она­му ка­де што има не­до­стиг, за на­ста­ва­та на овие ча­со­ви да се из­ве­ду­ва ка­ко што е за­мис­ле­но, би­деј­ќи ова е клу­чен пер­и­од за пра­ви­лен раст и раз­вој на се­кое де­те. Се­ка­ко, сво­ја уло­га во пра­вил­ни­от пси­хо­фи­зич­ки раз­вој на мла­ди­те има­ат и ро­ди­те­ли­те, кои во овој пер­и­од, до­де­ка де­ца­та се на рас­пуст, тре­ба да ги пот­тик­ну­ва­ат на што по­го­ле­ма фи­зич­ка актив­ност, пе­ша­че­ње, веж­ба­ње во при­ро­да, на­ме­сто се­де­ње по це­ли де­но­ви пред комп­ју­тер или мо­би­лен, игра­ње игри и стек­ну­ва­ње за­вис­ност од тоа.

Фото: Игор Бансколиев