Собрание, претседател, референдум или ние

Тука не е крајот. На дневен ред сега е промената на Уставот (!?). Нашиот Устав?! Друга држава ни бара (уценува) да го смениме нашиот сопствен македонски устав. Агресија? Ние се соочуваме со ултиматум со наметнатото барање за промени на Уставот. Се разбира дека претседателот Иванов нема да го стави својот потпис на овој меѓународен „договор“ со Грција. А за Собранието? Се разбира дека не се подразбира. Референдум? Па ниту предците не ни дале легитимитет референдумски да се изјаснуваме за ова прашање. Бидејќи ова прашање не се става на дневен ред за разгледување. За нешто друго, можеби може да се разговара или преговара или договара, но за ова – не!

И официјално вчера Македонија и Грција го потпишаа договорот со кој земјава доби име ерга омнес „Република Северна Македонија“. Историски момент, велат некои, со кој се реши долгогодишниот спор со Република Грција (?!), спор што трае цели 27 години. Но нели името на земјава е наше исконско и некој ни го оставил во наследство, па оттаму и никој нема право да го менува? А кога нешто е наследство има ли некој право да го крчми и раздава тоа историско наследство, наместо да го чува како нешто најсвето. Тоа е наша обврска, обврска на македонскиот народ. А ние сме сега и тука! Убаво вели професорката Гордана Силјановска дека името ни е свето наследство и аманет и затоа македонскиот народ има обврска да го зачува.

Северна Македонија не е држава, тоа е посочена географска област, која можеби само ќе ги дополни трите други во Република Грција. Врховно право е всушност неприкосновеното право на секоја земја да си избере како сака да се вика и по ова прашање никој нема право да ѝ се меша. Освен ако самите не се самоукинеме. Самоуништиме. Сами да се згаснеме. А не некој друг да го побара или да го стори тоа.
И којзнае што друго понатаму ќе се побара од нас, ако се знае дека договорот што се потпиша има цели 19 страници, лавиринт за нас, полн со замки и со стапици, за некого можеби нејаснотии.

И тука не е крајот. На дневен ред сега е промената на Уставот (!?). Нашиот Устав! Друга држава ни бара (уценува) да го смениме нашиот сопствен македонски устав. Агресија? Ние се соочуваме со ултиматум со наметнатото барање за промени на Уставот. Се разбира дека претседателот Иванов нема да го стави својот потпис на овој меѓународен „договор“ со Грција. А за Собранието? Се разбира дека не се подразбира. Референдум? Па ниту предците не ни дале легитимитет референдумски да се изјаснуваме за ова прашање. Бидејќи ова прашање не се става на дневен ред за разгледување. За нешто друго, можеби може да се разговара или преговара или договара, но за ова – не! И сега? Што по потпишувањето? Правните експерти добро велат дека меѓународните потпишани договори стануваат составен дел од нашиот правен поредок, тоа секако значи и одредени импликации. Нејасно станува што сега и што по референдумот… Ќе претрпи ли промени веќе потпишаниот договор и нели можеби беше потребно барем претходно да се одржи некаков консултативен референдум, па да се изјасни народот што сака, се согласува ли или не!?

Многу отворени прашања, кои наведуваат само на фактот дека сето ова, барем од правен аспект, нема да помине. Политиката е нешто друго, но правото е многу егзактно. Како што тврдат експертите, постојат низа правни пречки на кои договорот за промена на нашето уставно име ќе се сопне и тоа несоборливи пречки. Првата на која ќе наиде е вето на претседателот на државата, кој нема да стави потпис, а кој инаку е единствен овластен да потпишува меѓународни договори, а не премиерот и министерот во случајов, кои ги пречекорија своите овлажувања. Втората пречка е Уставниот суд, кој има право и да укинува меѓународни договори, како што го стори тоа со укинувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција за нафтоводот. А Уставниот суд ќе има полно право да го поништи овој договор, бидејќи очигледно е направен правен преседан. Третата пречка секако е референдумот, кој има едно универзално правило, она што е решено на референдум мора да се реши со друг референдум, а добро е познато дека народот еднаш одлучи државата да се вика Република Македонија. Никој не го праша народот дали сака земјата да го носи името „Северна Република Македонија“. На овој начин, народот е изигран. Четврта пречка преку која договорот што вчера беше потпишан нема да помине е Собранието во кое договорот нема да добие двотретинско мнозинство.

Но, да не ја заборавиме и втората страна. Иако Владата на Ципрас го преживеа гласањето за доверба, постојат и низа реални пречки во процедурата и од нивната страна. Пред сѐ, грчкиот парламент може да е сериозна пречка, бидејќи актуелните случувања покажаа дека СИРИЗА има зад себе 153 пратеници, но не смее да се испушти од предвид дека Каменос не го поддржа договорот. Имено, тој гласаше за поддршка на Владата, но нема и за договорот. А грчкиот парламент ратификува договори со три петтини од мнозинството, па следствено на тоа и по најавата дека 10 пратеници на СИРИЗА нема да го гласаат договорот, значи дека договорот и таму е на тенок мраз. Доколку пак и се изгласа, тогаш Република Грција треба да ѝ испрати нота на Република Македонија. Овој договор може да се сопне и на грчки референдум, па се поставува прашањето дали воопшто ќе преживее и таму.

Но да не спиеме на тоа уво, нам за нашите работи не треба никој да ни одлучува, ниту да се потпираме на туѓите одлуки. Она што се однесува за нас е само наше, па дури и проблемите од најсуштински карактер, како ова прашање. Затоа да отвориме четири очи и уши, бидејќи договорот веќе го прифаќаме како подарок од Данајците.