Секс, данок и политика

Веќе иритантната површност и недоследност, со кои се води државата, говорат во прилог на второто, иако ниту за првото нема оправдување, зашто во тој случај станува збор за неспособност, а на неспособните не би требало да им се дозволи да се искачуваат до врвот и уште помалку таму и да се задржуваат. Исто како и на неискрените и на нечесните, кои на сето погоре споменато уште и свесно ги замаглуваат линиите на кривичната и на политичката одговорност, зашто и едните и другите, кога се симнуваат, во правило предизвикаат лавини и одрони, во кои уште долго остануваме затрупани

Вообичаено помалку видливата, па некогаш дури и тајната, врска помеѓу сексот, даноците и политиката деновиве навестува видливи последици на јавната сцена. Имено, Владата реши малку да пилотира со сексуално образование во основните училишта, а да го замрзне прогресивниот данок, кој беше нејзиниот главен адут во економскиот дел од последната предизборна програма. Всушност, обратно беше, прво го замрзна данокот, а потоа реши да воведува сексуално образование во училиштата. A тука веќе има и секс и политиката. Поточно, обид за манипулација и дефокусирање на јавноста зашто се знае како може да реагира оваа мошне конзервативна средина на таквите пилотирања.

Зошто актуелната влада толку често се премислува и чуму тие нејзини де леви, де десни скршнувања. Никако да си го фати патот. Токму моменталната ситуација со воведувањето сексуално образование, како нешто по што посегнуваат главно левичарските влади, и форсирањето на рамниот данок, како омилена десничарска мерка, го потврдува тоа. Го потврдија тоа и уште некои досегашни ситуации, но нема сега да се докажуваме. Уште поинтересна е недоследноста во спроведувањето на владините политики преточени во одредени мерки, а потоа и во законите со што директно се атакува врз заложбите за конечно воспоставување правна сигурност за граѓаните, долгорочност и предвидливост за стопанството, и конечно, обидите Македонија да се претстави пред светот како сериозна и стабилна држава

Но настрана веќе исцрпените дискусии за (не)оправданоста на воведувањето на сексуалното образование во училиштата и за најсоодветниот модел на оданочување. Поинтересно е сега да се објасни зошто актуелната влада толку често се премислува и чуму тие нејзини де леви, де десни скршнувања. Никако да си го фати патот.
Токму моменталната ситуација со воведувањето сексуално образование, како нешто по што посегнуваат главно левичарските влади, и форсирањето на рамниот данок, како омилена десничарска мерка, го потврдува тоа. Го потврдија тоа и уште некои досегашни ситуации, но нема сега да се докажуваме. Уште поинтересна е недоследноста во спроведувањето на владините политики преточени во одредени мерки, а потоа и во законите со што директно се атакува врз заложбите за конечно воспоставување правна сигурност за граѓаните, долгорочност и предвидливост за стопанството, и конечно, обидите Македонија да се претстави пред светот како сериозна и стабилна држава. Кога на тоа ќе му се придодадат и заложничките коалицирања заради одржување на власта и многубројните потврдени и непотврдени кадровски промашувања на сите нејзини нивоа, се доаѓа до заклучокот дека Владата или е крајно несигурна и дезориентирана, ги испушта конците од рацете, или воопшто не ни настојува да се фокусира на управувањето со системот и не функционира како организирана структура, туку секој си ги тера своите самопромоции и бизниси застанувајќи повремено на некоја прес-конференција за невешто да го залаже народот или да се слика со некој гостин од странство создавајќи привид дека нешто се работи и за државата.

Веќе иритантната површност и недоследност, со кои се води државата, говорат во прилог на второто, иако ниту за првото нема оправдување, зашто во тој случај станува збор за неспособност, а на неспособните не би требало да им се дозволи да се искачуваат до врвот и уште помалку таму и да се задржуваат. Исто како и на неискрените и на нечесните, кои на сето погоре споменато, уште и свесно ги замаглуваат линиите на кривичната и на политичката одговорност, зашто и едните и другите, кога се симнуваат, во правило предизвикаат лавини и одрони, во кои уште долго остануваме затрупани. А колку подолго остануваат на власт толку поголеми и подолгорочни штети предизвикуваат.А ефикасноста во управувањето со државата е сосема мерлива категорија. Таа се состои од перцепцијата за квалитетот на јавните услуги, квалитетот на работењето на државните служби и на степенот на нивната отпорност на политички, бизнис и секакви други притисоци, од квалитетот на дефинирањето и спроведувањето одредени политики, како и од владината посветеност на спроведувањето на тие политики, од нивото на одговорност за управување со јавниот имот и финансии… И тоа ниту одблиску не може да се идентификува со управување со приватна фирма.

[email protected]