Реформиран систем на оценување и уписи

За да обезбеди поголема објективност во услови на пандемија, лани Бирото за развој на образованието подготви упатство за оценување по чии правила требаше да се водат наставниците кога ќе ги оценуваат своите ученици. На хартија беше предвидено напредокот да се следи со физичко присуство во училница, на посебни средби, на кои во исто време беше дозволено да присуствуваат најмалку двајца, а најмногу десет ученици. Но во практика, сепак, ретко кое училиште функционираше на овој начин

Низ процесот на образование, особено на крајот на секоја учебна година, оценките се понекогаш предмет на незадоволство и нервоза кај одредени ученици и родители, а често поради желбата тие да бидат повисоки, притисоци и закани трпат наставниците, кои поради ова го губат својот кредибилитет. Со оглед на фактот дека оваа година се учеше во вонредни услови, сепак разбирливо е донекаде што се пишуваат повисоки оценки за помалку вложен труд, бидејќи психолози предупредуваа дека во вакви услови треба да се има разбирање и да се покаже грижа за менталното здравје на учениците. Но колку реално е корисен и потребен вака поставен системот на оценување на учениците во основното и во средното образование во државата?

За да обезбеди поголема објективност во услови на пандемија, лани Бирото за развој на образованието подготви упатство за оценување по чии правила требаше да се водат наставниците кога ќе ги оценуваат своите ученици. На хартија беше предвидено напредокот да се следи со физичко присуство во училница, на посебни средби, на кои во исто време беше дозволено да присуствуваат најмалку двајца, а најмногу десет ученици. Но во практика, сепак, ретко кое училиште функционираше на овој начин. Замислата беше дека со овој пристап ќе му се овозможи на наставникот да му посвети доволно внимание на секој ученик и да ги согледа тешкотиите/предизвиците со кои се соочува во постигнувањето на резултатите предвидени со наставните програми. На тие средби требаше да има дообјаснување и надминување на празнините во наученото, поттикнување дополнително учење, пишување писмени вежби од страна на учениците, писмено решавање задачи, со прикажување на целата постапка. Сепак, веројатно стравот од посети во училиштата си го направи своето, па децата во најголем дел беа оценувани комплетно на далечина, а прашање е колку објективно е оценето реалното знаењето на учениците.

И годинава има паралелки во основното образование во кои сите ученици се одлични. Ова е слика што ја гледаме секоја година откако се укина екстерното тестирање. Сега повторно се наметнува дилемата дали треба исклучиво оценките, односно општиот успех да биде главен фактор при уписите во училиште за средно образование. Погрешно е што надлежните со децении ги учат децата дека оценката е најважна, а не на пример процесот на решавање проблем и критичкото мислење. Во право се некои наши образовни експерти, кои укажуваат дека две прашања се отворени, што е тоа што се мери, и кој, зошто и како ги користи информациите. За нив, сама по себе, оценката не кажува баш ништо за испитаникот, кој кога ќе добие одредена оценка, се гледа на него низ призма на таа оценка, а не на она што тој го умее, за што има вештини и афинитети.

Деновиве се вршат уписите во средните училишта. И годинава сѐ е по старо, нема промена во политиката на прием. Важно е да се имаат добри оценки за да се „влезе“, а воопшто не се посветува внимание за што е способен кандидатот, какви интереси има, какви афинитети има и за што го бива. Нема професионална ориентација во основното образование по примерот на развиените земји. За прием во средното медицинско „Д-р Панче Караѓозов“, важно е оценките во свидетелствата по сите предмети да се петки, од прва до последна. И ништо друго

Деновиве се вршат уписите во средните училишта. И годинава сѐ е по старо, нема промена во политиката на прием. Важно е да се имаат добри оценки за да се „влезе“, а никој не прашува за што е способен кандидатот, какви интереси има, какви афинитети има и за што го бива. Нема професионална ориентација во основното образование по примерот на развиените земји. За прием во средното медицинско „Д-р Панче Караѓозов“, важно е оценките во свидетелствата по сите предмети да се петки, од прва до последна. И ништо друго. Токму ова е доволна причина за реформирање на начинот на вреднување на резултатите на учениците.

Некои експерти дури и се залагаа и за тоа воопшто да нема оценување на учениците во основното образование. Професорот Кирил Барбареев смета дека училиштата во основното образование треба да ја имаат целта да бидат суштински фактор, што постојано ќе ги мотивира децата да ги всадат во себе вредностите на животот, во формирањето на ставовите кај децата, зошто всушност ни се потребни училиштето, семејството, државата. Оценувањето на училиштето, наставникот и на ученикот, според него, не е во согласност со современите текови и другите образовни системи и затоа е потребен концепт во кој професионалниот развој на наставникот ќе се мери по излезните резултати, а не од оценките или бројот на поени.

Ако образовните власти сакаат да ја има потребната објективност при оценувањето, треба да мислат на промени, бидејќи само реалното оценување создава праведен образовен систем.