Револуцијата ги изеде и своите и туѓите деца

Едноставно, како да го снема ентузијазмот. Како неповратно да исчезна и последниот никулец на надеж и на верба оти нештата можат да се сменат, не формално, во смисла на промена на политичката гарнитура на чело на државата, туку суштински, во животниот стандард и во квалитетот на животот, во здравството, образованието, правосудството, управувањето со државните ресурси, нивото на политичката култура…

Антивладините протести што деновиве ги брануваат Белград, Подгорица, Тирана, Букурешт, Атина… иако навистина блиску, изгледаат мошне далеку од моменталната македонска перспектива. Не дека тие не потсетуваат на секојдневните бунтувања во Македонија, на средношколските и студентските протести, кои во не толку далечно минато прераснаа во Шарената револуција, или дека народот сега нема што да ѝ замери на Владата, или дека опозицијата не сака да се врати на власт… Едноставно, како да го снема ентузијазмот. Како неповратно да исчезна и последниот никулец на надеж и на верба оти нештата можат да се сменат, не формално, во смисла на промена на политичката гарнитура на чело на државата, туку суштински, во животниот стандард и во квалитетот на животот, во здравството, образованието, правосудството, управувањето со државните ресурси, нивото на политичката култура…

Сигурно сега некој ќе рече дека сепак имало одреден напредок барем во некои од овие сегменти, дека тоа го забележувале дури и претставници на меѓународната заедница. Но тоа се нештата што се гледаат само на хартија, што имаат строго наменска употреба. Во секојдневниот живот тоа воопшто не се чувствува, ниту пак можат да се почувствуваат некакви навестувања дека ситуацијата ќе се подобри. Тоа, пред сѐ, веќе им е јасно на добар дел од оние врз чиј ентузијазам СДСМ и партиите околу него, дојаваа на власт, на некогашните средношколци, сега веќе студенти и на некогашните студенти, сега кандидати за вработување во државната администрација или за одење во странство, но и на големиот број интелектуалци и граѓански активисти. Некои од нив и јавно го искажуваат својот револт, но само на социјалните мрежи. Некои тивко голтаат кнедли зашто како „првоборци“ останаа заборавени при поделбата на функциите, поради што на некој начин се чувствуваат и казнети. За мерење на улиците, веќе ниту имаат сила, ниту пак веруваат дека со тоа може нешто да се смени.

Силата ја напушти и опозицијата, или барем она што остана од неа откога некои од нејзините првенци се разбегаа, кој преку границата, кој во скутот на власта за да се спасат од кривичниот прогон.

Но затоа на помалите политички партии одамна им се врзани рацете со востановениот изборен систем, кој уиграниот политички двоец, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, очигледно нема намера да го менува, така што единствената шанса за нивното политичко, не дејствување, туку преживување, е непродуктивно, но безбедно да лебдат во орбитите на некоја од двете поголеми партии, по можност на владејачката.

Сите оние што не се врзани со некакви директни интереси ниту за власта ниту за опозицијата, како да се апстрахираат од сѐ што има врска со политиката, веќе длабоко убедени оти и власта и опозицијата постојат само заради себеси, дека помеѓу нема и нема да има ништо трето, и дека конечно, особено по последниот референдум и по судските постапки што произлегоа од длабоко политизираните афери и настани во изминативе неколку години, никако не можат да влијаат врз политичките процеси. Така се топеше ентузијазмот, се претвори во тивка резигнираност, која актуелната власт, по сѐ изгледа, почна погрешно да ја толкува како поддршка, или барем некаква согласност со нејзините политики што е далеку од реалноста, барем толку колку што се далеку и резултатите од ветените реформи

Ретките индивидуалци, луѓе со кредибилитет и интегритет, кои во одредени ситуации, како на пример моменталната во која се пројавува интерес за кандидирање за местото претседател на државата, би можеле да дојдат до израз, со по сѐ изгледа координираната акција на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, се пасивизирани, поточно принудени да останат воздржани, поради понижувачката процедура за селектирање на кандидатите преку партиските огласи, која веројатно не без причина се растегнуваше речиси до крајниот рок. За кого било без логистика од големите партии, тоа е украдено време.

И поширокото граѓанството е лишено од многу нешта, кои со право ги очекуваше. Поради тоа, сите оние што не се врзани со некакви директни интереси ниту за власта ниту за опозицијата, како да се апстрахираат од сѐ што има врска со политиката, веќе длабоко убедени оти и власта и опозицијата постојат само заради себеси, дека помеѓу нема и нема да има ништо трето, и дека конечно, особено по последниот референдум и по судските постапки што произлегоа од длабоко политизираните афери и настани во изминативе неколку години, никако не можат да влијаат врз политичките процеси.
Така се топеше ентузијазмот, се претвори во тивка резигнираност, која актуелната власт, по сѐ изгледа, почна погрешно да ја толкува како поддршка, или барем некаква согласност со нејзините политики што е далеку од реалноста, барем толку колку што се далеку и резултатите од ветените реформи.

И за крај, сето погоре напишано не треба да се сфати како некаква антивладина порака или повик за бунт, туку како добронамерно укажување дека цврстата поддршка што меѓународната заедница ѝ ја даде на Владата заради постигнување и реализирање на договорот со Грција, не треба да се зема здраво за готово како некаков заштитен чадор за безусловно опстојување на власта, како нешто што однапред ќе ја амнестира за сите мерки и политики што погрешно или воопшто не ги реализира.