Прво ќе ги амнестираш, па ќе ги бенефицираш

Откако многумина од обвинетите за 27 април, меѓу кои и некои пратеници, се премислија и наместо да бараат „правда“ низ судските процедури, побараа помилување, сега на Миле му текнало, по истекот на мандатите, да им овозможи и врaботување во државната служба. По бурните реакции во јавноста, политичките партии се дистанцираа од оваа идеја, но никој децидно не демантира дека таков предлог постои, така што останува горчливиот вкус од уште еден во низа обиди на пратениците, и на носителите на највисоките државни функции воопшто, да си исползуваат уште по нешто од државата, која и така веќе хронично боледува од недостигот од професионални, одговорни, стручни и совесни кадри и од вишокот административци, кои не можат ниту да си го најдат работното место, или едноставно спијат на работа

Постои едно наивно верување дека богатите и моќни луѓе немаат причина да лажат, мамат и да крадат. Се очекува оние што немаат егзистенцијални грижи да се свесни оти не треба да ја злоупотребуваат позицијата, особено не на штета на оние што едвај преживуваат. Но голем број истражувања покажаа дека реалноста е сосема поинаква. Како што луѓето се искачуваат на социјалната скала, нивната емпатија паѓа.
Група психолози од „Беркли“, на пример, долго време го проучуваа влијанието на општествената положба, мерено со материјалното богатство, професионалната репутацијата и образованието, врз сочувство кон другите луѓе. Во една од нивните студии, тие го набљудуваа однесувањето на возачите во текот на интензивен сообраќај. Откриле дека возачите на скапи автомобили најчесто им го ускратувале правото на првенство на другите учесници во сообраќајот. Ова еднакво важело за возачите од двата пола од повисоките социјални слоеви. Втората студија покажала дека возачите на луксузни автомобили, исто така, најчесто не ги пропуштале пешаците на зебра. Во литература можат да се најдат уште многу слични примери од истражувања на оваа тема, кои, се разбира, секогаш водат кон прашањето како да се објасни недостигот од разбирање и сочувство кај претставниците на повисоките слоеви на општеството. Веќе споменатите психолози имале неколку објаснувања. Првото е дека богатство и моќта им дават чувство на слобода и независност на луѓето. Богатите не мора да се потпираат врз други, па затоа и не мора да се грижат за нивните чувства и потреби. Второто објаснување е човечката алчност.

Луѓето од повисоките општествени слоеви сметаат дека алчноста е оправдана, корисна и морална. Во денешното време на големи разлики во материјалните можности на луѓето, познавањето на односот меѓу богатството и сочувството може да има големи импликации. Оние што ја имаат целосната власт, политичка и секаква друга, најчесто доаѓаат од привилегираните слоеви на општеството. Малку е веројатно дека најмоќните во општеството ќе донесат одлуки што ќе им користат на оние со помали можности или на сиромашните. Но многу е веројатно дека тие лесно ќе се определат за неетички одлуки и постапки.

Уште еднаш се покажа колку всушност народните избраници се грижат за благосостојбата на државата и на општеството, а колку за сопствената. Точно е дека алчноста е универзална човечка опсесија, но во здрави општества таа се контролира. Се става во рамки, преку непишаните и пишаните правила. Во нездравите, тешко заболените општества оваа опсесија создава систем на искривени вредности, неморален и безобразен, кој може да продуцира само неквалитет, корупција и криминал од една, и завист, фрустрација и отстапување од другата страна, а никако здрав натпревар и прогрес во каква и да е смисла. Но мора да се спомене и оти за да се доведеме во таквата ситуација, не им беа доволни само еден или неколку последователни мандати на тие што се менуваа на власт

Ова и слични истражувања, но и ништо помалку меродавните искуства од секојдневниот живот, помагаат да ги разбереме големиот број општествени девијации, меѓу кои и алчноста на пратениците, кои којзнае по кој пат добија идеја да посегнат по нови бенефиции како надомест за своето, главно несмасно извршување на функциите.

Па, така, откако многумина од обвинетите за 27 април, меѓу кои и некои пратеници, се премислија и наместо да бараат „правда“ низ судските процедури, побараа помилување, сега на Миле му текнало, по истекот на мандатите, да им овозможи и врaботување во државната служба. По бурните реакции во јавноста, политичките партии се дистанцираа од оваа идеја, но никој децидно не демантира дека таков предлог постои, така што останува горчливиот вкус од уште еден во низа обиди на пратениците, и на носителите на највисоките државни функции воопшто, да си исползуваат уште по нешто од државата, која и така веќе хронично боледува од недостигот од професионални, одговорни, стручни и совесни кадри и од вишокот административци, кои не можат ниту да си го најдат работното место, или едноставно спијат на работа.

И без да се навлегува во контејнери, со самото лансирање на оваа идеја, уште еднаш се покажа колку всушност народните избраници се грижат за благосостојбата на државата и на општеството, а колку за сопствената. Точно е дека алчноста е универзална човечка опсесија, но во здрави општества таа се контролира. Се ставаа во рамки, преку непишаните и пишаните правила. Во нездравите, тешко заболените општества оваа опсесија создава систем на искривени вредности, неморален и безобразен, кој може да продуцира само неквалитет, корупција и криминал од една, и завист, фрустрација и отстапување од другата страна, а никако здрав натпревар и прогрес во каква и да е смисла. Но мора да се спомене и оти за да се доведеме во таквата ситуација, не им беа доволни само еден или неколку последователни мандати на тие што се менуваа на власт. Таков систем се создаваше, одржуваше, а по сѐ изгледа сега, како некаква грда дивоградба и се легализира, со доследно „примопредавање на должноста“, при што алчаците само се менуваат, но нивните методи остануваат, длабоко, како плевел, вкоренети во системот.