Парада на политичката неодговорност

Вчудовидувачки неодговорно звучи, некој и по две години тешка пандемија во изборните денови да се однесува како да не постои вирусот. Политички несериозно
е вината за ова да ја барате во друг и на тоа да собирате политички поени, а да заборавите што сте правеле еден месец претходно. Крајно неетички е од своите
поддржувачи да правите топовско месо и експериментален кластер, за да покажете колку сте повеќебројни и помоќни од политичкиот противник. Лицемерно е два дена да носите маски на митинзи во првите редови, ако ден претходно на внимателност повикаа експертите и медиумите, за три дена повторно да ги симнете. Да бидеме одговорни беше клучната поента на оваа пандемија, тест што партиите и политичарите не го положија

В недела, за четири дена, сѐ ќе заврши. Од понеделник функционерите ќе си седнат во фотелјите, а партиските активисти, кои еден месец шпартаа по државата, ќе се вратат во државните институции на работа. Гласачите и митингашите ќе си се приберат дома. Секој со своите проблеми ќе си го продолжи животот, онаму кај што застана пред првиот круг на изборите.
И тогаш ќе почне нашиот заеднички проблем, зимскиот бран на ковид-19.
За да биде парадоксот поголем, токму оние, партиите, кои се најмногу виновни, сега ќе бидат најгласни во барањето мерки за заштита, во обвинувањата кој и колку е виновен, а граѓаните за кои изборите беа само уште едно шоу, ќе бидат виновни зошто бројките се високи, зошто не почитувале мерки, зошто сакале да седат во ресторани и кафулиња, зошто сакале да слават празници. Сите ќе бидат виновни, само партиските ешалони ќе бидат невини. Невини затоа што тие се најгласни, а се најгласни за да ја исчистат совеста за својата вина.
Одговорноста кон јавното здравје стана жртва на борбата за власт.
Што е повредно, здравјето или власта?
Имаат ли политичарите свест за искреност и за одговорност? Можат ли партиите барем еднаш да бидат самокритични? Зарем е толку тешко да признаат вина, или тие се безгрешници?
Ова се прашања на кои одговорите ги знаат гласачите, но сепак им веруваат и ги гласаат на секои избори, барем најголем дел од гласачите.
Но вистината е дека партиите ќе бидат најголемите виновници за евентуалниот нов бран на новозаразени.

Епидемиолозите постојано предупредуваа на внимателност. Посочуваа дека по сите оние сцени на славења и на отворено и во затворено по првиот круг, без почитување на никакви мерки – маски и растојание – логично е дека би требало да се очекува зголемување на бројките на новозаразени.
Токму сега пред вториот круг на изборите, епидемиолозите посочија и партиите да покажат малку повеќе слух за актуелната епидемиолошка ситуација и да инсистираат на почитување на мерките во текот на изборните активности.
Во меѓувреме, расте и бројот на инфицирани наставници и ученици, во некои училишта е евидентно намалувањето на дисциплината и контролата во однос на почитувањето на мерките за заштита од ковид-19.
Газејќи по мерките за заштита, политичарите треба да бидат свесни дека евентуалното ново полнење на болничките капацитети оди на нивното неодговорно конто. Тие 35 дена изборна кампања, на која ги полнеа партиските собири, 35 дена тропање на секоја врата, покажаа дека за нив ништо не е свето, освен гласот што со спуштање на ливчето во изборната кутија ќе им го подарат граѓаните. До тој глас не се избираат ниту средствата ниту постапките. А целта на изборите е да се обезбеди подобро утре за тие што гласаат, а не подобра позиција на тие што се гласани.

За да биде парадоксот поголем, токму оние, партиите, кои се најмногу виновни, сега ќе бидат најгласни во барањето мерки за заштита, во обвинувањата кој и колку е виновен, а граѓаните за кои изборите беа само уште едно шоу, ќе бидат виновни зошто бројките се високи, зошто не почитувале мерки, зошто сакале да седат во ресторани и кафулиња, зошто сакале да слават празници. Сите ќе бидат виновни, само партиските ешалони ќе бидат невини. Невини затоа што тие се најгласни, а се најгласни за да ја исчистат совеста за својата вина. Одговорноста кон јавното здравје стана жртва на борбата за власт. Што е повредно, здравјето или власта?

Подобро утре не е ако за нивната подобра позиција, заложник е општото здравје на сите. Вчудовидувачки неодговорно звучи, некој и по две години тешка пандемија во изборните денови да се однесува како да не постои вирусот. Политички несериозно е вината за ова да ја барате во друг и на тоа да собирате политички поени, а да заборавате што сте правеле еден месец претходно.
Крајно нечовечки е од своите поддржувачи да правите топовско месо и експериментален кластер, за да покажете колку сте повеќебројни и помоќни од политичкиот противник.
Лицемерно е два дена да носите маски на митинзи во првите редови, ако ден претходно на внимателност повикаа експертите и медиумите, за три дена повторно да ги симнете.
Да бидеме одговорни беше клучната поента на оваа пандемија, тест што партиите и политичарите не го положија.
Веќе имаме доволно искуство од изминатите неколку брана на коронавирусот, од кои треба да се извлече поука и да не се дозволат грешки.
Лекцијата почнува дека секоја навремена реакција е најдобрата превентива. Колку порано се реагира, толку повеќе ќе се ублажат ударите од секој нареден бран. Одговорноста е сечија и на политичарите и на граѓаните и на здравствените власти.
А опасноста е тука и тлее.
Каков ли ќе биде овој пат ударот, кој слободно може да го наречеме со неговото второ име; харакири корона-удар!

[email protected]