Орлите високо летнаа

Токму еден од двајцата фотографирани летачи на орли, вицепремиерот Османи, стана главен промотор на таканаречениот владин план за итните реформски приоритети, кој првично беше димензиониран на 3, 6 и 9 месеци, за според последното, да стигне до 18 месеци. А како што се одвиваат работите, веројатно наскоро ќе биде продолжен за уште три месеци. Едни многу итни реформи! И приоритетни! Толку приоритетни што гласачите на Ахмети и на Османи по првичниот восхит од двојазичните натписи на судовите, сепак, исто како и сите други граѓани и понатаму ќе мораат да чекаат со години за да им заврши некој банален судски процес, а во меѓувреме по неколкупати ќе имаат преквалификации на делата или проблеми со судската достава, на пример

Лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата, Али Ахмети, и неговиот сопартиец, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, го прославија озаконувањето на двојазичноста фотографирајќи се со вкрстени раце како симбол на двоглав орел, кој иако мошне распространет и чест хералдички симбол на овие простори асоцира, пред сѐ, на голема Албанија што, пак, кај неалбанскиот дел од јавноста во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, предизвикува, најблаго речено, чувство на непријатност. Исто како што какви било симболи на голема Србија предизвикуваат кај несрбите, на голема Македонија кај немакедонците… Особено кај оние на чија сметка би се кроеле таквите држави. Од другата страна, пак, кај сите, дури и кај оние што за себеси тврдат дека се сосема анационални, таквите симболи поттикнуваат чувство на задоволство, гордост и ги влечат во, често длабоко потиснатиот, сон дека сите нивни сонародници, сепак, би можеле да се најдат во една држава.

Но соништата се едно, а реалноста е сосема друго. Ахмети и неговата партија ДУИ успеаја да ја искористат „историската шанса“ на „неснаоѓањето“ на главниот партнер во власта, СДСМ, и во текот на проблематичниот процес за формирање на Владата и на спроведувањето на, ништо помалку проблематичните, но над сѐ, болните уставни измени заради реализацијата на договорот со Грција, добро да ја фактурираат својата позиција со воведување на двојазичноста на нивото на целата држава. Веројатно и со други помалку идеалистички, а повеќе материјалистички нешта за кои допрва ќе слушаме, а кои во никој случај, исто како ниту двојазичноста, не се и не можат да се доведат во врска со главната прокламирана цел – евроатлантската интеграција на државата.

Тие нешта што, се разбира, покрај решавањето на спорот со Грција, се во функција на доближувањето до ЕУ и до НАТО, пред неколку години, како итните реформски приоритети, експертите на европската комисија предводени Рајнхард Прибе убаво им ги напишаа, безмалку, им ги нацртаа. Требало само да се исчитаат. И да почнат да се спроведуваат. А токму ДУИ имаше најмногу време да почне да ги реализираа. Уште додека беше во претходната влада, со ВМРО-ДПМНЕ. Но, и покрај силните „заложби“ за интегрирањето на земјава во ЕУ и во НАТО, партијата на Ахмети не само што не даде никаков импулс за спроведување на овие приоритети во претходната влада, туку не се покажа на овој план ниту во актуелната власт. Токму еден од двајцата фотографирани летачи на орли, вицепремиерот Османи, стана главен промотор на таканаречениот владин план за итните реформски приоритети, кој првично беше димензиониран на 3, 6 и 9 месеци, за според последното, да стигне до 18 месеци. А како што се одвиваат работите, веројатно наскоро ќе биде продолжен за уште три месеци. Едни многу итни реформи! И приоритетни! Толку приоритетни што гласачите на Ахмети и на Османи по првичниот восхит од двојазичните натписи на судовите, сепак, исто како и сите други граѓани и понатаму ќе мораат да чекаат со години за да им заврши некој банален судски процес, а во меѓувреме по неколкупати ќе имаат преквалификации на делата или проблеми со судската достава, на пример. Или што за да завршат некоја административна работа, освен што се разбира, ќе му се израдуваат на двојазичниот натпис на зградата на институцијата во која влегуваат, и понатаму ќе треба да бараат пријатели и да ги „подмачкуваат“ шалтерите.

Не можат сите, па така ни повеќето од Албанците во земјава, да летнат толку бргу и толку високо како Ахмети и неговиот копилот Османи. По толку многу време поминато како втор по големина, но не секогаш и по влијанието, партнер во власта, Ахмети многу добро ја усоврши вештината на создавање привид дека нешто е поскапо отколку што навистина вреди и, како секој умешен мајстор, повеќе или помалку успешно, но константно, им продаваше илузии и на коалициските партнери и на своите гласачи, па дури и на меѓународната заедница, без притоа никој од нив досега да му ја побара завршната сметка. Кој кого на тој начин искористувал и кој кому му бил алиби, е прашањето што многумина одбегнуваат да го одговорат, иако секогаш некаде околу таа линија лежат изворите на сите политички кризи во земјава

Можеби формално е и постигнат одреден степен на реализација на ветените реформи, но ефектите од нив ниту во правосудството ниту во администрацијата ниту во економијата ниту во која и да е друга област, засега не се видливи од перспектива на обичниот граѓанин. Од орелската перспектива, каква што ја имаат Ахмети и Османи, можеби. Но не можат сите, па така ни повеќето од Албанците во земјава, да летнат толку бргу и толку високо како Ахмети и неговиот копилот Османи. По толку многу време поминато како втор по големина, но не секогаш и по влијанието, партнер во власта, Ахмети многу добро ја усоврши вештината на создавање привид дека нешто е поскапо отколку што навистина вреди и, како секој умешен мајстор, повеќе или помалку успешно, но константно, им продаваше илузии и на коалициските партнери и на своите гласачи, па дури и на меѓународната заедница, без притоа никој од нив досега да му ја побара завршната сметка. Кој кого на тој начин искористувал и кој кому му бил алиби, е прашањето што многумина одбегнуваат да го одговорат, иако секогаш некаде околу таа линија лежат изворите на сите политички кризи во земјава во изминативе речиси две децении. А токму тие кризи, а не наметнатиот спор од страна на Грција, беа главен изговор за одолжувањето со реформите. Така, политичките елити, фокусирани на сопствените привилегии и интереси, недозволиво долго, ги пропуштаа шансите земјата да ја издигнат, можеби не до орелски височини, но сепак до некакво ниво на кое би постоеле услови за пристоен живот за сите нејзини граѓани.