Не бидете транспарентни

Добро де, докажано е дека загадувањето на воздухот влијае врз когнитивните способности кај луѓето, но зарем состојбата е толку алармантна! Па нели пред нешто помалку од една година беше активирана владината алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Колку што се сеќавам на презентацијата, стануваше збор за софтверското решение што требаше да овозможи, се надевам дека и навистина овозможува, лесно пребарување низ трошењата на функционерите и на државните службеници, како на поранешните така и на актуелните. Го презентира министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, но без ресор, Роберт Поповски. Е сега ќе имало уште едно решение, кое го предложило Министерството за информатичко општество и администрација. За уште поголема отчетност

Во трескавичното исчекување некаква амнестија, Владата почна да се однесува како целата јавност да доживеала амнезија додека истата таа јавност пак, веројатно, почна да се чувствува како да има некаков застој во меморискиот систем познат како феномен на веќе виденото. На таквите дијагнози, меѓу другото, наведува и завчерашното соопштение од владината седница, преку кое беше објавено дека ќе биде креиран единствен веб-портал со отворени податоци на сите министерства и истите тие ќе бидат достапни секому. Со тоа, како што беше нагласено, Владата дополнително ќе ги зголемува транспарентноста и отчетноста кон граѓаните.

Добро де, докажано е дека загадувањето на воздухот влијае врз когнитивните способности кај луѓето, но зарем состојбата е толку алармантна! Па нели пред нешто помалку од една година беше активирана владината алатка за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции. Колку што се сеќавам на презентацијата, стануваше збор за софтверското решение што требаше да овозможи, се надевам дека и навистина овозможува, лесно пребарување низ трошењата на функционерите и на државните службеници, како на поранешните така и на актуелните. Го презентира министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, но без ресор, Роберт Поповски. Е сега ќе имало уште едно решение, кое го предложило Министерството за информатичко општество и администрација. За уште поголема отчетност. И така сега граѓаните, кога надвор е многу загадено, а на телевизиите нема нови серии, доколку имаат Интернет се разбира, ќе можат да ги посетуваат владините сајтови и да си поигруваат со нејзините алатки во потрага по драгоцените податоци за приходите и расходите на државните функционери, службеници и институции. И потоа да си ги сечат вените, кога ќе ги споредат со своите примања. И се разбира, трошоци. Додека Интернет врти ли врти. Но Владата покажа дека се држи до принципите на транспарентност и отчетност и дека е подготвена со јавноста да ги сподели овие драгоцени бројки.
Проѕирен начин јавноста да се убеди оти нешто суштински се прави. Особено кога ќе се земат предвид трошоците на министрите, кои, како што и самиот премиер Зоран Заев во неколку наврати потврди, веќе со месеци не одат на работа. Колку уште такви има на пониските нивоа? И каде е тука одговорноста?

Дека алатките на актуелната влада ќе бидат доволни за да се поправи лошата позицијата на Македонија тешко е да се поверува. Особено ако тие не бидат дополнети со одговорно и домаќинско однесување на нејзините функционери и службеници, што во моментов е, исто така, тешко да се очекува кога ќе се види со колку мерак, на пример, тие ги ползуваат благодатите на не баш неопходните службени патувања или, пак, на скопските кафеани, ресторани и хотели за службени потреби, додека свечените сали во државните институции зјапаат празни. Конечно, на сите досега требаше да им стане јасно оти транспарентноста не претпоставува само видливост и јавност на активностите, туку и презентирање на целисходноста и на ефектите од истите тие

Оваа проактивна фискална транспарентност на Владата, дури и претерана, секако е за поздравување. Но дали некој ги проверува бројките и оправданоста на трошоците? Под кои услови и каде се трошат јавните пари? Се спроведуваат ли внатрешната и надворешната ревизија? Реагира ли некој во случај на претерување? Сето тоа се прашањата на кои јавноста најчесто добива одговори дури откога ќе им завршат мандатите на функционерите и кога парите ќе исчезнат. Барем досега практиката беше таква. Затоа Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот.

Дека алатките на актуелната влада ќе бидат доволни за да се поправи лошата позицијата на Македонија тешко е да се поверува. Особено ако тие не бидат дополнети со одговорно и домаќинско однесување на нејзините функционери и службеници, што во моментов, исто така, е тешко да се очекува кога ќе се види со колку мерак, на пример, тие ги ползуваат благодатите на не баш неопходните службени патувања или, пак, на скопските кафеани, ресторани и хотели за службени потреби, додека свечените сали во државните институции зјапаат празни.
Конечно, на сите досега требаше да им стане јасно оти транспарентноста не претпоставува само видливост и јавност на активностите, туку и презентирање на целисходноста и на ефектите од истите тие.