Наведната глава сабја не ја сече

Лидери на политиката денес се оние што многу порано гледаа за своите граѓани и многу порано можеа да проценат со што ќе се соочат Европската Унија и светот и оние што државните, националните, интересите на своите граѓани, во случајот интересот за општото здравје, ги ставија на прв плани денес се лидери по вакцинација во Европа. Македонските лидери во ситуацијата со набавката на вакцини повеќе се грижеа дали некоја од соседните држави ќе им замери ако процесот го тераат со некоја друга држава или, пак, институција што, ете, можеби не е погодна за политиките на таа држава

Ех, кога ќе кажеш дека си лидер, колку гордо звучи тој збор. Нашите политичари мечтаат да бидат нарекувани вистински лидери, државници…
Иако по функција сите тие се претседатели на партии, на Владата, на Собранието, на државата, можеби некој и на куќен совет, но кога така ќе ги наречат медиумите, тогаш се полни со себе.
А сосема едно е да се биде претседател, па макар и на држава, а друго е да се биде лидер. Многумина во историјата биле претседатели, ама малкумина биле лидери. Многумина биле нарекувани лидери, ама малкумина заслужиле да бидат нарекувани лидери.
Лидерството е процес што вклучува користење на влијанието без принуда. Како сопственост, лидерството е збир на карактеристики својствени за секој поединец за кој се претпоставува дека успешно ќе го примени споменатото влијание. Водството или лидерството е меѓуперсонално влијание, кое се случува кога една личност е способна да добие согласност од друга во остварување на саканите цели на една организација. Тоа е динамичен процес на работа во група каде што поединецот, во определен период, во определен организациски контекст, влијае на другите членови на групата своеволно да се обврзат за остварување на целите или задачите на групата.
Ова се само мал дел од дефинициите што во филозофијата и социологијата ќе ги најдете за тоа што е лидер и лидерство.
Но кај многу малку личности од македонската политичка елита, како што ја нарекуваат, ќе ги препознаете овие карактеристики.
Дали земјава има вистински лидер? Дали има лидер со визија, кој не потклекнува на патот кон водилката – народот?

Последната ситуација во која се наоѓа Македонија е поврзана со светската пандемија на ковид-19. Криза што на површина извади многу карактеристики и способности, или слабости и неспособности на политичарите или водачите на европските и светските држави. Нашето, македонско искуство не е за некоја пофалба, особено што Македонија е една од ретките држави што сѐ уште не успеваат да обезбедат вакцини за граѓаните.
Ние немаме вакцини, ама имаме многу лидери, де во власта, де во опозицијата. А во практика се покажа дека лидерството на нашите лидери се сведува на послушност и страв да не му згрешиме некому и некаде.
Нашите политичари или, ете, лидери во изминативе 30 години независност на државата речиси не покажаа некаква особена карактеристика на лидерство. На прсти може да се избројат случаите кога и кој застанал во одбрана на националните интереси, кога и кој покажал светоглед подолг од еден политички мандат од четири години, што во основа е и една од главните причини зошто Македонија е денеска тоа што е.
Наместо лидерство, ние честопати гледаме страв и несигурност кај македонските политичари.

Ние немаме вакцини, ама имаме многу лидери, де во власта, де во опозицијата. А во практика се покажа дека лидерството на нашите лидери се сведува на послушност и страв да не му згрешиме некому однадвор. Нашите политичари или, ете, лидери во изминативе 30 години независност на државата речиси не покажаа некаква особена карактеристика на лидерство. На прсти може да се избројат случаите кога и кој
застанал во одбрана на националните интереси, кога и кој покажал светоглед подолг од еден политички мандат, што во основа е и една од главните причини зошто Македонија е денес тоа што е

Многумина денес ќе ги обвинат Европската Унија, Светската здравствена организација, Бил Гејтс за тоа што Македонија не може да дојде до вакцини, но во основа тоа е проблем на нашиот лидершип, без разлика дали е од власта или од опозицијата.
Лидери на политиката денес се оние што многу порано гледаа за своите граѓани и многу порано можеа да проценат со што ќе се соочат Европската Унија и светот и оние што државните, националните, интересите на своите граѓани, во случајот интересот за општото здравје, ги ставија во прв план и денес се лидери по вакцинација во Европа.
Македонските лидери во ситуацијата со набавката на вакцини повеќе се грижеа дали некоја од соседните држави ќе им замери ако процесот го тераат со некоја друга држава или, пак, институција што, ете, можеби не е погодна за политиките на таа држава.
Но дали во одредени ситуации, особено како оваа, кога секојдневно бројот на заболени во земјава расте, капацитетите на болниците се веќе преполни, а и бројот на смртни случаи не е за занемарување, на нашите политички елити треба да им е приоритет кокетирањето со соседните држави за подобра меѓународна политика „мир во куќа“.
Сега, лидерството не се мери во тоа кој какви зборови кажал, туку кој какви дела направил. Лидерството не се мери во тоа кој кога победил некого, туку кој колку храбро газел, без разлика дали од тоа изгубил и политички поени.

Лидерите ги водат идеите и националното чуство, лидерите може да погледнат и преку седум планини, а не само во својот партиски двор.
Многупати историјата потврдила дека вистинските лидери можеби и не биле препознаени во времето во кое дејствувале, но затоа биле овековечени во рамките на вредностите.
Сликата на стварноста на еден лидер никогаш не е поголема од рамката на неговите можности.

[email protected]