Млади

Во спортот се чести подемите и падовите. И кај големите и кај малите и има многу примери за тоа. Но кај сите, и по моменти на успех и на неуспех, секогаш е важно веднаш да се мисли на следните чекори. И во услови како сега, со пандемија речиси една година. Кај сите спортови многу важен дел е стратегијата за развој на младинските категории, но и засилувањето на работата во тој сегмент, оти тоа е единствениот пат кон успехот. Во почетокот секогаш се младите и нивните тренери, па за враќање или за одржување на одот по победничките патеки мора да се работи во базата, кај младите категории. Секогаш е важно да стигнуваат нови генерации, оти колку е поширока спортската база, толку е повисока замислената спортска пирамида, чиј врв ќе биде меѓународно мерлив. И ништо потоа не е случајно, оти еден почетен импулс на успех потоа станува замаец

И во оваа спортска година, како и во минатата, доминираат условите за тренинзи и за натпревари под влијание на пандемијата на коронавирусот, со сите пречки поставени и на тој, спортски пат. Некомплетните тренинзи и тимови на мечевите, проблемите со патувањата за натпреварите на меѓународната сцена, и понатаму се секојдневие за спортот, нешто што го оневозможува нормалниот тек на сезоните. И во Македонија и речиси секаде во светот.
Сепак, и во такви услови, натпреварите и подготовките за големите спортски приредби, секако, не запираат. На пример, од екипните спортови во Македонија, репрезентациите во фудбал и во одбојка годинава ќе играат на големата европска сцена (првите ќе дебитираат, а вторите веќе ќе имаат втор настап во низа), ракометарите, стандардно, се на одличен пат кон ново европско првенство (тоа би било 11-то големо натпреварување по ред од 2012 година, заедно со светските првенства), а кошаркарите, по повеќе години играње по разни претквалификации, вчера го играа клучниот натпревар за враќање по седум години на континенталната сцена, на која пред речиси една деценија се искачија на четвртото скалило.
Македонската фудбалска репрезентација, по многу години четврти места во квалификациите за светските и за европските првенства, сега фаќа залет кон големи нешта. Слична ситуација има и кај одбојкарската репрезентација, ракометот има свој добро утврден пат, а во кошарката нештата се придвижија, за што значаен сигнал е и победата над трофејната репрезентација на Италија, во квалификациите за Европското првенство в година.

Во спортот се чести подемите и падовите. И кај големите и кај малите и има многу примери за тоа. Но кај сите, и по моменти на успех и на неуспех, секогаш е важно веднаш да се мисли на следните чекори. И во услови како сега, со пандемија речиси една година, не треба да запираат и плановите за месеците, годините што доаѓаат.
Познато е дека ништо не доаѓа прекуноќ. Така, на пример, и кошаркарска Македонија така не стигна до четвртото место на Европското првенство во 2011 година во Литванија, кога во составот имаше многу искусни и повеќе надоаѓачки млади играчи. Во одбојката двете европски првенства во низа се подготвуваа низ успесите во т.н. Сребрена лига, со години, во фудбалот дебито на континенталното сениорско првенство е плод на одличен спој на искусни и трофејни и една неверојатна млада генерација, која европскиот фудбалски „мраз“ го скрши пред неколку години со настапот на младинското европско првенство. Во ракометот, спортот број еден во Македонија, пак, има 12-годишен континуитет од настапи на големата сцена, со во тој период освоени петто место на Европското првенство во 2012 година во Србија, деветто на Светското првенство во 2015 година во Катар и шесто на младинскиот Мундијал во 2017 година во Алжир, со голема база…, и тука особено ништо не дојде прекуноќ или случајно.
Кај сите спортови многу важен дел е стратегијата за развој на младинските категории, но и засилувањето на работата во тој сегмент, оти тоа е единствениот пат кон успехот. Секако, со сето тоа паралелно одат вложувањата и во тренерскиот кадар, во инфраструктурата… Јасно е дека повеќе време, ресурси, пари… треба да се вложат за засилениот фокус врз младите и за нивниот напредок.

Во почетокот секогаш се младите и нивните тренери, па за враќање или за одржување на одот по победничките патеки мора да се работи во базата, кај младите категории. Секогаш е важно да стигнуваат нови генерации, оти колку е поширока спортската база, толку е повисока замислената спортска пирамида, чиј врв ќе биде меѓународно мерлив. Секогаш е важно да има таленти што ќе притискаат, кои ќе ги тераат кон нов максимум сите други… По една таква засилена работа со младите, мора да дојде период кога ќе им се дава шанса за собирање минути искуство (неопходно е да им се даде шанса за тие воопшто да имаат шанса да успеат), а во спортот генерално треба и да се истрпат нивните грешки, сето тоа поради повисоки цели. Така младите добиваат драгоцени жешки моменти на теренот, клубовите, пак, на пример, така добиваат и повратна информација и дополнителен мотив по добро завршената работа во сопствената школа, генерално, ќе има услови за постојани успеси на спортското поле, смените на генерациите нема да се чувствуваат, секоја следна генерација ќе има високопоставена граница… И ништо потоа не е случајно, оти еден почетен импулс на успех потоа станува замаец.

[email protected]