Македонија замрзната во конфликт

Ако, гледано од македонска перспектива, односите со Грција, внатрешнополитичката состојба во таа земја и глобалниот амбиент, никогаш не биле поповолни за решавање на спорот за името, за што генерално сите во Македонија се согласни, чуму тогаш толкави контроверзии за спогодбата и таква референдумска завршница? Дали тоа значи дека спорот со Грција како едно од проблематичните прашања за регионот и за меѓународните односи треба да се остави во состојба на хибернација за одреден временски период, додека не се создадат поволни околности за негово решавање? Тоа би значело оти треба да се чека некаква промена во меѓународните односи, или барем во односот на силите во регионот. Во чија корист?

Додека сосема отворено и гласно се зборува за замрзнатиот конфликт во непосредното соседство, на Косово, како во моментов единствена поволна стратегија за Белград и сосема неприфатлива опција за Приштина, моменталната постреферендумска состојба во Македонија на сите можни фронтови и според сите можни сценарија не навестува скорашен расплет, или барем не расплет што би резултирал со општоприфатливо решение, па, сепак, многу малку и сосема тивко се зборува за можноста зоната на замрзнатиот конфликт и формално да биде проширена. Ако се погледне низ годините наназад, може јасно да се воочат сите елементи на таквата состојба во Македонија, иако како таква никогаш не беше именувана. Веројатно поради тоа што Македонија од некогашната југословенска федерација излезе без војна, а ни конфликтот во 2001 година не беше така именуван, па барем формалноправно не можеше да се каже оти некаков воен судир завршил со некаква мировна спогодба или политичка рамка што не довеле до задоволство на инволвираните страни и судирот останал замрзнат, со потенцијал во секој момент да ескалира. А не дека ги немало. И дека нештата се одмрзнати.

Уште од осамостојувањето, Македонија се соочуваше со разни видови блокади и закани со блокади од соседните земји и со речиси постојани меѓупартиски и меѓунационални тензии, кои на моменти ескалираа во жестоки судири и парализирање на основните функции на државата, така што без никаква задршка може да се каже дека безмалку тридецениското самостојно опстојување на земјава беше и сѐ уште е обележено пред сѐ со зборовите блокада, криза и конфликт. Заради нивното надминување, главно, на мускули беа протуркувани разни спогодби и договори, со и без рамки, но сите со сериозни и трајни деформитети, кои го овозможуваа одржувањето на состојбата на замрзнатиот конфликт. Но оптимизмот со кој претставниците на меѓународната заедница и дел од потписниците на овие „документи“ цело време се обидуваа и сѐ уште се обидуваат да ги оправдаат и протуркаат сите тие „решенија“ никако не можеше да ги одмрзне конкретните проблеми, кои неоправдано беа турнати во заднината за да не ја нарушуваат сликата за таквите „историски случувања“. Еден од нив, на пример, е долгоодложуваниот попис на населението, на кој на многумина сега им текна, по референдумот. И на кој веројатно повторно ќе се повикуваат и по изборите. Ги има уште многу, но за тоа во некоја друга пригода.

Пропустите и трапавоста што се појавуваат токму во моментите кога изгледа како нештата да одат кон завршница, барем од страна на тие што се декларираат како безрезервни поддржувачи на евроатлантските интеграции, навистина се необјасниви. Дали тие не се свесни или не се подготвени да им се спротивстават на силите што ги туркаат во политичките авантури е беспредметно прашање ако се има предвид влогот со кој тие влегуваат во таквите игри. Легитимно прашање би било дали треба да им се даде уште една шанса за да ја поправат грешката. Или да ја повторат?

Она што сега е интересно е да се види кому му одговара таканаречената замрзнат конфликт-ситуација во Македонија, кое време е предвидено за нејзиното одржување и кои се тие поволни околности што треба да доведат до нејзиното надминување. Ако, од македонска перспектива гледано, односите со Грција, внатрешнополитичката состојба во таа земја и глобалниот амбиент, никогаш не биле поповолни за решавање на спорот за името, за што генерално сите во Македонија се согласни, чуму тогаш толкави контроверзии за спогодбата и таква референдумска завршница? Дали тоа значи дека спорот со Грција како едно од проблематичните прашања за регионот и за меѓународните односи треба да се остави во состојба на хибернација за одреден временски период, додека не се создадат поволни околности за негово решавање?

Тоа би значело оти треба да се чека некаква промена во меѓународните односи, или барем во односот на силите во регионот. Во чија корист? Сето тоа се разбира се прашања што, ако се гледаат издвоено, може да звучат збунувачки, но ставени во поширок контекст, пред сѐ во смисла на обидот на меѓународната заедница, заради нивното евроатлантско интегрирање, конечно да ги решат сите отворени прашања во и помеѓу земјите во регионов, нештата стануваат појасни. Бидејќи тие, во голема мера, функционираат според принципот на споени садови, особено кога станува збор за кризните ситуации, јасно дека проблемите во земјите од регионов треба да бидат решавани, ако не во пакет, тогаш барем во континуитет. Пропустите и трапавоста што се појавуваат токму во моментите кога изгледа како нештата да одат кон завршница, барем од страна на тие што се декларираат како безрезервни поддржувачи на евроатлантските интеграции, навистина се необјасниви. Дали тие не се свесни или не се подготвени да им се спротивстават на силите што ги туркаат во политичките авантури е беспредметно прашање ако се има предвид влогот со кој тие влегуваат во таквите игри. Легитимно прашање би било дали треба да им се даде уште една шанса за да ја поправат грешката. Или да ја повторат? Да ја дозамрзнат работата.