Кој сака да биде премиер

Општото расположение на граѓаните, но и на немал дел од партиските членства, не гарантира успех на изборите. Моменталниот амбиент е таков што дури не се ни наѕира мотивација за гласање за или против некоја политичка групација, како што беше случај на сите претходни избори, така што неизбежно се наметнува прашањето дали ДУИ, со оваа провокација, сака да ги мотивира граѓаните да гласаат за или против премиер Албанец?

Пред околу 15 години имаше еден неславен обид и во Македонија да се емитува една варијанта на квизот „Кој сака да биде милионер“, кој првично беше осмислен во Обединетото Кралство во деведесеттите години од минатиот век и за кој беа продадени лиценци во над сто земји низ светот. Во Македонија, квизот доживеа дебакл. Тие што го следеа веројатно се сеќаваат колку поразено се чувствуваа додека натпреварувачите тресеа зелени обидувајќи се да одговорат на некои и не толку тешки прашања, а водителот се препотуваше настојувајќи да ја спаси ситуацијата, која најблаго речено, беше под секое ниво. Токму на тие епизоди потсетуваат сегашните обиди да се организираат парламентарни избори на кои, меѓу другото, секој сака да биде кандидат за премиер.

Имено, во претходната, преткорона-сезона на „квизот“, лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицковски од ВМРО-ДПМНЕ се самопромовира во кандидати за милионер, пардон, премиер, а во најновата, корона-сезона, и еден, сѐ уште официјално неименуван Албанец, преку лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја пројави истата амбиција.

А откога Ахмети, минатата недела, промовирајќи го предизборниот слоган „Време е за Албанец премиер“, најави дека по претстојните предвремени парламентарни избори ќе предложи Албанец како кандидат за премиер и ги повика опозициските партии од албанскиот блок да ѝ се придружат на кампањата, односно, да придонесат со свои предлози, неговиот сѐ уште коалициски партнер Заев ја нарече идејата популистичка, оценувајќи дека ДУИ со таква кампања сигурно ќе оди во опозиција. Вистина, Заев кажа оти гласачите ќе одлучуваат кој ќе биде премиер нагласувајќи сепак дека СДСМ ќе извојува победа, и дека кандидат за премиер на СДСМ ќе биде токму тој. И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски одговори на провокацијата потсетувајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ беа јасни оти тој е кандидат за премиер.

Во меѓувреме, имаше и редица изјави на нивните сопартијци, кои, повеќе или помалку убедливо, ги поддржаа намерите на своите лидери, при што некои од нив не успеаја да ги скријат ниту сопствените амбиции во однос на премиерското место. Притоа, веројатно вреди да се потсети оти претходно имаше и пораки дека „Македонија е подготвена за жена премиер“.

И тука некаде би биле исцрпени џокерите „повикај пријател“ и „земи половина половина“, но не и другите две: „прашај ја публиката“ и „замена на прашање“. Вистина, ДУИ, на пример, пред некој ден го осветли Скопско кале со прашањето „Зошто да не?“ алудирајќи на прокламираната намера на овие избори да се испазари за премиер Албанец откога по последните парламентарни, под добро познати околности, ја доби позицијата парламентарен спикер, а веднаш потоа, на претседателските, и консензуален претседател на државата.

Сосема е неважно кој ќе биде премиер ако неговиот избор е резултат на длабоки политички компромиси и на непринципиелни коалиции. Во тоа јавноста можеше да се увери во текот на владеењето на неколку претходни, целосно нефункционални влади, кога секое вработување, секоја јавна набавка, секоја економска мерка, па дури во последно време и мерка за заштита од пандемијата на коронавирусот, мораше да биде резултат на меѓунационален компромис, но не како последица на рамнотежата и на толеранцијата, туку на сосема спротивното, на крајно екстремните барања, така што во некои ситуации повеќе личеше на капитулација. И тоа не на капитулација на некоја од спротивставените страни, туку на капитулација на граѓанскиот концепт, за кој сите политички актери декларативно се залагаат

Но прашањето е дали на ДУИ навистина ѝ беше потребна оваа светлечка реклама, кога се знае дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени, во тишина, да ѝ ги исполнат сите барања бидејќи ниту една од нив не може самостојно да формира влада. Дали е тоа само заради покажување мускули и мобилизација на гласачите Албанци? Или има и нешто друго? Сака ли, можеби, ДУИ да го мобилизира и неалбанското гласачко тело? Се разбира, не за да гласа за неа, туку да излезе на избори.

Во услови на големата разочараност на граѓаните од она што како начин на владеење и управување со државата го демонстрираа сите политички партии во изминатиов период, но и на моменталниот сосема оправдан страв од излегување на избори во времето на корона, веќе на сите им е јасно дека првиот и најголем предизвик за партиите е одзивот на гласањето што треба да се одржи веќе за неколку недели.

Општото расположение на граѓаните, но и на немал дел од партиските членства, не гарантира успех на изборите. Моменталниот амбиент е таков што дури не се ни наѕира мотивација за гласање за или против некоја политичка групација, како што беше случај на сите претходни избори, така што неизбежно се наметнува прашањето дали ДУИ, со оваа провокација, сака да ги мотивира граѓаните да гласаат за или против премиер Албанец? Тоа би можела да биде многу веројатна опција во ситуација кога јавноста очигледно е разочарана од актуелната власт, а сѐ уште ѝ се свежи сеќавањата на „дострелите“ на претходната и кога по сѐ што во изминатиов период се случуваше веќе никакви „резултати“ и никакви ветувања не можат да ги испровоцираат граѓаните да излезат на избори. Само навестување за меѓунационална пресметка, според таа логика, сѐ уште може да ги активира гласачите, што впрочем можеше да се види и деновиве од коментарите со кои беа проследувани пребројувањата на заболените од коронавирусот. Колку и да е апсурдно, тоа покажува колку е силна поларизацијата по национална основа дури и кога станува збор за нешто од што сите еднакво се загрозени, а бидејќи луѓето сѐ помалку се идентифицираат со партиите, некој многу добро го препознал тој момент и по сѐ изгледа, го користи како мотив што ќе ги поттикне да излезат на избори. Ако успее во тоа и ако на целото општество му ја наметне таквата етнополитичка логика, наместо потребата конечно нешто да се смени во начинот на владеењето, тогаш веќе и не е важно кој ќе биде премиер.

Сосема е неважно кој ќе биде премиер ако неговиот избор е резултат на длабоки политички компромиси и на непринципиелни коалиции. Во тоа јавноста можеше да се увери во текот на владеењето на неколку претходни, целосно нефункционални влади, кога секое вработување, секоја јавна набавка, секоја економска мерка, па дури во последно време и мерка за заштита од пандемијата на коронавирусот, мораше да биде резултат на меѓунационален компромис, но не како последица на рамнотежата и на толеранцијата, туку на сосема спротивното, на крајно екстремните барања, така што во некои ситуации повеќе личеше на капитулација. И тоа не на капитулација на некоја од спротивставените страни, туку на капитулацијата на граѓанскиот концепт, за кој сите политички актери декларативно се залагаат додека никому од нив ниту оддалеку не му паѓа на ум суштински да го почитува зашто, во тој случај, релевантен треба и може да биде само оној кандидат за премиер што ќе понуди и ќе оствари решенија за поквалитетен живот на граѓаните, економски просперитет и за стабилност на државата, за што очигледно сѐ уште нема ниту капацитет ниту амбиент.

[email protected]