Кој кого силува тука!?

Изборниот систем, односот на политичките сили и целокупниот политички амбиент во земјава досега не овозможија вистинско прочистување на политичките партии од кадри со лоша репутација. Напротив, сето тоа овозможува на функциите упорно да опстојуваат луѓе силно компромитирани по разни основи и, неретко, без никаква намера да сменат нешто во своето однесување. Конечно, тоа им го овозможува и воспоставеното ниско ниво на политичката етика, а законите досега не ги попречуваа во тоа, од проста причина што, веројатно смислено, така и беа креирани. Како инаку да се објасни фактот дека при какво било вработување во државниот и во јавниот сектор се бара уверение за неказнување, додека при пополнувањето на позициите на избраните и именуваните функционери такво нешто воопшто не се ни споменува. Исто како ни лекарското уверение, на пример

Додека се чека премиерот и неговите министри да го решат проблемот со набавка на вакцините, вниманието на јавноста се обидуваат да го привлечат некои од пратениците, и тоа не толку со конструктивни предлози и дебати, колку со, како што впрочем и може да се очекува од нив, тврдења изнесени на начин на кој се пренесуваат маалските приказни. Па така, и овој пат, обвинување за извршено сериозно кривично дело стана предмет на крајно несериозна дебата.
За тие што пропуштиле, поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на опозициското ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пред некој ден, од парламентарната говорница, се обрати со шокантното тврдење дека „во актуелниот собраниски состав има пратеник што во минатото бил казнет за силување жена“. Рече и стана недостапен за јавноста, барем според објавите на медиумите што непосредно потоа се обидоа од него да дознаат за кој пратеник станува збор. Можеби до објавата на овие редови, Милошоски или некој друг ќе го обелодени името на пратеникот или барем ќе каже од која партија е и кој е тој партиски челник што се осмелил да прошверцува таква личност во парламентот, доколку тврдењето е точно. А ако е точно, зошто народниот избраник Милошоски и порано не ја информирал јавноста за овој скандалозен случај. Нему можеби како добра пригода за оваа објава му се видела расправата за законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, што воопшто не е оправдување, исто како што целосно е неоправдано и неговото одбегнување да го посочи наводниот силувач истиот момент кога дознал за неговото дело.

Но тоа сѐ уште е во доменот на политиката и на политичките манипулации, кои и досега не им беа туѓи на политичарите, што, се разбира, воопшто не е добра и корисна практика за општеството, иако на политичарите, кои неретко истапуваат со слични обвинувања, на краток рок им носи одредени политички поени.
А што им носи на политичките партии и на партиските лидери што упорно стојат зад сторителите на тешки кривични дела предлагајќи ги дури и за државни и јавни функционери? Од досегашните искуства, за жал, не може да се извлече некаква особена поука. Освен дека изборниот систем, односот на политичките сили и целокупниот политички амбиент во земјава досега не овозможија вистинско прочистување на политичките партии од кадри со лоша репутација. Напротив, сето тоа овозможува на функциите упорно да опстојуваат луѓе силно компромитирани по разни основи и, неретко, без никаква намера да сменат нешто во своето однесување. Конечно, тоа им го овозможува и воспоставеното ниско ниво на политичката етика, а законите досега не ги попречуваа во тоа, од проста причина што, веројатно смислено, така и беа креирани. Како инаку да се објасни фактот дека при какво било вработување во државниот и во јавниот сектор се бара уверение за неказнување, додека при пополнувањето на позициите на избраните и именуваните функционери воопшто не се ни споменува такво нешто. Исто како ни лекарското уверение, на пример.

Јасно дека во земја со помалку од два милиони луѓе политичките партии имаат проблем со човечките ресурси, особено поради товарот на нивните претходни одлуки и на политичкиот момент, а во демократијата и поради перспективите на некакви идни избори. Сето тоа го ограничува просторот за позитивна селекција при изборот на кадрите. И тоа, приближно, би можело да послужи како објаснување доколку станува збор за навистина ретки, инцидентни случаи на форсирање личности со проблематичен приватен или професионален профил. Но кога пречесто се повторува тоа, тогаш, условно речено, здравите политички сили, доколку ги има, и јавноста воопшто, мора да извршат притисок за поставување јасни законски рамки, од кои не би смеело да се отстапува при изборите и именувањата на државните и на јавните функции

Јасно дека во земја со помалку од два милиони луѓе политичките партии имаат проблем со човечките ресурси, особено поради товарот на нивните претходни одлуки и на политичкиот момент, а во демократијата и поради перспективите на некакви идни избори. Сето тоа го ограничува просторот за позитивна селекција при изборот на кадрите. И тоа, приближно, би можело да послужи како објаснување доколку станува збор за навистина ретки, инцидентни случаи на форсирање личности со проблематичен приватен или професионален профил. Но кога пречесто се повторува тоа, тогаш, условно речено, здравите политички сили, доколку ги има, и јавноста воопшто мора да извршат притисок за поставување јасни законски рамки, од кои не би смеело да се отстапува при изборите и именувањата на државните и на јавните функции.
Во Македонија веќе има премногу неосновани и основани сомневања и обвинувања, непроцесирани и процесирани кривични пријави против луѓе што политичките партии ги форсираат како кандидати за одговорни работни места и функции, за јавноста да остане пасивна и мирно да ја исчекува судбината што токму тие ќе ѝ ја кројат. Јавниот простор премногу и предолго е контаминиран со издржани и неиздржани сомневања, тврдења и обвинувања, поради што целото општество толку длабоко е потонато во недоверба, која, за жал, ќе ги оптоварува и идните генерации доколку наскоро не почнат нештата да се расчистуваат докрај и доколку, ако не поинаку, тогаш и со закон, од јавниот простор не се отстранат разни „силувачи“ на демократијата. Ова особено по искуствата што потврдуваат оти политиката и етиката и не се љубат многу, а дури и во теориите сѐ уште е отворено прашањето дали тоа, воопшто, е и возможно.

[email protected]