Колку треба да е црна американската црна листа

Тука веќе очигледно не помагаат ниту стандардите на ЕУ и на НАТО ниту американската црна листа ниту света листа… Кога внатрепартиските апетити толку се отворени и кога се преминува во гладијаторска борба за позиции победува законот на силата. А Шаќири, како и многу други, ја покажа силата. Колку за тие што се најодговорни во државата се прифатливи таквите методи, покажува нивниот одговор

Во минатите години, со големо внимание се следат сите промени на таканаречената црна листа на САД, пред сѐ на онаа за балканското подрачје. Со денови однапред секоја година се прогнозира дали и со кои имиња лисата ќе биде проширена, потоа детално се информира за евентуални корекции, но речиси да не можеше да се забележи случај ниту во Македонија ниту пошироко, некој да ja анализира и да ја оценува оправданоста на списокот. Со тоа, листата како да доби статус на неприкосновеност, особено кога се имаат предвид сета моќ и влијание со кои САД можат да издејствуваат таа да стане свето писмо во повеќето земји на чија територија означените поединци и организации дејствуваат. Но во практиката, особено на ридестиот Балкан, нештата поинаку се поставени.

За потсетување, станува збор за одлуката со која тогашниот американски претседател Џорџ Буш во 2001 година наложи објавување на т.н. црната листа на лица и организации за кои администрацијата на САД цени дека ги загрозуваат спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор, Охридскиот рамковен договор и напорите за воспоставувањето мир на Косово. Практиката ја наследи и Барак Обама, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп набргу по стапувањето на должност, како прва одлука поврзана со Западен Балкан, ја продолжи мерката што ја воведе Буш.

Така, на американската црна листа се најдоа околу 200 лица од просторот на поранешна Југославија, пред сѐ обвинетите за воени злосторства и учесници во терористички организации и акции, кои според процената на администрацијата во Вашингтон, го загрозуваат процесот на мирот и стабилизацијата во регионот. Со тоа именуваните на листата не можат да соработуваат со американската влада и компаниите, им се забранува влез во државата и им се блокираат потенцијални средства и трансакции во САД. Листата ја објавува Управата за контрола на странски средства (ОФАЦ), која работи во рамките на Министерството за финансии на САД.
Таа редовно се ажурира и треба да послужи како силен лост на американската надворешна политика. Се разбира, „нашинците“ се само мал дел од листата. На списокот се и имињата на многубројни непријателски елементи на САД низ светот и тој засега се протега на над илјада страници.

Е сега кога знаеме дека црната листа е долга над илјада страници, прашање е колку таа е црна. На овдешните простори, повеќе од очигледно е дека таа избледува, бојата го губи својот интензитет. Како да се претопува во сивата – боја на компромисот, доволно оддалечена и од таинственоста и драматичноста на црната и од разиграноста и реалистичноста на белата – лишена од емоции, неутрална. Токму каква што беше и изнудената реакција на амбасадата на САД во Македонија по именувањето на Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа за надворешен соработник за безбедност и борба против радикализмот во Владата.

Дали ситуацијата е премостлива за овдешната јавност, времето ќе покаже.
Она што во моментов ја чини тешко сварлива е фактот дека станува збор за местото надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот и покрај биографијата на Шаќири. Јавноста тешко се носи и со сознанието дека тој ќе го работи тоа за плата од 36.000 денари иако има само средно образование. Дополнителен удар претставува и објаснувањето за именувањето на Шаќири за советник во Владата што го изнесе премиерот Зоран Заев, и кое навистина не заслужува да се повторува, за дополнително да не ѝ се навредува интелигенцијата на јавноста

Имено, по цели два дена жестоки истрели во јавноста, од амбасадата ја споделија својата загриженост, за случајот, кој како што наведоа, сепак не е ненадминлива ситуација во односите помеѓу Амбасадата на САД во Македонија и Владата во Скопје.
Дали ситуацијата е премостлива за овдешната јавност, времето ќе покаже. Она што во моментов ја чини тешко сварлива е фактот дека станува збор за местото надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот и покрај биографијата на Шаќири. Јавноста тешко се носи и со сознанието дека тој ќе го работи тоа за плата од 36.000 денари иако има само средно образование. Дополнителен удар претставува и објаснувањето за именувањето на Шаќири за советник во Владата што го изнесе премиерот Зоран Заев, и кое навистина не заслужува да се повторува, за дополнително да не ѝ се навредува интелигенцијата на јавноста.

По сето тоа, неодминливо е прашањето дали Шаќири навистина е случајот на кој треба да се потроши толку енергија?
Да ги оставиме настрана американските црни листи и нивните интереси на овие простори и да се позанимаваме само со себеси. Како прво се наметнуваат прашањата што во сите овие години од независноста на Македонија се провлекуваа, а кои никогаш не беа сериозно третирани, колку „непријателски елементи“ останаа во македонските безбедносни структури по повлекувањето на ЈНА од Македонија и колку потоа беа уфрлени. Резултат на тоа беа многубројните големи афери, политички и безбедносни кризи со далекосежни последици, но чии генератори никогаш не беа посочени. По конфликтот во 2001 година, следуваше општа амнестија. Многу од соборците на Шаќири веднаш влегоа во системот и тоа на многу чувствителни позиции. Самиот Али Ахмети, како вечниот партиципиент во власта и неформален вицепремиер, именуваше свои луѓе на разни позиции.

Тоа, речиси во правило, беше само негов избор и премиерите можеа само да се согласат или да ја жртвуваат коалицијата. Притоа, јавноста сведочеше на толку небулозни кадровски решенија, не само од аспект на безбедноста, туку и на стручноста, професионалноста… Со времето, и главните партнери во власта почнаа да го фаќаат чекорот така што во однос на критериумите за избор на кадрите, сега веќе некаде се изедначени. Тука веќе очигледно не помагаат ниту стандардите на ЕУ и на НАТО ниту американската црна листа ниту света листа… Кога внатрепартиските апетити толку се отворени и кога се преминува во гладијаторска борба за позиции победува законот на силата. А Шаќири, како и многу други, ја покажа силата. Колку за тие што се најодговорни во државата се прифатливи таквите методи, покажува нивниот одговор на предизвикот. Дали тоа ќе остане случај или ќе стане практика, очигледно не зависи од некакви критериуми во Владата, бидејќи ги нема, туку ќе остане тест за нивото на толеранцијата на јавноста.