Колку тоа може да се напредува?!

За поздравување се повремените обиди на некои владини институции или невладини организации, описно или преку табели и графики, на јавноста споредбено да ѝ ја презентираат состојбата на одредени области во земјите од регионот, поточно да се објасни која земја како е оценета во однос на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите… Но проблемот е во тоа што никој не се обидел на пошироката јавност да ѝ ја претстави сликата како тие оцени за одредени области се движеле во изминативе 15 години. Дури тогаш би можело да се види дали и каков напредок имало. И ако го немало, кога и зошто изостанал

За илузијата на напредокот на човештвото е напишано многу и веројатно може да се напише уште повеќе, особено во делот за соодносот помеѓу материјалниот напредок и дехуманизацијата. Тоа како тема засега е во доменот на научни расправи за кои пошироката јавност сѐ уште не е сензибилирана, што, впрочем, и не треба да зачудува, со оглед на брзината со која, особено во изминативе децении, се врти тркалото на историјата. Но напредокот на различни сегменти на одредени општества е веќе нешто поопипливо, согледливо со просто око, за што всушност постојат и редовни и периодични извештаи, оцени, анализи… направени од страна на релевантни институции и организации, но и непосредни впечатоци на тие што се најмногу засегнати од одредени прашања.
Еден од нив е годишниот извештај на Европската комисија за реформскиот напредок на патот кон Европската Унија. Едно време во медиумите постоеше практика да се потенцира за кој по ред извештај станува збор. Во изминативе неколку години веќе никој не ги ни брои. Општиот заклучок во последниот, завчерашен извештај на ЕК е дека Македонија „умерено“ напреднала во подготовките да ги преземе своите обврски за полноправно членство во повеќето сфери што се предмет на анализа на извештајот. Во истиот извештај се зборува и за „добар напредок“ во некои области, а се констатирани и одредени помали или поголеми „слабости“. И со такви и слични квалификации државата, управувана од владите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ наизменично, а на ДУИ речиси константно од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, се „збогатува“, еве, веќе 15 години.

Ако се тргнат настрана, условно речено, специјалните критериуми за почнување на преговорите, како што, во случајот на Македонија, беше решавањето на спорот со Грција за името или како што, според некои, може да стане спорот со Бугарија за јазикот, и ако се гледаат само вообичаените критериуми за одделни области, кои важат за сите држави, оцените за нив се дефинирани како: назадување, стагнација, умерен напредок, добар напредок и мошне добар напредок, а степенот на подготвеност за членството како: рана фаза, одредено ниво, умерена подготвеност, добро ниво на подготвеност и мошне напредна фаза. И, иако распоредот на овие квалификации во однос на одредени области на годишно ниво не се менува значително, владините претставници, не само во Македонија туку и во соседните држави кандидати и претенденти за кандидатскиот статус, редовно ги оценуваат извештаите како позитивни и нагласуваат дека има напредок. Бриселските бирократи и дипломати, пак, како на мали деца, главно им повладуваат, оставајќи ги да се радуваат – сѐ до моментот кога веќе мора да се соочат со фактот дека ни тој извештај не донел конкретен напредок во евроинтегративните процеси.  Тоа е она што, веќе недозволиво долг период, ја збунува и сериозно ја фрустрира јавностa во однос на европската перспектива, која и 17 години откога на самитот во Солун им беше ветена на Македонија и на соседните земји, сѐ уште е само перспектива.

Општиот заклучок во последниот, завчерашен извештај на ЕК е дека Македонија „умерено“ напреднала во подготовките да ги преземе своите обврски за полноправно членство во повеќето сфери што се предмет на анализа на извештајот. Во истиот извештај се зборува и за „добар напредок“ во некои области, а се констатирани и одредени помали или поголеми „слабости“. И со такви и слични квалификации државата, управувана од владите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ наизменично, а на ДУИ речиси константно од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година, се „збогатува“, еве, веќе 15 години

За поздравување се повремените обиди на некои владини институции или невладини организации, описно или преку табели и графики, на јавноста споредбено да ѝ ја презентираат состојбата на одредени области во земјите од регионот, поточно да се објасни која земја како е оценета во однос на реформите во правосудството, борбата против корупцијата, слободата на медиумите… Но проблемот е во тоа што никој не се обидел на пошироката јавност да ѝ ја претстави сликата како тие оцени за одредени области се движеле во изминативе 15 години. Дури тогаш би можело да се види дали и каков напредок имало. И ако го немало, кога и зошто изостанал.

Вака, на самонаречените политичари им се остава простор за неограничени манипулации со преводите и за игри со зборовите, за бесконечно одолжување со реформи, за реформи на реформи како наједноставно објаснување на недејствување, за површни или погрешни чекори.
Со новата методологија на оценување, споредбата би можела да биде отежната, но не и невозможна, но секако е неопходна за конечно земјава да се ослободи од илузии и залажувања во однос на тоа дали и колкав напредок е остварен. И тоа, не за некому да му се трие носот со тоа, туку за да се види од каде треба да се почне и да се направи реална процена за натамошни чекори, а не, како досега, со врзани очи да ги претрчуваат поглавјата и постојано и секој пат одново да се сопнуваат на пречките што самите себеси си ги поставуваат.

[email protected]