Колку вистина може да поднесе демократијата

Точно дека тоа повеќе е тема за теоретичарите, но и во пошироката јавност веќе не се ретки тие што се прашуваат како од восхитеното прифаќање на демократијата стигнавме до сѐ поприсутната скепса во однос на нејзините вистински можности. Иако во случајот на Македонија тоа не може да се потврди со, на пример (не)заинтересираноста за излегување на избори како во нормални земји поради сѐ уште големата мобилизациска моќ на главните политички партии и на националните блокови, неоспорен е фактот дека одамна е изгубена довербата во демократијата

Обесмислената дебата и противречните, па дури и конфликтни пораки што на директен или на индиректен начин ги испратија политичките центри во земјава, деновиве, по повод „одбележувањето“ на годишнината од, за многумина крвавите, а за малкумина поучните настани на 27 април, 2017 година, за жал, не за првпат, до коска го соголеа македонскиот модел на демократијата.
Не навлегувајќи сега во објаснувањата дали и кој кого провоцирал и кој и колку бил тепан, зашто и премногу веќе околу тоа е кажано и сѐ уште се раскажува, битно е, четири години потоа, да се констатира оти повеќето од инволвираните апсолутно ништо не научиле. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, судејќи барем по последната негова изјава, можеби е еден од ретките исклучоци. Станува збор за изјавата во која тој, меѓу другото, заклучи оти неговите тогашни истомисленици се трансформирале во она против што се бореле.
Мошне прецизен опис на хронично болниот политички амбиент во земјава при што многу е тешко да се каже дали токму тоа е последица или причина за актуелниот модел на демократијата. Точно дека тоа повеќе е тема за теоретичарите, но и во пошироката јавност веќе не се ретки тие што се прашуваат како од восхитеното прифаќање на демократијата стигнавме до сѐ поприсутната скепса во однос на нејзините вистински можности. Иако во случајот на Македонија тоа не може да се потврди со, на пример, (не)заинтересираноста за излегување на избори како во нормални земји поради сѐ уште големата мобилизациска моќ на главните политички партии и на националните блокови, неоспорен е фактот дека одамна е изгубена довербата во демократијата.

Што, всушност, се случило во меѓувреме? Прво и основно е тоа што во почетните фази од инаугурацијата на капитализмот и веќе познатите модели на приватизацијата е создадена една „класа“ бизнисмени, кои не само што немаа демократски капацитет туку немаа ниту основни менаџерски способности поради што, за да опстанат и да се развиваат, тие мораа да имаат и свои продолжени раце во политиката, таму каде што се креираат правилата на играта. Токму така беа создадени таканаречените политички елити во земјава. И така, во најголем дел, тие се одржуваат до денес. Јасно дека формално „демократски избори“ се одржуваат на секои четири години, па и почесто. Теоретски, секој на нив може да се кандидира, но во практика, без силна финансиска поддршка, ретко кој може и да се протне меѓу „победниците“. Така, впрочем, е и во Америка и во сите развиени земји, кои се гордеат со својата демократија.
И откога еднаш тие политички ликови ќе бидат избрани, до крајот на своите мандати можат да прават што сакаат. Граѓаните што „ги избрале“, на никаков начин не можат да влијаат на нивните одлуки или да им ги скратат мандатите.
Без оглед на нивниот слаб капацитет и немањето интегритет, а неретко и на нивната длабока инволвираност во криминал и корупција, ненародните избраници и по неколку мандати се одржуваат во живот. Не е тоа поради нивната памет, итрина и вештина, туку затоа што, токму такви какви што се, некому му се потребни.

Не навлегувајќи сега во објаснувањата дали и кој кого провоцирал и кој и колку бил тепан, зашто и премногу веќе околу тоа е кажано и сѐ уште се раскажува, битно е, четири години потоа, да се констатира оти повеќето од инволвираните апсолутно ништо не научиле. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, судејќи барем по последната негова изјава, можеби е еден од ретките исклучоци. Станува збор за изјавата во која тој, меѓу другото, заклучи оти неговите тогашни истомисленици се трансформирале во она против што се бореле

Голем број такви примероци, повеќе или помалку забележително, продефилираа низ парламентот. Но дали и колку, на пример, издржани и издржливи законски решенија, што неофицијално би можеле да се нарекуваат по нивните имиња, оставиле зад себе? Во некои земји не е ретка појавата да бидат усвојувани закони што подоцна, официјално или неофицијално, се нарекуваат по нивните предлагачи, автори. И тие обично поттикнуваат големи промени во системот и имаат мошне долг век на примена. Во Македонија, доколку експертската јавност и Уставниот суд доследно си ја вршеа работата, ретко кој од законите, донесени, изменети и дополнети во изминатите децении, ќе можеше да стапи во сила. Така е бидејќи законите не се носат како сеопфатни и долгорочни системски решенија туку, пред и над сѐ, заради задоволување на парцијалните интереси и потреби. Притоа, не само што нивната целисходност е проблематична туку неретко тие се донесуваат и во проблематична процедура што, сепак, би требало да биде суштината на демократијата.
Може ли таквата практика да се стави во некакви издржливи рамки ако веќе не може целосно да се искорени? Има ли лек за оваа политичка патологија? Има, тоа е промена на изборниот систем и на начинот на практикување на демократијата што, кога се има предвид претходно наведеното, во моментов, изгледа како утопија. Но не треба да се заборави дека утописки изгледаа и обидите за укинување на монархиите, за воспоставување на општото право на глас, за правото на глас на жените… Она што денес е утопија, веќе утре, па еве нека биде и задутре, може да стане реалност.

[email protected]