И обвинителите има кој да ги обвини

И како што во последниот извештај за состојбата со човековите права во 2020 година Стејт департментот во делот за Македонија нотира пречекорување на роковите за истраги, така речиси по правило и другите меѓународни институции и организации, секоја во својата сфера на интерес, нотираат пречекорувања на роковите, неефикасност во работењето, непридржувања до процедурите… од страна на истражните органи во земјава. И тоа со години. Исто како што секоја власт со години ветуваше оти ќе го реформира Обвинителството, дека финансиски и кадровски ќе го зајакне и ќе воспостави систем во кој органите на прогонот ќе функционираат координирано, а не како раштимуван оркестар, при што ефикасно се реализираат само бегствата на прекршителите на законот, кои во изминативе години попримаат загрижувачки размери, а во одредни случаи, и гротескни ефекти, поради што обвинителите, заедно со судиите и полицајците, стануваат предмет на потсмев во јавноста. Но работата не е ниту смешна ниту наивна…

Требаше ли од Стејт департментот да констатираат оти во Македонија се пречекоруваат роковите за истраги за државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги притисне своите луѓе поажурно да си ја вршат работата? Јовески, иако согласен дека извештајот е објективен, за повеќе од три години од својот мандат, не нашол причина и повод да провери со каква динамика и ефикасност се постапува во Обвинителството и, доколку тие не се на задоволителното ниво, заедно со обвинителите да ги побара, а доколку тоа е возможно, и да ги отклони причините за застој. Потребно ли беше последното јавно обраќање до подолните структури во хиерархијата или тоа можеше одамна да се реши во рамките на редовната, интерна комуникација?
Точно е дека актуелната епидемиолошка состојба во земјава, како и насекаде низ светот, ја забавува, а понекогаш и целосно ја блокира работата на Обвинителството, но тоа, сигурно, не е единствената причина за предолгото траење на одредени истражни постапки. Тука, како што и од самото Обвинителство посочија, се и незадоволителното ниво на соработка со другите институции, непрецизните законски одредби и ништо помалку проблематичното ниво на стручност, одговорност и професионалност на поединците во институцијата.

И како што во последниот извештај за состојбата со човековите права во 2020 година Стејт департментот во делот за Македонија нотира пречекорување на роковите за истраги, така речиси по правило и другите меѓународни институции и организации, секоја во својата сфера на интерес, нотираат пречекорувања на роковите, неефикасност во работењето, непридржувања до процедурите… од страна на истражните органи во земјава. И тоа со години. Исто како што секоја власт со години ветуваше оти ќе го реформира Обвинителството, дека финансиски и кадровски ќе го зајакне и ќе воспостави систем во кој органите на прогонот ќе функционираат координирано, а не како раштимуван оркестар, при што ефикасно се реализираат само бегствата на прекршителите на законот, кои во изминативе години попримаат загрижувачки размери, а во одредни случаи, и гротескни ефекти, поради што обвинителите, заедно со судиите и полицајците, стануваат предмет на потсмев во јавноста. Но работата не е ниту смешна ниту наивна, бидејќи „пропустите“ што редовно се случуваат во судовите, обвинителствата и во полицијата, на многумина им овозможија и понатаму им овозможуваат огромни профити од криминалните и коруптивните зделки, кои можеби никогаш нема да бидат санкционирани.

Како на властодршците и на вечните реформатори на Обвинителството да не им е јасно оти секоја модерна и демократска држава мора да обезбеди целосна независност на Обвинителството, но и да воспостави јасни критериуми на одговорност за сите негови членови за направените грешки и пропусти, а потоа и да најде баланс помеѓу независноста и одговорноста. Но за да се постигне тоа, не се доволни само декларативните заложби на претставниците на политичките елити и на тие што ги менаџираат реформите. Потребно е, дури и неопходно, волјата за воспоставување на таквиот баланс и да се демонстрира, а тоа значи политиката да се откаже од своето влијание не само врз Обвинителството туку и врз сите институции и органи што се дел од синџирот на кривичното гонење

Свој „прилог“ кон оваа состојба великодушно дава и Советот на јавни обвинители, кој иако одамна бил задолжен, досега, барем јавно, не ги посочи обвинителите што не постапувале според прописите и ги чувале предметите во фиоки поради пасивноста, недостигот од интегритет или по налог на политичките и бизнис-центри. Во јавноста, пак, работата на обвинителите секогаш како да беше потиснувана во сенката на судиите, а резултатите од нивното работење се третираа како колатерална штета на лошите процени на судиите. Така и реформите во Обвинителството останаа во сенка на реформирањето на судството, што на извршната власт ѝ овозможи и понатаму, во голема мера, да ја контролира и оваа институција, а со тоа и криминалот и корупцијата во највисоките кругови, да ги држи што подалеку од нејзиниот дофат, иако постојано се мантра за неговата независност.
Како на властодршците и на вечните реформатори на Обвинителството да не им е јасно оти секоја модерна и демократска држава мора да обезбеди целосна независност на Обвинителството, но и да воспостави јасни критериуми на одговорност за сите негови членови за направените грешки и пропусти, а потоа и да најде баланс помеѓу независноста и одговорноста. Но за да се постигне тоа не се доволни само декларативните заложби на претставниците на политичките елити и на тие што ги менаџираат реформите. Потребно е, дури и неопходно, волјата за воспоставување на таквиот баланс и да се демонстрира, а тоа значи политиката да се откаже од своето влијание не само врз Обвинителството туку и врз сите институции и органи што се дел од синџирот на кривичното гонење. Доколку не се случи тоа, сосема излишно е понатаму да се зборува за финансиските можности, кадровски потенцијали и за законските инструменти со кои располагаат во Обвинителството. Уште поизлишно е да се зборува за владеењето на правото и за правната држава.

[email protected]